Име на проектот

Мапирање на засегнати страни кои имплементираат програми за интеграција за Роми

Период

Октомври 2016

Локација

Албанија, Босна и Херцеговина, Република Македонија, Црна Гора, Србија и Косово

Опис (цели и активности)

Мапирање на ромски невладини организации, засегнати лица и лица за контакт, индивидуални експерти и медијатори кои ќе служат за идно работење на програмата ROMACTED.

Идентификување на приоритетите коишто произлегуваат од Националните Ромски Стратегии на Албанија, Босна и Херцеговина, Република Македонија, Црна Гора, Србија и Косово.

Идентификување на достапни политички алатки на локално и национално ниво.

Партнери

Совет на Европа (ROMACTED); Специјален застапник на Генералниот Секретаријат за ромски прашања

Вид на ангажман

Интелектуален ангажман, консултантски услуги

Донатор

Европска Комисија

 

 

 

 

Име на проектот

Јавно и политичко учество на жените Ромки

Период

Јули 2016

Локација

На национално ниво – Македонија

Опис (цели и активности)

Главни цели на проектот „ Јавно и политичко учество на жените Ромки“ се:

·         Подобрување на статусот на жените Ромки, преку нивна поголема вклученост во јавниот и политичкиот живот во државата, јакнење и поддршка на жените;

·         Создавање на поволна средина во политичките партии;

·         Зголемување на свеста кај општата популација, институциите и бизнис секторот за надминување на бариерите, со цел поголема инклузија на жените Ромки.

Целта на спроведеното истражување од страна на Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико е прикажување на состојбата на бројот и позициите на жените Ромки во политичките партии, државните и јавните институции.

Институт Ромалитико за спроведување на истражувањето ја изработи методологијата за прибирање на база на податоци и изврши систематизирање и обработка на податоците.

Партнери

Ромска Организација на Жени од Македонија – “ДAJA”

Вид на ангажман

Изработка на извештај; експертски ангажман

Донатор

Европска Унија преку Европски инструмент за човекови права – EIDHR, кофинансиран од страна на ИнСоК (Иницијатива за Социјални Промени).

 

 

 

 

Име на проектот

Зајакнување на ромските деца и семејства во остварување на нивните права

Период

Ноември 2016

Локација

Локално ниво : Прилеп, Битола, Штип, Куманово, Шуто Оризари и Ѓорче Петров

Опис (цели и активности)

Институтот за истражување и анализа на политики -  Ромалитико подготви основна анализа за пречките во пристапот до парични права за деца од социјална заштита помеѓу ромските заедници во општините Прилеп, Битола, Штип, Куманово, Шуто Оризари и Ѓорче Петров.

Институтот за спроведување на истражувањето изврши изработка на методологијата и алатките за спроведување на основната анализа.

Партнери

Проект имплементиран од страна на Ромската Организација за Мултикултурна Афирмација – Прилеп (РОМА С.О.С.)

Вид на ангажман

Консултантски услуги; изработка на истражување

Донатор

УНИЦЕФ Скопје

 

 

 

 

Име на проектот

Евалуација на моменталната состојба на жените Ромки

Период

Март – Мај 2017

Локација

Локално ниво: Тетово, Куманово, Штип и Прилеп

Опис (цели и активности)

Изработка на истражување за евалуација на моменталната состојба на жените Ромски, во однос на невработеноста, инклузијата на пазарот на труд и користењето на активните мерки за вработување од Владата на РМ. Истражувањето опфати четири градови: Тетово, Куманово, Штип и Прилеп.

Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитко ја изработи методологијата за спроведување на истражувањето и го спроведе истражувањето согласно подготвената методологија.

Партнери

Истражувањето е дел од проект спроведуван од страна на Ромската Асоцијација  на Жени и Млади – “Лулуди”

Вид на ангажман

Подготовка на истражување, консултантски ангажман / услуги

Донатор

IPA Civil Facility and Media Programme 2014, European Union

 

 

 

 

Име на проектот

Истражување и проценка на главните политики за Роми на национално и локално ниво

Период

Март 2017

Локација

На национално ниво – Македонија

Опис (цели и активности)

Анализата произлегува од потребата за зајакнување на  влијанието на ромските организации во процесот на креирањето на јавните политики поврзани со социјалната инклузија, малцинските права и борба против дискриминацијата на ромската заедница во Македонија. За таа цел Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико изработи анализа насловена - Истражување и проценка на главните политики за Роми на национално и локално ниво.

Партнери

Проектот е имплементиран од страна на Roma CSO Network – Roma Community’s Response застапуван од Хуманитарното и Добротворното Здружение на Ромите Месечина – Гостивар

Вид на ангажман

Изработка на анализа

Донатор

IPA Civil Facility and Media Programme 2014, European Union

 

 

 

 

Име на проектот

Роми за слободни и фер избори

Период

Ноември 2016 – Март 2017

Локација

На национално ниво – Македонија

Опис (цели и активности)

Во рамките на овој проект Институтот Ромалитико беше ангажиран за спроведување на следните активности:

·         Истражување за првичните наоди од изборите;

·         Анализа на одговорностите на политичките партии за нивните предизборни ветувања;

·         Превод на финалната анализа за одговорностите на политичките партии проследена со препораки за подобрување на ситуацијата на Ромите за потребите на проектот.

Партнери

Проектот е имплементиран од страна Асоцијацијата – Иницијатива за Социјална Промена ИнСоК - Скопје

Вид на ангажман

Подготовка на истражување, експертски ангажман

Донатор

“Мрежа на Ромски граѓански организации одговор на Ромската заедница” - IPA Civil Facility and Media Programme 2014, European Union;

 

 

 

 

Име на проектот

Зголемување на учеството на жените Ромки на пазарот на труд

Период

Март 2017

Локација

Национално ниво - Македонија

Опис (цели и активности)

Подготовка на Прирачник за обезбедување на помош при вработување, правна и здравствена помош.

Партнери

Проектот е имплементиран од страна на Македонска развојна фондација за претпријатија (МРФП)

Вид на ангажман

Експертски ангажман

Донатор

Европска Унија (ЕУ)

 

 

 

 

Име на проектот

Заедничка иницијатива за зајакнување на Ромското Граѓанско општество на западен Балкан и Турција

Период

Ноември 2017

Локација

На национално ниво – Македонија

Опис (цели и активности)

Целта на проектот е воспоставување на конструктивен и системски дијалог помеѓу локалните и националните институции и ромското граѓанско општество со цел подобрување на политиките за Роми и нивната интеграција, социјална инклузија, не-дискриминација, меѓу-етнички дијалог, социо-економски развој и граѓански права.

Општата цел на проектот е подигање на капацитет на (про) Ромските организации кои работат на подобрување на статусот на Ромите во РМ.

Специфичната цел е зајакнување на позициите на локално и национално ниво на Ромските Граѓански организации, како и подобрување на нивното влијание врз политиките коишто ги таргетираат Ромите како целна група.

Во рамките на овој проект Институтот за истражување и анализа на политики изработи Анализа на владините политики за Ромската инклузија.

Партнери

Проектот е имплементиран од страна на Рома Актив Албанија и партнер организацијата Регионална Ромска Образовна Младинска Асоцијација

Вид на ангажман

Ангажман во рамки на добиен мал грант за изработка на анализа

Донатор

Европска Унија (ЕУ)

 

 

 

 

Име на проектот

Јавно и политичко учество на жените Ромки

Период

Ноември 2017

Локација

На национално ниво - Македонија

Опис (цели и активности)

Евалуација на проектот - подготовка на Извештај за влијание (Impact Report) во врска со завршните проектни активности од проектот.

Презентирање на извештајот на завршна конференција.

Партнери

Проектот е спроведен од страна на Ромска организација на жени од Македонија - Даја

Вид на ангажман

Изработка на извештај, експертски ангажман

Донатор

Европска Унија преку Европски инструмент за демократија и човекови права кофинансиран од страна на ИнСоК (Иницијатива за социјални промени)

 

 

 

 

Име на проектот

Одржливи модели за вработување на Ромите

Период

Декември 2017

Локација

Локално ниво: Прилеп и Куманово

Опис (цели и активности)

Општата цел на проектот е подобрување на вештините за вработување во градежниот сектор, секторот за домување и енергетска ефикасност. Главната цел е зголемување на потенцијалот за вработување на ромската популација преку зголемување на индивидуалните способности и олеснување на пристапот до пазарот на трудот.

Институтот за истражување и анализа на политики беше ангажиран во рамките на овој проект за изработката на студијата базирана на квалитативни методи на анализа согласност однапред договорен критериум насловена “Одржливи модели за вработување на Ромите”. Студијата ги претставува перцепциите на финалните корисници на проектот и истата е подготвена вклучувајќи родова перспектива.

Партнери

Проектот е спроведуван од страна на Здружението за хумано домување - Хабитат Македонија

Вид на ангажман

Изработка на студија

Донатор

Европска Унија во рамките на ИПА програмата за финансирање

 

 

 

 

Име на проектот

Граѓанско општество за Интеграција на Ромите – Во сенка

Период

2017 – во тек

Локација

Национално ниво – Македонија

Опис (цели и активности)

Главната цел на проектот е мониторирање во сенка на прогресот на имплементација на Стратегија за Роми и нејзините акциони планови. Проектот вклучува истражување и застапување со цел промена на политики за подобра ефикасност во имплементацијата на Стратегијата.

Учество во процесот на планирање и развој на оперативен план за делување со следните активности: планирање, следење, спроведување, координирање и извршување задачи во врска со потребите на проектот.

Учествува во процесот на планирање, мониторинг и евалуација на целокупниот проект.

Партнери

Центар за Економски Анализи- ЦЕА

Вид на ангажман

Проект – репортирање, истражување и застапување

Донатор

Канцеларија за Ромски Иницијативи, Фондација Отворено Општество Будимпешта

 

 

 

 

Име на проектот

Институционална поддршка

Период

2017 – во тек

Локација

Скопје

Опис (цели и активности)

Грантот е доделен со цел за институционален развој на институтот

Партнери

/

Вид на ангажман

Грант

Донатор

Канцеларија за Ромски Иницијативи, Фондација Отворено Општество Будимпешта

0
0
0
s2sdefault

Facebook

Twitter