Во ова истражување се прикажани резултатите од испитувањето на јавното мислење, кое го спроведе Ромалитико за претстојниот референдум предвиден за 30.09.2018 година. Истражувањето го испита јавното мислење, преку интернет анкета составена од 15 прашања, првиот дел од анкетата се состоеше од 5 прашања кои беа поврзани со демографски информации, каде што првото прашање беше контролно прашање за идентификација дали испитаниците припаѓаат на Ромската заедница. Вториот дел се состоеше од 3 прашања поврзани со генералната политичка ситуација во државата. Третиот дел составен од 7 прашања, беше наменет за прашања поврзани со преспанскиот договор, интеграцијата на Македонија во Европска Унија и НАТО алијансата. Испитувањето на јавното мислење е спроведено преку online анкета користејќи ги услугите на Survey Monkey во периодот од 29 август до 20 септември 2018 година.

Интернет (онлајн) анкетирањето претставува еден од најновите и најмодерните истражувачки алатки за испитување на јавното мислење. Анкетите го испитуваат мнението на различни теми во зависност на темата и интересот на истражувањата. Најчесто овие анкети се користат за истражување на мислењето поврзано со теми како што се здравство, економија и политика со цел да генерира различна дескриптивна или инференцијална статистика.

 

Геноцидот врз Ромите или Холокаустот на Ромите, исто така познат како Porrajmos односно Samudaripen бил планиран обид на владата на нацистичка Германија и нивните сојузници за целосно истребување на Ромите од Европа за време на Втората Светска Војна. Историчарите проценуваат дека нацистите и нивните соработници убиле од 220.000 до 500.000 Роми односно повеќе од 25% од Ромите кои во тоа време живееле во Европа.

“Во мај 1944 година, нацистите почнаа да го планираат таканареченото "Финалното решение" за "Циганскиот семеен камп" во Аушвиц. Првичниот датум за ликвидација на "Циганскиот камп" бил планиран за 16 мај. На затворениците од кампот им било наредено да останат во касарната при што биле опкружени со 60 војници од нацистичката војска (СС). Кога СС војниците се обиделе да ги присилат затворениците од касарната тие се соочиле со бунт од страна ромските мажи, жени и деца кои биле вооружени со ништо повеќе од стапови, алати и камења при што на крајот војниците на СС морале да се повлечат. Отпорот на ромските затвореници им дал само неколку дополнителни месеци.

Војниците не го очекувале отпорот ниту очекувале дека отпорот би се проширил, па затоа нацистите го забрзале процесот на истребување на Ромите. Преку "Финалната солуција" како решение за „циганското прашање“ а по наредба на Хајнрих Химлер, била предвидена масовна егзекуција на Ромите во камповите. Покрај отпорот на Ромите поради ваквата одлука на нацистичкиот режим, 2.897 мажи, жени и деца беа натоварени во камиони, однесени во гасната комора број 5 и истребени[1]. Нивните тела биле изгорени во јами до крематориумот. По ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц-Биркенау во 1945 година, само 4 Роми останале живи.

Реториката денес низ Европа не е многу поразлична од пред Втората Светска Војна. За тоа говорат и многуте случаеви на анти-циганизам низ европски држави. Случајот на Митко Јонков[2] од Бугарија, поради неговата изјава дека како Ром е еднаков граѓанин, како и убиството[3] на Давид Поп во Украина од екстремно десничарски националистички членови на банди. Најзагрижувачкa е изјавата на италијанскиот министерот за внатрешни работи, Матео Салвини кој најави дека ќе направи "регистар" на Роми односно специјален попис[4]. Ваквите случаеви се загрижувачки бидејќи европските институции, како и обичните граѓани не реагираат односно не ги осудуваат ваквите настани и не преземаат ништо за нивно расчистување.

Овој проект е финансиран од страна на ЕИДХР (Европски Инструмент за Демократија и Човекови Права)  Унија, во рамките на програмата поддршка на цивилниот сектор преку грантови шеми. Вооедно, проектот е ко-финансиран од ИНСОК – Иницијатива за Социјални Промени, Скопје.

Главни цели на проектот „ Јавно и политичко учество на жените Ромки“ се:

  • Подобрување на статусот на жените Ромки, преку нивна поголема вклученост во јавниот и политичкиот живот во државата, јакнење и поддршка на жените
  • Создавање на поволна средина во политичките партии
  • Зголемување на свеста кај општата популација, институциите и бизнис секторот за надминување на бариерите, со цел поголема инклузија на жените Ромки

Проектот е имплементиран од страна на Здружение „Ромска организација на жени од Македонија - РОЖМ ДАЈА“ – Куманово, како носител на проектот и НВО Кхам од Делчево

Ова истражување е спроведено од страна на Институтот за Истражување и Анализи на Политики - Ромалитико.

Во ова истражување се прикажани резултатите од испитувањето на јавното мислење, кое го спроведе Ромалитико за предвремените парламентарни избори 2016. Истражувањето го испита јавното мислење, преку интернет анкета со прашања поврзани за парламентарните избори и довербата во ромските политички партии за овој циклус на избори. Испитувањето на јавното мислење е направено преку online анкета користејќи ги услугите на SurveyMonkey во периодот од 23 ноември до 04 декември 2016 на примерок од 325 испитаници.

Интернет (онлајн) анкетирањето претставува еден од најновите и најмодерните истражувачки алатки за јавното мнение. Анкетите го испитуваат мнението на различни теми во зависност на темата и интересот на истражувањата. Најчесто овие анкети го истражуваат мнението за здравство, економија и политика за да генерира различна дескриптивна и каузална статистика.

Ромалитико за прв пат спроведе онлајн анкета во 2014 година за да го испита јавното мислење на Ромите во Република Македонија за ромските политички партии и нивното досегашно дејствување. Традиционално, Ромалитико продолжува и овој циклус на избори да ги следи трендовите во изборите вклучувајќи го и јавното мислење на Ромите за политичките збиднувања како што се изборите. Примарна цел на оваа анкета е да го увиди мислењето на ромската средна класа, бидејќи токму оваа група е двигател на промените во општеството и помалу подложна на изборни манипулации. Првичната претпоставка, која се базира на веќе претходни истражувања (Ncube, 2011); (Dunlap, 2008), беше дека токму онаа популација што има пристап до интернет всушност ја претставува т.н ромска средна класа. Ромалитико со ова истражување внесе нова димензија во политичката состојба на ромскиот електорат кои се од заедничка важност за јавноста и ромските политички партии и други засегнати страни. Анализирањето на ова истражување исто така има за цел да произведи дебата за резултатите.

Ова истражување е изработено од страна на тимот на Ромалитико за потребите на проектот „Барвалипе“- финансиски поддржан од Ромската канцеларија при Фондацијата Отворено Општество во Будимпешта, кој во Македонија го спроведува невладинатата организација Ромски Младински Центар од Куманово. Во рамките на ова истражување опфатени се пет општини во Република Македонија, каде што проектот се спроведуваше и тоа: Шуто Оризари, Тетово, Гостивар, Штип и Кочани.

Главна цел на ова истражување беше да се испита вклученоста на Ромската заедница во донесувањето на одлуки на локално ниво. За потребите на истражувањето се изработи прашалник, кој го спроведоа анкетари ангажирани од Ромскиот младински центар учесници на летната школа Барвалипе. 

Забелешка: Ова истражување ги искажува ставовите на авторите на Ромалитико кои го сублимираа мислењето на Ромската заедница, и не ги одразува мислењата на останатите засегнати страни. При користењето на ова истражување, другите автори се должни да го наведат изворот. 

Во литература сеуштe е присутна дебатата дали тоа што им се случи на Ромите во текот на Втората Светска Војна е дел од Холокаустот или е само уште еден немил настан, сличен на многу минати и сегашни настани. Секако, “заборавениот“ Холокауст на Ромите (познат како Samudaripen) е дел од историјата на Ромите кој не смее да се заборави.

Заборавениот Холокауст, претставува екстерминација на околу 220.000 Роми за време на геноцидот на нацистите. Тешко е да се прикаже вистинскиот број на жртви од ваквото долго – одрекувано поглавје од Холокаустот, но предвидувањата се некаде околу 250.000 до 500.000 Роми. Судбината на Ромите била слична со онаа на Евреите. Германските нацисти лесно го убедија останатиот свет “докажувајќи“ дека Ромската нација е рационално инфериорна од останатите со помош на постоечките социјални предрасуди кон Ромите. Во таквиот контекст многу Роми од околината на Полска, Русија, Германија и други држави се депортирани во концентрациониот логор во Аушвиц – Биркенау. Како резултат на ваквата политика, во Аушвиц директно се воспоставува Ромски концентрационен камп. Разликата со еврејските кампови е во тоа што Ромските семејства не биле поделени, цели семејства со нивните деца “преживуваа заедно“ во тие кампови. Во дискусија еден од директно одговорните лица за Ромскиот камп монструозниот доктор Јозеф Менгеле кој извршувал секакви ескперименти врз ромското население, особено врз ромските деца.  Сведочењата на многу деца е дека тој се однесувал како татко со нив, бил дарежлив, им делел чоколади и така ги примамувал во неговата канцаларија каде што вршел секакви експерименти, тестирајќи ја нивната издржливост со тивка смрт. Многу Роми во овој период, покрај ваквите прогони изумираат и од глад и истоштеност, болести (тифус) итн.

Во ова истражување се прикажани резултатите од испитувањето на јавното мислење, кое го спроведе Ромалитико. Истражувањето се состоеше од испитување на јавното мислење, преку интернет анкета со прашања поврзани за парламентарните избори и довербата во ромските политички партии. Испитувањето на јавното мислење е направено преку online анкета во периодот 14 ноември – 18 април 2014 г. на примерок од 350 испитаници.

Интернет (онлајн)  анкетирањето претставува еден од најновите и најмодерните истражувачки алатки за јавното мнение. Анкетите го испитуваат мнението на различни теми во зависност на темата и интересот на истражувањата. Најчесто овие анкети го истражуваат мнението за здравство, економија и политика за да генерира различна дескриптивна и  каузална статистика.

Ромалитико за прв пат спроведе онлајн анкета за да го испита јавното мислење на Ромите во Република Македонија за ромските политички партии и нивното досегашно дејствување. Примарна цел на оваа анкета е да го увиди мислењето на ромската средна класа, бидејќи токму оваа група е двигател на промените во општеството  и помалу подложна на изборни манипулации. Првичната претпоставка, која се базира на веќе претходни истражувања  (Ncube, 2011); (Dunlap, 2008), беше дека токму онаа популација што има пристап до интерент всушност ја претставува т.н ромска средна класа. Ромалитико со ова истражување внесе нова димензија во политичката состојба на ромскиот електорат кои се од заедничка важност за јавноста и ромските политички партии. Анализирањето на овие резултати исто така има за цел да произведи дебата и фокус на партиите и нивното очекување во следните парламентарни избори

Facebook

Twitter