Во Р.Македонија живеат 53 879 припадници на ромската етничка заедница, односно 2,66 % од вкупната популација, според Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија од 2002 година[1]. Покрај официјалните податоци од Државниот завод за статистика на Република Македонија, од страна на граѓанскиот сектор се посочува постоење на поголем број на ромско население, односно дека во Република Македонија живеат околу 80 000 – 135 000 Роми[2].

Целта на овој текст е да се прикажат националните политики и закони, да се анализира имплементацијата на националните политики и да се предложат национални и локални политики кои се поврзани со здравствената состојба на Ромите и потикнуваат промени во здравствената состојба на Ромите во Република Македонија. Во првиот дел од овој текст се прикажуваат одредени документи и закони кои содржат политики и законски одредби кои се поврзани со здравствената состојба на Ромите во Република Македонија.Во вториот дел од овој текст се анализираат документи, истражувања и извештаии кои ја изразуваат имплементацијата на политиките наменети за здравствената состојба на Ромите во Република Македонија.Последниот дел, третиот дел од овој текст содржи предлози за креирање на национални и локални политики за подобрување на здравствената состојба на Ромите во Република Македонија.

Share

Facebook

Twitter