Визната либерализација донесе поволности но и многу критики за граѓаните на Република Македонија. Од една страна, поволности затоа што за прв пат граѓаните на РМ можат “слободно“ да патуваат во западноевропските земји, од друга страна критики – бидејќи се зголеми бројот на баратели на азил. Речиси три години после визнaта либерализација, Македонија се соочува со “закани“ за враќање на визниот режим и остри критики за “контролирање“ на одредена група граѓани. Македонската и европската јавност по однос на ова прашања единствената вина ја лоцираат кај Ромите без притоа да ги согледаат фактите за причините за азил како и бенефитите на долг рок кои може да произлезат.

Во таа насока, оваа анализа има за цел да ги согледа причините за азил од економска перспектива, како и да ги анализира трошоците и придобивките на еврoпските држави кои се приматели на најголем број на азиланти. Исто така оваа анализа го толкува т.н азилантско прашање од друг аспект кој е надвор од постоечката “рамка“ и дава аргументи зошто развиените земји треба да вложат во развојните политики во земјите – кандидати за ЕУ со цел да не се повтори сценариото на Бугарија и Романија каде што масовен број на граѓани почнаа да мигрираат.

Животинскиот инстикт на актерите на финансиските пазари во потрага за што поголеми профити се смета за еден од факторите за денешната економска криза. Развојот на кризата во Европа доведе до промена на однесувањето на сите вклучени страни – владите почнаа да интервенираат во банкарскиот систем, глобалната потрошувачка се намали, додека приватниот сектор почна да отпушта работници. Научените лекции од економските кризи во текот на историјата не подучува на фактотот дека во време на криза расте сиромаштијата, невработеноста и нетрпеливоста помеѓу луѓето.

Во овој контекст, пазарот на трудот најчесто е на мета на приватниот сектор со интервенции од типот на намалување на плати и отпуштања од работни места таргетирано кон определена етничка, родова, возрастна или религиозна група. Ваквите трендови неминовно ја зафаќаат цела Европа, но и Македонија каде што неодамнешниот случај во трговскиот центар City Mall со отпуштања на Роми предизвика низа бурни реакции. Секако јавниот сектор не отстапува од оваа рамка, особено ако се имаат предвид рамковните вработувања и процентот на опфатеност на заедниците и нивоата каде што тие се вработени. Иако дискриминацијата постои, сепак во многу случаи тешко e да се утврди, а со тоа и докаже во случаите каде што постои.

Врската меѓу парите и политиката е неизбежна, широко распространета и веројатно неуништлива. Во тој однос ваквата врска е разбирлива со оглед на фактот дека политичките партии имаат потреба од пари за учество во политичкиот натпревар и одржување кохезија меѓу членството на партијата. Сепак, позицијата на одржувањето на моќта во општеството која е дадена на политичките партии, исто така, бара одреден степен на одговорност и отчетност кон своите избирачи (Carey & Reynolds, 2007). Поради тоа, начинот на кој политичките партии се финансирани влијаат на односите на политичките партии и нивните членови, гласачите и општата јавност кои се важни  за квалитетот на демократијата во едно општество (Burnell, 1998). Во тој контекст, партиските финансии придонесуваат за да се одржи и зајакне политичката дебата, како и да влијае врз внатрешната демократија на политичките партии.

Во поглед на Македонија, политичките партии го следат познатиoт модел меѓу парите и политиката - пристапот до политички партии го олеснува пристапот до пари, и пристап до пари купува политичко влијание. Во оваа рамка, владеачките партии партии ги користат државните ресурси и фондовите за да ги "наградат нивните сојузници" и "казнат" оние кои се критички настроени кон нив. Политичката битка во Македонија се води меѓу двете најголеми македонски и албански партии, додека другите мали партии (вклучувајќи ги и Ромските се "минорни играчи", кои вообичаено се приклучуваат во рамките на коалициската влада. Оддтука произлегува дека малите политички партии се само илустративни марионети на поголемите партии, иако тие можат да влијаат за време на изборите (особено на локалните и претседателските избори). Иако малите политички партии манифестираат монополска моќ во партијата (моќ е концентриана во рацете на лидер), тие не знаат да ја  практикуваат нивната моќ во рамките на коалициската влада.

Имајќи ја во предвид улогата и одговорноста на ромските партии во досегашните владини коалиции, оваа анализа укажува на намерните и ненамерните пропусти во досегашното манифестирање на политичка култура која засега произведува дисбаланс меѓу практикувањето на политичката моќ со дадените финансиски можности. Поинаку кажано, во пракса ова значи дека ромските политички партии го црпат легитимитетот од ромскиот електорат додека улогата и одговорноста им е делегирана од страна на коалиционите партии во власта. Така испаѓа дека „поголемата одговорност„ на ромските политички партии и слабата финансиска моќ резултираат во намален кредибилитет кај ромската заедница. Во случај на ромските политички партии, ветувањата се делегирани од страна на главните коалициски партнери и им служи на нивните интереси. Ова укажува дека ромските политички партии имаат пост - изборнии договори за размена на финансиската "колач" по изборите. Меѓутоа, обично позицијата на политичките партии се определува од логиката на трошоци и придобивки, при што ги калкулираат иднините бенефиции (моќ, власт, позиции во јавната администрација, јавните политики) со нивните трошоци (администрација, политичките кампањи и сл.)

Оваа анализа има за цел да укаже на какон начинот на финансирање на политичките партиите влије врз кврз внатрешната демократизација на  ромсктеи политичките партии и придонесува за подобра практика на нивната моќ во коалициската влада. Покрај тоа, оваа анализа обезбедува  аналитичка рамка преку која може да се анализират партиските финансии  и предлага стратегии за финансирање на раомските политичките партии.

Живееме во време на глобализација која во последните неколку години навлезе во длабока финансиска криза. Во светот секој петти човек, а во Македонија секој трет граѓанин е сиромашен. Гледано од историски аспект, сиромаштијата е феномен кој одсекогаш постоел во општествата поради аномалиите во системот на организирање на државата. За разлика од минатото денес сиромаштијата е неприфатлива и претставува постојан предизвик за нејзино отстранување и искоренување. Сиромаштијата по својата природа е оспоруван концепт. Сепак научниците, креаторите на политики, дури и политичарите се согласуваат околу една работа – дека сиромаштијата е проблем. Каква и да е дефиницијата или описот на сиромаштијата главната или основната порака е дека сиромаштијата не е само состојба туку е и неприфатлива состојба.

После Втората Светска војна владите превзедоа поголема одговорност и решителност за елиминирање на сиромаштијата така што поставија заедничка платформа за обнова на Европа преку Маршаловиот план а од неодамна се поставени Милениумските Развојни Цели 2000-2015.

Во светот над 80% од луѓето живеат со помалку од 10 долари на ден, 25 илјади деца умираат секојдневно поради сиромаштија, 12,3 милиони луѓе се жртви на присилна работа, 186 милиони се невработени. Македонија е исто така опфатена со овие трендови, па така, според податоците на ОН (Обединети Нации), кај нас 50% од населението живее во некаков вид сиромаштија, а покрај оваа поразителна бројка, се смета дека одредени социјални групи се особено изложени на сиромаштија во споредба со останатите. [1]

Во претходните анализи на Ромалитико визната либерализација е разгледана од меѓународен политички и економски аспект. Во неколку наврати е напоменато дека слободното движење на луѓе и капитал во време на финансиска криза е пропратено со зголемен прилив на баратели на азил во економски побогатите членки на Европска Унија.Очигледно е дека ваквиот тренд резултира во ревидирање на правилата за патување и можно поставување на нови мерки околу визниот режим. Сепак, мора да потсетиме дека миграциите и барањето на азил не се нов и непознат феномен за Македонија и за останатите држави во регионот. Миграциите (и во поново време барањето азил) се познати како една од можностите за излез од немаштијата и бедата, односно наоѓање на подобри животни услови и прилагодување кон истите (економски, социјално и политички).Бидејќи потрагата за излез од немаштија и беда луѓето ги  присилува да мигрираат, слично како постапките кои ги прават од Блискиот исток, Африка и Азија.

Миграциите постојат од кога и човекот постои, бидејќи во историјата на човештвото познато е дека луѓето патувале ден и ноќ во долги временски периоди трагајќи по подобри и побезбедни животни услови. Сепак мигрирањето од Македонија се бележи уште од почетокот на 20-от век поради разни причини. На пример: за време на Отоманската империја миграциите беа поттикнати од  политичките немири и потрага по богаство во Новиот Свет. Исто така по Втората Светска Војна, потрагата за вработување, политички опозициската положба со Југословенскиот комунизам и катастрофалниот земјотрес во 1963 предизвикаа иселување на населението во неколку наврати.[1]

Share

Facebook

Twitter