Една од многуте антрополошко политичките теми е изучувањето на историјата на нациите, нивната посебност во културата и идентитетот. Европските народи низ историјата опстојувале и надминувале предизвици зачувувајќи го својот суверенитет и територија. Функционирањето на субјективниот политички свет зависи од интересите на државите и моќта за доминација во меѓународната сцена. Ромите како нација се населуваат во европскиот континент во XII век[1] без можност и тенденција за територијално унифицирање, со своја различна култура и идентитет од европската. Додека “белиот” континент континуирано низ историјата се развива, групите на народи се унифицираат во нации заштитувајќи се низ своите национални држави и културолошки се унапредуваат за заедништво и обединување, ромите како и сите други народи коишто се населиле како “другите” во веќе конструираните национални држави морале да се приспособат на условите поставени од страна на мнозинството.

Овoј текст има за цел да ги анализира и деконструира концептите на формирање на нација, културен развиток и идентитет со осврт на ромите во процесот на создавање на повеќедржавна нација со унифицирана култура и идентитет. Исто така ги претставува и аргументира фактите и литературата кои ја креираат нормативноста на широко прифатените разбирања за горенаведените концепти.

Во потрагата по соодветна дефиниција за политиката, може да наидеме до различни дефиниции од различни периоди низ историјата. до XIX-от век филозофите политиката ја дефинирале како вештина за владеење која била поврзана со војување, освојување и супериорност на народите.[1] Од XX-от век започнува модерното дефинирање на политиката и се насочува кон институционално владеење и одржување на ред и мир во државата.[2] Различниот вид на политички режими и идеологии влијаел врз сфаќањето и дефинирањето на политиката и политичките процеси. Низ историјата на општествениот развој, се појавува поделба на идеалите и начинот на политичко убедување. Организираните групи на истомисленици за политичките процеси, начинот на владеење и разбирањето на општеството се институционализираат преку политички партии.

Според Schreyer и Schwarzmeier политичките партии се развиваат во зависност од структурата на членството во изборните единици, социјалната структура, организациската структура, целите на партијата, идеологиите, пристапот кон политичкиот систем и пристапот кон владеењето.[3] Ваквата поделба во демократскиот систем на владеење како најефективен начин на владеење, ги унапредува сите профили на партии за да се натпреваруваат за довербата на граѓаните. Политичките партии користат различни методи за да ја добијат довербата на гласачите и да ги застапуваат нивните интереси.

Со воведувањето на плурализмот во Република Македонија ромската заедница стекна право да учествува и придонесува вo градењето на демократијата и политичко-правниот систем на државата. Практикувањето на демократската култура кај ромската заедница не се разликува од севкупниот демократски и политички амбиент во државата. Секоја демократска земја минува низ процес на имплементација на предуслови како што се: владеење на правото, високо ниво на граѓански и политички слободи, слободата на изразување, слободата на печатот како и слободата за формирање и учество во организации[1]. После 20 години на практикување на плурализам во државата, развојот на политичката култура во ромската заедница може да ја делиме на два периоди – пред и пост Охридскиот Рамковен договор. Според досегашните резултати и однесувањето на ромските политички партии евидентно е дека партиите не успеаа оптимално да ги искористат дадените можности произлезени од начелата на Охридскиот Рамковен договор.

Со измените на Уставот на Република Македонија од 2001 година преточените начела на Рамковниот договор се своевиден баланс при (ре)дефинирањето на конститутивните елементи на државата, кои освен поголемите заедници ја вклучува и ромската заедница. Ваквиот акт претставува афирмативна можност за ромската политичка елита, но од друга страна е исто така уставна заложба да се задржи мулти-етничкиот карактер на државата.

Според дефиницијата за граѓанско движење секој обид на луѓето да се организираат преку идеологија и да постигнат одредени цели се смета за граѓанско движење. Ова значи дека  секој обид на формално или неформално организирање на Ромите преку одредена идеа и постигнување на одредени интереси се смета  движење.  Важно е да се спомене дека секое социјално движење има свој животен циклус: тоа се создава, постигнува успех или неуспех и на крајот, преминува во нешто трето или  престанува да постои[1]. Се претпоставува дека посериозните обиди за создавање на ромско движење започна на почетокот на 90-тите години со само-организрање на ромските активисти преку формирање на невладини организации. Иако во прво време големиот број на активисти личеше на своевидна елита овој процес донекаде остана недефиниран и дискутабилен пред и се бидејќи овој процес сеуште трае. Обидите за создавање на Ромска Унија и првичните идеи на само-дефинирање се сеуште актуелни и како такви се земени во предвид во оваа анализа.

Почетоците на ромското движење гледано низ историска перспектива може да се сметаат од 1971 година со одржувањето на Првиот Ромски Конгрес и создавањето на Ромската Унија. Подигнувањето на т.н. “ромско движење” предизвика значителна промена во однесувањето кон Ромите во општеството. Може слободно да се каже дека пред тоа справувањето со политичката и социјалната реалност и судбина на Ромите беше дефиниранa од “надвор” од страна на разни системи на моќ и мнозинското население. 

Европа во 21 век се соочува со еден сериозен проблем наречен “баратели на азил”. Bизната либерализација овозможи поволности граѓаните на Република Македонија, но не и на Ромската заедница која живее во РМ. Во оваа контент анализа ќе може да прочитате повеќе како европските политики влијаат врз државите од третиот свет во која спаѓа и Република Македонија. Исто така, ке имате можност да согледате кои се главните предизвици со кои се соочуваат државите од третиот свет, но и Европската Унија и останатите институции  кои се во склоп на ЕУ.

Со Единствениот европски акт од 1986 година е направена важна пресвртница. Со Актот е предвидено (чл.8а, подоцна член 14 од Договорот од Амстердам)[1] создавање на единствен внатрешен пазар заснован врз четирите слободи, односно движење на:

  • добра;
  • капитал;
  • услуги и
  • лица

Share

Facebook

Twitter