Почитувани,

Би сакале да Ве известиме дека тимот на Ромалитико во месец Јули поднесе иницијатива до Уставниот суд на Република Македонија за оценување на уставноста и законитоста на Правилникот кој се однесува на брз трансфер на пари на лицата приматели на социјална парична помош. Врз основа на ваквиот Правилник центрите за социјална работа на голем број Роми им го укина правото на социјална парична помош и ги задолжи ретроактивно[1] да ги враќа финансиските средства примени во текот на 2014-та година.

Уставниот Суд не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста, затоа што во Правилникот не е содржана одредба за ретроактивно примена т.е. не се бара од центрите за социјална работа ретроактивно да бараат средства за 2014-та година, што во овој случај центрите тоа незаконските го сториле со погрешно применување на Правилникот. Понатаму, Уставниот суд не упатува за секое поединечно решение да се упатиме пред Управниот суд. Пред Управниот Суд треба да се бара поништување на решенијата добиени од страна на социјалните центри поради погрешна примена на материјалното право, притоа согласно начелото на одговорност, органите кои решаваат во управни спорови треба  да се бара да ја надоместатат нанесената штета со незаконитото дејствие. Лицата на кои им е скратено правото повеќе не може да го користат правото на социјална помош, дел испратиле жалби до второстепена комисија (која е владина), тие ја потврдиле одлуката во сите случаеви. На таквото решение граѓаните имаат право на тужба пред Управен суд во рок од 30 дена, меѓутоа ретки се случаите на оние кои поднеле тужба пред Управен суд.

Слободата на движење е една од основните слободи и права на човекот и граѓанинот и е загарантирана согласно Уставот на Република Македонија. Во изминатиот период сведоци сме на се позачестените случаи за враќање од граница на лица од ромска националност. Најчесто Ромите се враќаат од границите меѓу Македонија и Србија и тоа без никакво образложение. Свесни сме дека во последно време нашата држава е под постојан притисок од страна на Европската заедница поради големиот бран на лица кои ја напуштаат Македонија и бараат азил во Европските земји, но дали сите Роми кои ја напуштаат државата одат да бараат азил? Дали се издржливи мерките коишто се превземаат од страна на Македонија и Европската Унија кон Ромите ќе може да заклучиме од оваа анализа.

На 30 ноември 2009 година, за време на Шведското претседателство со ЕУ, Министерскиот совет за правда и внатрешни работи донесе Одлука за либерализација на визниот режим на Европската унија за граѓаните на Република Македонија, преку измена на Регулативата 539/2001. Од 19 декември 2009 година, безвизните патувања ширум Европа станаа реалност за граѓаните на Република Македонија[1].

Дискриминацијата e феномен присутен во многу држави, меѓу кои и во Република Македонија.Во 2010 година беше усвоен Законот за спречување и заштита од дискриминација, кој почна да се применува од 1.1.2011 година. По донесувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација се формираше и Комисија за заштита и спречување од дискриминација која е надлежна да го спроведува Законот. Оваа комисија ја има клучната улога во спречување и заштита од дискриминација како и промовирање еднаквост на граѓаните на Република Македонија.

Дискриминацијата се дефинира како: секое разликување, исклучување, ограничување или нееднакво постапување или непостапување, мотивирано од основите што се спомнати (кои постојат во моментот, или постоеле порано, а не постојат во моментот, или можат да постојат во иднина, или кои се препишуваат на одредено лице), а кое има за цел или резултира со оневозможување или отежнување на признавањето уживањето или практикувањето од страна на сите лица врз еднаква основа на сите права и слободи, односно во понеповолен третман на едно лице во однос на друго во слична ситуација[1].

Според сите досегашни извештаи на Freedom house Република Македонија е делумно слободна демократија. Србија беше неслободна демократија се до падот на Слободан Милошевиќ. Во последната деценија во нашето балканско опкружување освен Македонија делумно слободни демократски земји се Албанија, Босна и Косово. Овој факт ни укажува во каква демократска култура живееме . Според досегашните изборни модели во Македонија политичкиот натпревар наметнува инфериорна позиција на ромскиот политички блок. Ромската заедница не е во можност да се натпреварува помеѓу своите редови туку едноставно мора да коалицира со поголемите политички опции во државата за да избори некаква позиција во политичкото и институционално делување. Така испаѓа дека изборот на ромските политички претставници е диктиран од квантитет (бројки), а не од квалитет.

Share

Facebook

Twitter