Според различни истражувачи, 20-от век е наречен и како “век на геноцид”, геноцид во кој се безмилосно убиени милиони луѓе заради идеологијата нацистичка Германија да биде „расно супериорна„ нација. Поради големиот бројот на жртви, овој безмилосен настан има посебно внимание во историјата на човештвото. Сепак во тоа историско внимание најмалку се знае за Pharrajimos – ромскиот Холокауст. Според Janos Barsony и Agnes Daroczi, Pharrajimos[1]на ромски јазик значи сечење, фрагментирање. Pharrajimos / Porrajmos за прв пат беше воведен од страна на Ian Hancock[2] на почетокот на 90-тите години. Во интернационалната литература истиот термин може да се најде и како SAMUDARIPE кој исто така е ромски термин за масовно убивање.

Изненадувачки или не, сеуште се води дебата дали тоа што им се случило на Ромите може да се смета како Холокауст или не.

Се одлучив да пишувам на оваа тема, затоа што ја најдов интересна за мене како жена, Ромка и која по случајот на судбината сум родена во семејство кое ја пратикува муслиманската религија. Зборувајќи со неколку од не-муслиманските жени имам чувство дека муслиманските жени се сметаат за жени кои треба да бидат спасени од угнетување. Моето прашање и дилема е: зошто не-муслиманките ја имаат оваа перцепција, од кого жените муслиманки треба да бидат спасени? Во овој краток есеј ќе се обидам да одговорам на следните прашања:

  • кое е мислењето на муслиманските жени за превезот
  • колку носењето на превезот и националноста/етникум влијае на нивниот статус, како во приватниот така и во јавниот живот?

Облеката која муслиманските жени ја носат со цел да ги покријат нивните глави и тела се нарекува “хиџаб”. За муслиманките ова не е само парче ткаенина, туку е начин на себе-претставување како некој којшто е посебен, морален и скапоцен. Во одредена литература стои образложение дека хиџабот е исто така симбол на верност и љубов кон сопствениот маж, кој е единствениот што ја заслужува убавината и довербата на својата жена. Многу муслимани веруваат дека покривањето на главата раѓа одредена духовна состојба на приемчивоста (Суфи муслиманите веруваат дека и мажите и жените треба да ги покриваат главите. Во Индија и Пакистан, на пример, мажите обично носат кече за време на молитвениот ритуал) Значи, многу жени кои што не ги покриваат главите и телата, можат да го сторат тоа само заверски прилики или кога се инспирирани да го сторат тоа. Носењето на превезот не е постојана практика засекоја жена.

Ние не ја гледаме важноста на жените Ромки во политичкиот живот.

Амди Бајрам - пратеник во Парламент и политички лидер

Горенаведената реченица доволно кажува каков е односот и третманот кон жената Ромка од страна на ромските политичките партии. Во изминатите дваесет години Ромките дадоа значаен придонес во развојот и организирањето на ромските политички партии и невладиниот сектор. Сепак доминира впечатокот дека жената Ромка не го добива заслуженото место и позиција во ромските партии од страна на сегашните ромски политички лидери. Клучни фактори за оваа ситуација се: политичката култура на ромските лидери, законската регулатива, упорноста на самите жени и положбата на жената Ромка во традиционалното ромско семејство.

 

Законска регулатива

За жал или за нечија среќа ромските лидери мораа да ја почитуваат законската регулатива која ги обврзува сите политички партии да вклучат најмалку 30% жени на кандидатските листи. Законот за избор на пратеници (2002) и Законот за локална самоуправа (2004) одредува квота од 30% учество на обата пола на кандидатските листи за избор на пратеници и советници. Изборниот законик е дециден „… на секои три места на листата најмалку едно место му припаѓа на помалку застапениот пол“. Иако политичките партии ја почитуваат оваа законска одредба бројот на избрани жени во Парламентот е сепак само 30,9% што значи минимум исполнување на квотата. До сега сме имале само една жена Ромка (Ѓулистана Јумеровска-Марковска) преставничка во Парламентот. Од сите носители на политички функции – Роми, само 2 советнички се жени Ромки.

Share

Facebook

Twitter