За нас

Право да критикува има оној кој сака да помогне.
Абрахам Линколн

Македонското општество вклучувајќи го и Европското во целост е доминирано од страна на приоритетите на големите нации, а со тоа ги занемарува интересите на помалку моќните, односно, на малцинствата. Покрај тоа што Ромската интелигенција делува преку политички партии, институции и граѓанскиот сектор, Ромалитико претставува нов вид на влијание и застапување за политики кои се поврзани со Роми. Со оглед на фактот дека скоро сите академски истражувања и анализи за ромската заедница на национално и Европско ниво се публикувани од страна на не-Роми, Ромалитико се стреми да ги предизвика неевидентираните и погрешно интерпретираните истражувања и анализи а воедно и да генерира ново знаење. Овој медиум се стреми да внеси специфични аспекти и ставови на ромската академска елита поголема валидност и критички глас за политиките, предлозите за политики и истражувања за Ромите

Идејата за формирање на овој академски медиум произлегува од иницијативата на авторите јавно да дискутираат за ромските политики во Република Македонија затоа што дискусијата за ромските политики на национално ниво а и европско е ограничена. Тимот на Ромалитико се состои од студенти и алумни на Централно Европскиот Универзитет од Унгарија. Експертизата и посветеноста за Ромското прашање се клучна мотивација за иднината на постоењето на Ромалитико. Оваа иницијатива има за цел комплементарно да придонеси во политичката култура на ромската заедница вклучувајќи јавна и конструктивна дебата за сегашните и идните политички и социо-економски процеси во нашата држава.

 

Share

Тимот

Суад Скендери

Автор

Суад Скендери

Автор

Елвис Шаќири

Автор

Елвис Шаќири

Автор

Алберт Мемети

Автор

Алберт Мемети

Автор

Надире Реџепи

Автор

Надире Реџепи

Автор

Дениз Селмани

Автор

Дениз Селмани

Автор

Себијан Фејзула

Автор

Себијан Фејзула

Автор

Facebook

Twitter