Суад Скендери

Суад Скендери е дипломиран политиколог при ФОН универзитетот на департманот за политички науки, дипломатија и новинарство. Во текот на студиите беше волонтер во хуманитарното и добротворно здружение на ромите “Месечина” – Гостивар и координатор на младинската мрежа “Blue Sky” – Гостивар. Во 2009 година беше асистент на секторот за човекови права и меѓуетнички односи во “Месечина” – Гостивар спроведувајќи проекти поврзани со меѓуетнички односи и Ромите меѓу другите етнички заедници.Суад Скендери е еден од пионерите во community organizing во Република Македонија. Romano Avazi во 2012 година беше првото ромско граѓанско движење кое имаше за цел рамноравна и правична застапеност на ромите во државната и јавната администрација. Успешно ја заврши програмата “Roma Access Program” (отсек Политички Науки и Меѓународни Односи) и продолжи со магистерски студии на отсекот Политички Науки во Централно Европскиот Универзитет во Будимпешта. Негова специјализација се политичко претставување на малцинствата, истражување и методологија.

Елвис Шаќири

Елвис Шаќири е основач на Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико, и менаџер на програмата Право. Во 2010-та година дипломира на правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа, а подоцна ги продолжува своите магистерски студии во Будимпешта – Унгарија на Централно Европскиот Универзитет на програмата човекови права. По завршувањето на магистерските студии, Шаќири е ангажиран со работна стипендија во Институтот за истражувања на политики Political Capital во Будимпешта. Во периодот на ангажманот Шаќири работи во делот на изборни модели и политички кампањи. Пред основањето на Институтот, Шаќири работи во неколку невладини организации, како правен советник и координатор на неколку проекти. Во текот на својата работа, Шаќири како автор има допринос во голем дел на истражувања и анализи кои се спроведуваат од страна на Институтот.

Алберт Мемети

Мемети Алберт, дипломирал економија во 2012 година на департманот Финансиски менаџмент при Економскиот универзитет во Скопје, Македонија. Во текот на неговите студии беше активен член во Ромската НВО “Сонце“, Тетово каде има работено на различни проекти во текот на 2006 – 2010 . Исто така има работено во ПроКредит Банк, Скопје како Советник за Информации во 2009. Во 2012, успешно го завршува подготвителниот курс за пост дипломски студии “Roma Access Program“ (отсек Јавна Политика) на Централно Европскиот Универзитет во Будимпешта, Унгарија. Исто така ги заврши своите магистерски студии во две годишната програма на департманот за Економска политика на Светски пазари на истиот универзитет. Неговите идни планови се да специјализира во областа на Економијата.

Симона Симова

Симона Симова е дипломиран маркетинг менаџер при Европскиот Универзитет – Скопје. Образованието го продолжува на Економскиот Институт Кирил и Методиј насока – финансиски менаџмент. Своето прво искуство во областа на маркетингот како практикант го стекнува во МПМ и Идеа Плус, каде работи претежно на маркетинг истражувања на македонскиот пазар. Во јуни 2016 почнува како практикант во Кроација Осигурување – Живот за подоцна да напредува во Координатор за наплата. Своето искуство од областа на финансиите го продолжува во Институтот за истражување и анализа на политики– Ромалитико, каде што во моментов ја има позицијата на финансиски асистент.

Дениз Селмани

Дениз Селмани е еден од основачите на Ромалитико и прв Извршен директор од 2016 до 2018 година. Селмани има дипломирано на студиската програма по јавна администрација на Југоисточниот Универзитет во Тетово. Го продолжува своето образование со тоа што запишува магистерски студии на истоимениот универзитет на студиската програма за дипломатија.  Во 2017 година, Селмани за Центарот за Економски Анализи – ЦЕА изработи истражување за другоста и претприемништвото. Селмани има учествувано на школата за јавни политики “Мајка Тереза” која е поддржана од страна Советот на Европа. Исто така, Селмани има земено учество во Првиот форум за јавни политики организиран од страна на Фондацијата Фридрих Еберт и Институтот Прогрес во 2017 година при што во соработка со група на млади истражувачи изработи студија за студентскиот стандард во Македонија. Исто така, Селмани како национален експерт на Мисијата на ОБСЕ во Скопје изработи компаративна анализа за спроведувањето на Конвенцијата за заштита на националните малцинства во Македонија, како и предлог методологија за идентификување лицата без документи. Негов истражувачки интерес претставуваат политичките партии, изборни модели, како и следење на спроведувањето на јавните политики насочени кон инклузија на ромската заедница.

Марија Сулејманова

Марија Сулејманова е дипломиран правник при Факултетот за правни науки – Јустинијан Први во Скопје и магистер по човекови права при Централно Европскиот Универзитет во Будимпешта. По завршувањето на мастер студиите, таа исто така беше практикант во Центарот за Правата на Ромите во Будимпешта. Нејзиниот интерес е насочен кон анализа на закони, уставност и колизија помеѓу законите, истражувања насочени кон таргетирање надлежни институции како и вршење на компарација на јавни политики и закони во различни држави. Марија ја има позицијата на помлад истражувач во ИИАП – Ромалитико и таа верува дека ова искуство ќе ја зголеми нејзината спремност за идни ангажмани како застапувач и правник во областа на човековите права. Ова искуство исто така и овозможува уникатно знаење за прашања поврзани со Ромите и генерално, со целокупниот процес на анализа на политики. Поради тоа, таа е силно мотивирана да се надградува, работи и развива во креативна и високо амбициозна средина каде почетниот критериум и принцип на работа е критичкото размислување.

Share

Facebook

Twitter