Денес во Тетово најавуваме реконструкција на отворен канал за отпадна вода на ул. Прохор Пчински и асфалтирање на ул. Јадранска во населбата Поток!

За овие две акции одлучи самата заедница, а се издвоени приближно 50.000 евра.

Финансиската поддршка е обезбедена од Агенцијата на САД за меѓународен развој – УСАИД, Советот на Европа и Европската унија преку РОМАКТЕД II програма и општина Тетово.