На ден  04.05.2022 година, во просториите на Општина Битола се одржа заеднички состанок на претставници на Институционалната работна група и општинската работна група со цел претставување на ромските приоритети во рамки на програмата РОМАКТЕД II.

Приоритетите  ги претставија  Наташа Ташкова Поповска, вработена во Општина Битола и лице контакт на програмата РОМАКТЕД и м-р Фатма Бајрам Аземовска, фасилитатор преку програмата на РОМАКТЕД II.

Средбата беше во пријатна и позитивна атмосфера, креативна, со отворен дијалог и размена на  ставови и мислења,  продуктивна, присутните дадоа предлози за нови идеи и нови активности во кои ќе бидат вклучени ромската заедницата и институциите.

Во прилог следат фотографии од вчерашниот настан и средба со контакт лицето од општина Битола.