Состанок со преставници од ИПА проектот во Штип и Берово

Тимот на проектот “Заедно за просперитетна заедница” се сретна со претставници на ИПА Проектот “Штип и Берово заедно за подобрување на условите за домување во ромските заедници”.

Целта на состанокот е воспоставување на синергија со тековните активности на проекти финансирани преку Годишна акциска програма за Република Северна Македонија за 2019 година (ИПА II) - ЕУ за Ромите и луѓе кои живеат во длабока сиромаштија, заради избегнување на потенцијално преклопување на слични акции поврзани со подобрување на инфраструктурата и условите за живеење на Ромската заедница во таргетираните општини.

Проектот “Заедно за просперитетна заедница” е финансиран преку програмата на УСАИД - Community Self-reliance Activity (CSRA) и има за цел да воспостави одржливи системи и да развие капацитети на заедницата за да може заедницата сама да планира, финансира и имплементира решенија за сопствените развојни предизвици и приоритети.

Partners and Supporters

   
   
     

Find Us

Contact us

ul. Aminta treti (Leninova) br.33A/1-25,
1000 Skopje, North Macedonia

+389 75 314 504

[email protected]