Целта на анализата е да се согледа говорот којшто се користи на социјалните мрежи кон ромската заедница.
Првиот дел од анализата се однесува на најчесто користените изрази на омраза кон ромската заедница и влијанието кое може да го предизвика таквиот говор. Во вториот дел се објаснува правната рамка на Северна Македонија, политиките на Европската Унија и пристапот на Судот за Човекови Прави од Стразбур во однос на говорот на омраза на социјалните мрежи. Последниот дел се состои од заклучок и препораки во однос на законски измени, како и воведување на политики во различни области кои ќе придонесат кон зголемена толеранција и пониско ниво на говор на омраза.