
Во месец ноември 2020 година, Институтот за истражување и анализа на политики „Ромалитико“ – Скопје, дистрибуираше анкетен прашалник за потребите на истражување насловено „Истражување на степенот на доверба помеѓу етничките заедници коишто живеат во Република Северна Македонија“.
Во 2021 година Институтот за истражување и анализа на политики „Ромалитико“ заедно со ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување и Иницијативата за правата на жените од Шуто Оризари спроведе истражување насловено „Искористеност на правата од социјална и детска заштита од страна на ромската заедница“.
Во рамки на истражувањето беа опфатени 950 испитаници од ромската заедница во 16 општини низ земјата.
Во продолжение следуваат дел од заклучоците:
- 92% од Ромите не поднесуваат жалба кога добиваат негативно решение за користење на социјално право, воглавно поради недовербата во институциите, некомплетна документација и други причини.
- 36% од испитаниците не ги разбираат условите и критериумите за остварување на одредено право.
- 68% од Ромите сметаат дека достапноста на информациите би се зголемила доколку во центрите се вработат Роми.
- Најголемо зголемување на бројот на корисници Роми има во однос на гарантирана минимална помош, од 4161 во 2019 година на 5279 во 2020 година.
Целото истражување можете да го прочитате тука.
Интерактивниот прелистувач со истражувањето е достапно на следниот линк.
Појавата на КОВИД-19 вирусот во Кина во текот на минатата година како и брзото ширење на вирусот во светски рамки придонесе Светската здравствена организација за прв пат да прогласи пандемија во целиот свет. Оваа невидена глобална криза е обележана и со погрешно комуницирање во врска со непосредната закана на КОВИД-19, што доведува до неактивност и забуна во јавноста. Во процесот на информирање на граѓаните во услови на глобална криза особена одговорност имаат медиумите.
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
ul. Aminta treti (Leninova) br.33A/1-25,
1000 Skopje, North Macedonia