







На 28 Октомври 2021 г. Во канцеларијата на Даелегацијата на ЕУ во Скопје на барање на тимот на проектот Заедно за просперитетна заедница се оствари средба со претставникот и контакт Менаџерот на програмите за Роми на ЕУД во Република Северна Македонија, г-дин Нафи Сарачини.
На средбата беше презентиран проектот и планираните активности и се споделија информации за тековните проекти и програми на ЕУ кои е во насока на подобрување на условите за живот и интеграсција на заедницата на Роми во Рпублика Севрна Македонија.
Состанокот беше од информативен карактер во насока на остварување на добра соработка и координација, соодветно планирање на активностите и избегнување на дупло финансирање на активности, средства и човечки потенцијал.
Во насока на подобра организација и спроведување на активности во рамки на тековните и идни проекти, Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико, креира база на консултанти. За таа цел објавува јавен повик за тематски консултанти кои ќе ги понудат своите услуги по барање на Ромалитико по принципот на утврдена потреба.
Консултантите како професионални експерти ќе бидат ангажирани од страна на Ромалитико за краток временски период само за извршување на специфични работни задачи. Консултантите нема да се сметаат за вработени лица во Ромалитико и за својот ангажман добиваат плаќања согласно видот на услугата.
Теми за кои се обезбедуваат консултантски услуги и максимален број на консултанти кои ќе бидат избрани:
|
Област |
Максимален број на избрани експерти/консултанти |
|
Област 1 - Тематски консултанти за мобилизација на ромската заедница, формирање на мрежи и вмрежување на заедницата, застапување на јавни политики, работа со маргинализирани групи во ромската заедница (жени Ромки, ЛГБТИ, лица со попреченост) |
10 |
|
Област 2 - Тематски консултанти за обезбедување на финансиски средства, анализа на планирање и реализација на Буџети на локално ниво, партиципативно буџетирање на локално ниво. |
10 |
|
Област 3 – Тематски консултанти за подготовка, анализа и следење на Локален акциски план за подобрување на положбата на Ромите, мониторинг на дизајн и евалуација, планирање и имплементација на локални акции, Партиципативен пристап за проценка, градење на капацитети на заедницата за креирање и следење на локални иницијативи.
|
10 |
|
Област 4 – Тематски консултанти за истражувачко новинарство, уредување на вести, редакција (подготовка, обработка, проверка на текст). |
5 |
|
Област 5 – Тематски консултанти за бизнис и претприемништво |
5 |
|
Област 6 – Тематски консултанти за ЕУ (иституции и структура), истражувања и анализи за европски политики, ЕУ стратегии и политики за пристапување во ЕУ. |
5 |
|
Област 7 – Тематски консултанти по право (правна регулатива, човекови права, правна консултација и совети и сл.) |
5 |
|
Област 8 – Тематски консултанти за обезбедување на креативни услуги (графички дизајн, изработка на веб страни, креирање на кампања, изработка на видеа, видео монтажа, визуелизација на податоци, систем на дата база и сл.) |
5 |
Консултантот треба да ги поседува следниве квалификации:
Потребни документи за аплицирање:
Еден консултант може да аплицира за повеќе области доколку ја поседува потребната експертиза.
Документите за аплицирање треба да се достават по електронски пат на е-маил адреса: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it., најдоцна до 19.11.2021 година со назнака (предмет) „Апликација за консултант “.
Избор на консултанти
Селекцијата ќе ја врши комисија формирана од страна на Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико. Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико го почитува начелото на еднаков третман и недискриминација во одлуките.
Критериуми за избор
Сите подобни кандидати ќе станат дел од дата базата на Ромалитико и истите ќе бидат конктактирани во зависност од потребата на реализирање на конктретни задачи на Институтот.
Дополнителни информации за повикот можете да добиете во просториите на Институтот Ромалитико во Скопје на адреса (Аминта Трети 33а 1/25) , или на тел: 075/314-504, секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот или електронски на е-маил адресата: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
Прочитајте го целосниот повик тука.
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
ul. Aminta treti (Leninova) br.33A/1-25,
1000 Skopje, North Macedonia