Средби со институции при Проект на УСАИД за инклузија на Ромите

Тимот на Проект на УСАИД за инклузија на Ромите во периодот од 04.03 - 18.03.2021 оствари средби со преставници на неколку институции и тоа: 1. Министерство за труд и социјална политика со Министерката Јагода Шахпаска 2. Агенција за остварување на правата на заедниците со директорот Еран Куртиш и заменик директорот Џелал Хоџиќ 3. Влада на Република Северна Македонија со Роберт Алаѓозовски, Национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка 4. МАПАС Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување со Максут Али, Претседател на Советот на експерти
Јавен повик за ангажирање на 40 теренски соработници во рамки на Проект на УСАИД за инклузија на Ромите

Институтот за истражување и анализи на политики – Ромалитико во периодот Јануари 2021 до Јануари 2024 година го спроведува проектот насловен Проект на УСАИД за инклузија на Ромите, финансиран од УСАИД – Македонија во партнерство со организациите ЗГ „Иницијатива за Економски Развој на Ромите- РЕДИ“, Организација за јакнење и организирање на ромската заедница “Романо Авази” и Здружение на граѓани Ромаверзитас.
Средба на Ромалитико со Британската Амбасада

Денес тимот на Ромалитико имаше средба со Џилиан Смит, втор секретар за политика и Кренар Абази, политички советник и раководител на проекти од Британска Амбасада. На средбата Ромалитико ја сподели својата работа на темите: правична застапеност во државна и јавна администрација, етничка припадност во лични карти, урбанизација и легализација на ромски населби, попис и една изборна единица.
Општина Струмица издвои буџет за барањата на ромската заедница

Ромалитико како дел од Аваја во текот на ноември 2020 година заедно со тим лидерите, Еркан Демиров и Кемал Сулејман и нивниот тим во пресрет на носењето на буџетот до општина Струмица поднесоа барања во вид на петиција за бетонирање на улици, градење потпорни ѕидови и други инфраструктурни активности.
Нашиот програм менаџер Дениз Селмани успешно ја заврши програмата за лидери на Обама Фондацијата

Со гордост објавуваме дека нашиот програм менаџер Дениз Селмани успешно ја заврши програмата за лидери на Обама Фондацијата. Дениз е сега дел од мрежата на Обама Европски Лидери која претставува мрежа на Европски активисти и лидери.
За нас

Тимот на Ромалитико се состои од студенти и алумни на Централно Европскиот Универзитет од Унгарија. Експертизата и посветеноста за Ромското прашање се клучна мотивација за иднината на постоењето на Ромалитико.
Фотогалерија
Ромалитико е официјално регистриран како невладин и непрофитен “Институт за Истражување и Анализа на Политики – Ромалитико” регистриран според Законот за здруженија и фондации во Република Северна Македонија. Ромалитико делува во три програми, Политика, Економија и Право и фокусира на истражувања базирани на докази, застапување, мониторинг и евалуација.
Мисијата на Ромалитико е да промовира динамично отворено општество преку анализи, истражувања базирани на докази и застапување за влијание врз јавните политики, односот на моќта и распределбата на ресурсите за Ромите во Република Македонија и Европа.
Визијата на Ромалитико е да се стреми да ја предизвика статус-кво состојбата и да ја унапреди положбата на Ромите во Европа.