Ромалитико тим (CVs)

   

ЕЛВИС ШАЌИРИ

Извршен Директор   

Елвис Шаќири е основач на Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико и извршен директор. Во 2010-та година дипломира на правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа, а подоцна ги продолжува своите магистерски студии во Будимпешта – Унгарија на Централно Европскиот Универзитет на програмата човекови права.

 

По завршувањето на магистерските студии, Шаќири е ангажиран со работна стипендија во Институтот за истражувања на политики Political Capital во Будимпешта. Во периодот на ангажманот Шаќири работи во делот на изборни модели и политички кампања. Пред основањето на Институтот, Шаќири работи во неколку невладини организации, како правен советник и координатор на неколку проекти. Во текот на својата работа, Шаќири како автор има допринос во голем дел на истражувања и анализи кои се спроведуваат од страна на Институтот.


   

СУАД СКЕНДЕРИ

Програмски Менаџер - Политика  

Суад Скендери е еден од основачите на Институтот за истражување и анализа на политики - Ромалитико и менаџер на програмата за Политика.  Дипломирал политички науки, меѓународни односи и новинарство на универзитетот ФОН, а подоцна се стекнал со магистерски студии на Централноевропскиот универзитет за политички науки со специјализација методологија на истражување. 

 

По завршувањето на студиите, бил истражувач во ThinkYoung во Брисел и Roma Integration 2020 во Белград, Суад Скендери е координатор на Европскиот ромски институт за уметност и култура за Македонија.  Пред основањето на институтот работел во Хуманитарното и добротворно здружение на Ромите - „Месечина“ - Гостивар како асистент во секторот за човекови права и меѓуетнички односи, а потоа како координатор за младински иницијативи. Неговиот труд е забележан во многу научни списанија, истражувања, книги, оп -еди и други трудови.


   

АЛБЕРТ МЕМЕТИ

Програмски Менаџер - Економија   

Алберт Мемети е еден од основачите на Ромалитико, и воедно Менаџер на Прогрaмата за Економски Развој. Неговиот интерест е во обемот на вработување, мониторинг на буџетот, локални финансии и претприемништво, формализација на неформалнаат економија. Алберт има магистрирано на програмата Економија на светски пазари при Централно Европскиот Универзитет. Исто така, во моментот тој е запишат и на извршниот курс за менаџмент на ризи во  Школата за Бизнис и Менаџмент во Франкфурт, Германија. 

 

Пред да се приклучи во Ромалитико, Алберт беше Координатор во РЕДИ одговорен за менаџирање на тим од бизнис фасцилитатори, воспоставување на врски со микро-кредитни институции. Дополнително, во текот на 2014 – 2015, беше ангажиран и како аналитичар за проценка на ризик во Инвестицискиот Фонд – Коопест од Брисел, кој што обезбдува финансирање на микрокредитни институции, кооперативни банки, земјоделски кооперативи, фондации. Во текот на работењето во Коопест, има учествувано во неколку работни мисии и тоа  - Бугарија, Арменија, Молдавија и Босна и Херцеговина. Во перидот 2016 – 2019, исто така беше и проектен менаџер на европскиот проект “ Подобрување на Вработувањето на Ромите преку обука и образование“, имплементиран од Ромскиот образовен фонд. Алберт е посветен на застапување за унапредување на положбата на Ромите и економското зајакнување на ромската заедница во Македонија и во ЕУ.


   

ДЕНИЗ СЕЛМАНИ

Програм менаџер – Локална демократија  

Дениз Селмани е еден од основачите на Ромалитико и прв Извршен директор од 2016 до 2018 година. Селмани има дипломирано на студиската програма по јавна администрација на Југоисточниот Универзитет во Тетово. Го продолжува своето образование со тоа што запишува магистерски студии на истоимениот универзитет на студиската програма за дипломатија. Во 2017 година, Селмани за Центарот за Економски Анализи – ЦЕА изработи истражување за другоста и претприемништвото. Селмани има учествувано на школата за јавни политики “Мајка Тереза” која е поддржана од страна Советот на Европа.

 

Исто така, Селмани има земено учество во Првиот форум за јавни политики организиран од страна на Фондацијата Фридрих Еберт и Институтот Прогрес во 2017 година при што во соработка со група на млади истражувачи изработи студија за студентскиот стандард во Македонија. Исто така, Селмани како национален експерт на Мисијата на ОБСЕ во Скопје изработи компаративна анализа за спроведувањето на Конвенцијата за заштита на националните малцинства во Македонија, како и предлог методологија за идентификување лицата без документи. Негов истражувачки интерес претставуваат политичките партии, изборни модели, како и следење на спроведувањето на јавните политики насочени кон инклузија на ромската заедница.


   

МАРИЈА СУЛЕЈМАНОВА

Програмски Менаџер - Право   

Марија Сулејманова е дипломиран правник при Факултетот за правни науки – Јустинијан Први во Скопје и магистер по човекови права при Централно Европскиот Универзитет - ЦЕУ во Будимпешта. Исто така, таа е алумна на ЦЕУ и РАП програмата во Будимпешта. Во текот на нејзините додипломски студии Марија издвојува волонтерско искуство во различни институции и невладини организации, како Министерство за Правда, Апелационен Суд – Скопје, ЕЛСА, Ромаверзитас и МОФ. По завршувањето на мастер студиите, таа исто така беше практикант во Центарот за правата на Ромите во Будимпешта.

  

Марија ја има позицијата на помлад истражувач во ИИАП – Ромалитико и таа верува дека ова искуство ќе ја зголеми нејзината спремност за идни ангажмани како застапувач и правник во областа на човековите права. Ова искуство исто така и овозможува уникатно знаење за прашања поврзани со Ромите и генерално, со целокупниот процес на анализа на политики. Поради тоа, таа е силно мотивирана да се надградува, работи и развива во креативна и високо амбициозна средина каде почетниот критериум и принцип на работа е критичкото размислување. Нејзиниот интерес е насочен кон анализа на закони, уставност и колизија помеѓу законите, истражувања насочени кон таргетирање надлежни институции како и вршење на компарација на јавни политики и закони во различни држави.


   

СИМОНА СИМОВА

Финансиски асистент   

Симона Симова е дипломиран маркетинг менаџер при Европскиот Универзитет – Скопје. Образованието го продолжува на Економскиот Институт Кирил и Методиј насока – финансиски менаџмент. Своето прво искуство во областа на маркетингот како практикант го стекнува во МПМ и Идеа Плус, каде работи претежно на маркетинг истражувања на македонскиот пазар.

 

Во јуни 2016 почнува како практикант во Кроација Осигурување – Живот за подоцна да напредува во Координатор за наплата. Своето искуство од областа на финансиите го продолжува во Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико, каде што во моментов ја има позицијата на финансиски асистент.


   

МУХАМЕД АЈВАЗ

Проектен менаџер (Проект на УСАИД за инклузија на Ромите)   

Мухамед Ајваз е роден во Скопје. Додипломските студии ги завршува на Институтот за психологија на Филозофскиот факултет во Скопје, а со постдипломски студии продолжува на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” – Скопје на програмата Политички науки и човекови права.

 

Во граѓанскиот сектор беше вклучен во Здружението ,,Романо Авази” како локален координатор за организирање на заедницата, во улога на истражувач и уредник на студентско списание во здружението ,,Ромаверзитас” и како обучувач и организатор на настани во здружението ,,Сумнал”. Од 2018 до август 2019 година работи во Граѓанската организација „ХЕРА” на програмата ромско здравје.

За време на студиите беше практикант во ОУ ,,Браќа Рамиз и Хамид” и во ЈЗУ Геронтолошки завод ,,13 Ноември”. Има освоено четврто место во дебата на балканско ниво на меѓународниот студентски летен камп „Филозофијада. Добитник е и на плакета за успешна промоција на Филозофскиот факултетот и прогласен е за најдобар студент од здружението ,,Ромаверзитас” за учебната година 2015/16.Главен фокус му се емпириски истражувања и унапредувањето на правата на маргинализираните заедници преку организирање, поддршка и јакнење на ромската заедница.


   

ШЕНАС ИМЕР

Проектен менаџер (Проект на УСАИД за инклузија на Ромите)   

Шенас Имер, дипломиран историчар архивистичар на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје на Филозофскиот факултет. Смета дека волонтерството треба да биде одлика на секој млад човек, па во текот на нејзиното средно и високо образование се трудеше да биде активна како активист и волонтер во најразлични невладини организации. Најнапред долгогодишен волонтер, координатор социјално-хуманитарниот сектор како и лидер на самиот младински клуб на Шуто Оризари во склоп на „Црвениот Крст- Скопје“.

 

Подоцна и волонтер во НВО „Сумнал“ како и параправник/фасцилитатор во НВО „Романо Чачипе“. Исто така има работено во Здружението на граѓани „Ромаверзитас“ како административен асистент и воедно е ко-креатор на истражување поврзано со ромската заедница на тема „Проблемите и потребите на студентите Роми во почетокот од нивното студирање спроведено во рамки на истото здружение.


   

СИБЕЛ АМЕТ

Проектен менаџер (Проект на УСАИД за инклузија на Ромите)   

Сибел Амет е дипломиран правник и магистер по меѓународно право, меѓународни односи и право на ЕУ при Правниот факултет „Јустинијан Први“ Скопје.

 

Пред да се приклучи на тимот на Ромалитико како дел од Проектот на УСАИД за инклузија на Ромите, Сибел беше активно ангажирана во граѓанскиот сектор, работејќи во организации како Националниот младински совет во Северна Македонија, Хелсиншкиот комитет за човекови права, Коалицијата сите за правично судење итн. Таа е авторка и коавторка на седум публикации од областа на човековите права и реформите во правосудството.


   

ВЕРИЦА БОЈКОВСКА

Проектен менаџер (Заедно за просперитетна заедница)   

Верица Бојковска своето образовние од областа на Меѓународните односи го стекнува на Правниот Факултет при  Универзитеот Св. Климент Охридски во Софија- Бугарија. Образованието понатаму го продолжува на постдипломски студии на Универзитетот ФОН, насока Меѓународна политика и дипломатија. Во текот на постдипломските студии посетува практикански стаж во Министерството за надворешни работи во Директорат за мултилатерални односи/ Сектор за Совет на Европа,  ОБСЕ и ООН/. 

 

Вклучена е како дел од тимот на македонското претседателство со Советот на Европа а особен придонес има дадено во организирање на Националната конференција за човекови и малцински права. Своето професионално работно искуство од областа на заштитата и унапредување на човековите права го стекнува во повеќе национални и меѓународни организации, меѓу кои Балканска фондација за деца и млади, Национален Демократски Институт – НДИ – Скопје, Набљудувачките мисии на ОБСЕ/ОДИХР и Асоцијација иницијатива за социјална промена – ИнСоК – Скопје. Има работено на повеќе проекти за заштита и унапредување на положбата на Ромската заедница, меѓу кои Пристап на Ромите до фондови, Граѓанското општество во акција за еднаквост, Надвор од кругот – невидливи во општеството, Ромска Акција + Граѓански ангажман на локалната заедница и др. Ко-автор е на истражувањето “Предизвиците на Ромите повратници во Македонија” изработено во рамките на проектот „Поттикнување одржлива реинтеграција на Ромите – повратници во Македонија“, спроведуван од Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ).


   

СЕЛИКА АЉИЉИ

Проектен менаџер (Заедно за просперитетна заедница)   

Селика Аљиљи е апсолвент на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, на насоката Финансиски менаџмент. Има претходно работно искуство како финансиски службеник во две невладини организации: „Романо Чачипе“ и „Ромаверзитас“. Претходно била волонтер во Црвениот крст на Северна Македонија како и други интернационални невладини организации. Селика има учествувано на разни обуки и работилници во текот на студирањето.

 

 


   

БЕКИМ МЕХМЕД

Проектен менаџер (Заедно за просперитетна заедница)   

Беким Мехмед од Скопје, Дипломиран економист – финансиски менаџмент,  дипломирал на  Факултет за Бизнис Економија Скопје. Во моментот е студент на постдипломски студии насока финансиски менаџмент во Институт за Бизнис Економија во Скопје. Пред да биде ангажиран во Ромалитико, беше вработен во Министерство за труд и социјална политика, како помлад соработник на работните задачи во Одделението за имплементација на Стратегијата за Ромите, во Министерство за труд и социјална политика.

 

Како посебна работна задача на неговото претходно работно место се издвојува административна поддршка, следење и насока на ангажираните лица-информатори во Проектот Ромски Информативни Центри кој се спроведува во 8 (осум) општини со претежно ромско население. Согласно работното искуство, поседува вештини за планирање, организирање, координирање, контрола на активности, обработка на прибираните податоци и известување. Беким со своето искуство ќе помогне кон подобрување на вклученоста и  унапредување на стандардот на животот на Ромите во Република Северна Македонија.  


   

ВИКТОРИЈА НИКОЛОВА

Финансиски асистент (Заедно за просперитетна заедница)   

Викторија Николова Крстевска е дипломиран економист  на Универзитет Свети Ќирил и Методиј, Скопје, на департманот финансиски менаџмент. Со работно искуство во финансиите е повеќе од 10 години во корпоративниот и невладиниот сектор.

 

Како Лиценциран овластен сметководител работи во повеќе фирми , претежно со странски капитал и подружници, од дејноста на производството и градежништвото. Исто така, како лиценциран брокер тргува на пазарот на капитал во Република Северна  Македонија во периодот од 2005-2008 година, каде се посветува и на  анализа на финансиски извештаи и портфолио менаџмент.

Како менаџер за финансии и администрација работи на проекти финансирани од ЕУ, во сверата на образованието , правото и земјоделието.Како позначајни се проекти финансирани од Care-Белгија, IASON - Грција, Словенија и други.

Редовно ги следи промените и проблемите на заедницата и маргинализираните групи во општеството.


   

МЕРСИХА УСЕИН

Контакт точка на РОМАКТЕД II програмата   

Мерсиха Усеин е дипломиран политиколог на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Работна кариера ја започна во 2005 во Секретаријатот за Европски прашања се до 2016 год како координатор на Кабинетот на Државен секретар и НПАА координатор за поглавје 23 „Правосудство и човекови права“. Од 2017 до 2020 е дел од тимот на министерот задолжен за имплементација на Националната стратегија за Роми како шеф на Кабинет на тројца министри и посебен советник за подобрување и развој на ромската заедница во РСМ. 

 

Своето долгогодишно работно искуство го користи во областа на развој и мониторинг на имплементацијата  национални и локални акциони планови, вклучување на Ромите во процесот на планирање и одлучување во владините програми и политики на национално и локално ниво. Во текот на работата има учествувано во неколку работни групи меѓу кои Меѓуресорска работна група за човекови права, Работен комитет за европска интеграција, Регионална работна група за подготовка на Прирачник за буџетирање одговорно кон Ромите, Регионална работна група за драфтирање и усогласување текстот на Регионалната декларацијата за интеграција на Ромите (Познан декларација за интеграција на Роми), Национално координативно тело за интеграција на Роми.

Нејзиниот интерес е насочен кон следење на спроведувањето на проекти и програми и политики поврзани со Ромите како и подобрување на положбата на оваа заедница во сите приоритени области (домување, образование, здравство, вработување, недискриминација и млади).


   

КРИСТИНА ИЛИЕВСКА

Административен соработник   

Кристина Илиевска поседува повеќегодишно работно искуство во областа на канцелариското и архивско работење. Пред да се приклучи на тимот на Ромалитико, активно беше вклучена во невладиниот сектор, во рамки на повеќе проекти од областа на јавната администрација и социо-економскиот развој, претежно наменети за развој на институциите на јавната администрација
и поддршка на реформите во насока на членство во ЕУ.

 

Учествувала во повеќе истражувања од областа на јавните услуги, отворени податоци и работата на јавните институции во земјата. Има посетено повеќе обуки од областа на канцелариско и архивско работење, како и курсeви за Social media и „Design Thinking“ методологијата.


   

КЕНАН ТАИР

Комуникациски офицер (Проект на УСАИД за инклузија на Ромите/ Заедно за просперитетна заедница)   

Стекнато во Скопје, Македонија, образованието на Кенан Таир во доменот на компјутерските науки и инженерство се фокусира на софтверското инженерство и UX/ UI дизајнот. Во текот на своите студии, тој работеше на многу веб и мобилни апликации како практикант за неколку ИТ компании, нудејќи свежи и иновативни идеи во врска со подобри кориснички искуства и дизајнирање на интерфејси кои се лесни и интуитивни за користење. Во неговите проекти, тој комбинира многу области, како што се образование, е-трговија, здравство, претприемништво, маркетинг и графички дизајн.

 

Тој долго време беше вклучен во невладиниот сектор како консултант за ИТ, волонтер и активист. Неговата работа вклучува градење веб-страници за различни компании, подготвување целосни решенија за веб-страници за е-трговија и работа на мобилни апликации за спречување на здравствени проблеми преку здрава исхрана. Тој ги користи своите технички знаења за да и помогне на ромската заедница да стане дел од ерата на дигитализацијата. Кенан планира да го прошири своето знаење за компјутерски науки со тоа што ќе се занимава со поле на управување со бизнисот, за да може да развие сопствен бизнис од корист на ромскиот народ.

Партнери и поддржувачи

   
   
     

Пронајдете не’

Контактирајте со нас

ул. Аминта трети (Ленинова) бр.33А/1-25,
1000 Скопје, Северна Македонија

+389 75 314 504

[email protected]