Националниот тим за поддршка на РОМАКТЕД II програмата на средба во Виница

Денес, 24 јуни 2021 во рамките на втората фаза на РОМАКТЕД програмата „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“ националниот тим за поддршка на оваа програмата одржа информативна средба со Градоначалникот на општина Виница, Ивица Димитров.  

Националниот тим за поддршка накратко ги презентираше целите на оваа програма и даде посебен фокус на  поддршката која ја нуди РОМАКТЕД II програмата на локалните власти во насока на интегрирање на  специфичните активности/мерки за Ромите во главните локални политики, акционите планови поврзани со овие политики, буџетите и испораката на јавни услуги, како и зајакнување на демократското учество на локалната ромска заедница.

Градоначалникот Димитров ја истакна неговата поддршка и подготвеноста на општинската администрација да биде активен дел и партнер во процесот на имплементација на РОМАКТЕД II програмата заедно со тимиот за поддршка (Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје и Институтот за инстражување и анализа на политики- Ромалитико од Скопје). Тој исто така даде и краток осврт на тековни и реализирани инфраструктурни активности кои општината Виница ги споведува во ромската населба како и активности во делот на вработување. 

РОМАКТЕД II програмата „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“ започна да се имплементира во јануари 2021 и ќе трае до декември 2024, а истата е финансирана од Европската Унија и Советот на Европа и имплементирана од Советот на Европа. 

Партнери и поддржувачи

   
   
     

Пронајдете не’

Контактирајте со нас

ул. Аминта трети (Ленинова) бр.33А/1-25,
1000 Скопје, Северна Македонија

+389 75 314 504

[email protected]