Одржана прва работна средба на Националниот тим за поддршка на РОМАКТЕД II програмата

На 2 јули 2021 во Скопје се одржа првата работна средба на Националниот тим за поддршка на РОМАКТЕД II Програмата.

На средбата покрај националниот тим учествуваа претставници од институциите партнери во процесот на имплементација на оваа програма: Националната контакт точка за Роми од Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Елвис Мемети, претставник од Министерството за труд и социјална политика, Мабера Камбери, програмскиот менаџер на програмата Марина Васич и контакт точката од првата фаза на РОМАКТЕД програмата од Асоцијацијата за демократски развој – Сонце, Ферди Исмаили и програмскиот менаџер во Институтот за истражување и анализа на политики, Алберт Мемети.

На средбата накратко беа презентирани постигнатите резултати од првата фаза и беше даден вовед за концептот и приоритетите на втората фаза на РОМАКТЕД програмата.

Контакт точката за втората фаза на програмата од Институтот за истражување и анализа на политики-Ромалитико заедно со проектниот офицер од програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје накратко ја презентираа методологијата на РОМАКТЕД програмата и дадоа краток преглед на очекуваните резултати од работата на Националниот тим.

Новиот национален тим за поддршка на имплементацијата на втората фаза на РОМАКТЕД програмата покрај Ромалитико како организацијата за поддршка и проектниот офицер од програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје е составен од 15 фасилитатори кои ќе делуваат во 15 општини партнери во рамки на оваа програма.

Целта на оваа прва средба на националниот тим беше запознавање со РОМАКТЕД методологијата и планирање на следните активности.
РОМАКТЕД II програмата „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“ започна да се имплементира во јануари 2021 и ќе трае до декември 2024, а истата е финансирана од Европската Унија и Советот на Европа и имплементирана од Советот на Европа.

Партнери и поддржувачи

   
   
     

Пронајдете не’

Контактирајте со нас

ул. Аминта трети (Ленинова) бр.33А/1-25,
1000 Скопје, Северна Македонија

+389 75 314 504

[email protected]