Повик за изработка веб-платформа

 

БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ ПОНУДИ ЗА ИЗРАБОТКА И ДИЗАЈН НА ВЕБ-ПЛАТФОРМА

 

 

Датум на објавување: 27.09.2021 година

 

Институтот за истражување и Анализа на политики РОМАЛИТИКО Скопје во рамки на Проектот на УСАИД за инклузија на Ромите објавува повик за избработка и дизајн на веб-платформа.

 

Целта на Проект на УСАИД за инклузија на Ромите е да ја мотивира ромската заедница и граѓанските организации да преземат лидерски улоги во развојот и спроведувањето на националните стратегии и политики кои се однесуваат на вклученоста на Ромите и да ги следат и притискаат владините институции за одговорност кон решавање на ромските прашања и потреби. За целите на проектот е потребна изградба и дизајн на интерактивна е-платформа која ќе биде користена од страна на граѓаните, со посебен фокус кон ромската заедница, за пријавување на прекршувања на нивните права и слободи.

 

Ве покануваме да ни ги доставите вашите понуди најдоцна до 05.10.2021 година по електронски пат на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Во делот на техничките спецификации се обезбедени информации и детали за поедноставно осмислување на понудите.

 

Инструкции за понудувачите:

 

  1. Договорен орган

Договорен орган е Институт за истражување и анализа на политики – РОМАЛИТИКО Скопје со адреса на ул. Аминта трети (Ленинова) бр.33А/1-25 - 1000  Скопје.

Лице за контакт кај договорниот орган е Проектен менаџер на проектот Сибел Амет, (електронска адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.).

 

  1. Предмет на договорите за набавка

Предмет на договорот за набавка е изработка и дизајн на веб-платформа со бази на податоци, како и за обезбедување на домен и хостинг на платформата во период од една година по нејзиното започнување со работа. Детален опис на предметот на договорот е даден во техничките спецификации во прилог на оваа документација.

 

  1. Начин на испорака/ извршување на услугата

Носителот на набавката е должен предметот на договорот да го испорача по електронски пат на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

  1. Рок на испорака/ за извршување на услугата

Носителот на набавката е должен да го испорача предметот на договорот до 01.12.2021 година, како и да го обезбеди неговото целосно функционирање најдоцна до 31.12.2021 година.

 

  1. Начин на плаќање

Плаќањето ќе се изврши по предавањето на готовиот продукт. Проектот е ослободен од плаќање на ДДВ.

 

  1. Право на учество
    • Право да достави понуда има секое заинтересирано правно и физичко лице – понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за набавка.
    • Економскиот оператор во рамки на истата постапка од повикот може да учествува само во една понуда за еден предмет од набавката. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор:
  • учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна понуда или
  • учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна понуда.

 

  1. Критериуми за утврдување на способност на понудувачите

За да учествуваат во постапката за доделување на договорите, понудувачите мора да ги исполнуваат следниве критериуми за утврдување на нивната способност:

 

  • Лична состојба
  • на понудувачот да не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
  • понудувачот да не е во постапка за стечај или во постапка за ликвидација;
  • на понудувачот да не му е изречена прекршочна санкција – забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност, и
  • понудувачот е должен да дава точни податоци и да ги доставува податоците што ги бара договорниот орган.

 

  • Способност за вршење на професионална дејност

Понудувачот треба да е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за набавка или да припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.

 

  • Техничка или професионална способност

Критериуми за утврдување на техничката или професионалната способност на понудувачот се: креирање на веб-страници, портали, платформи со бази на податоци за потребите на невладини организации, институции, компании и сл.

 

  1. Начин на докажување на способноста на понудувачот

Понудувачот го потврдува исполнувањето на критериумите за утврдување на личната состојба, професионалната дејност и професионалната способност со изјава која ја доставува во прилог (Прилог 2) на својата понуда и со поднесување на биографија на компанијата (Прилог 3).

 

  1. Изготвување и поднесување на понудите

 

  • Понудата/ите се изготвува/ат во согласност со условите предвидени во повикот во електронска форма, со користење на обрасците дадени во прилог.

 

  • Елементи на понудата/ите

 

Секоја понуда треба да е составена од следниве елементи:

  • Образец на понуда (Прилог 1)
  • Документ за регистрирана дејност (за правни лица)
  • Изјава (Прилог 2)
  • Биографија/портфолио на компанија со истакнати работни ангажмани за креирање на веб-страници, портали, како и работа на веб-страници на невладини организации (Прилог 3)
  • Идејно решение (Прилог 4)

 

  • Период на важност на понудата/ите

Периодот на важност на секоја понуда ќе изнесува 12 работни денови од денот утврден како краен рок за поднесување на понудите/ на јавното отворање за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот.

 

  • Цена на понудата

Цената на понудата се пишува со бројки и букви.

 

  • Валута на понудата

Цената на понудата се изразува во денари.

 

  1. Краен рок и место за поднесување на понудите
  • Краен рок за поднесување на понудите е 05 октомври 2021 година до 16.00 часот.
  • Понудите се поднесуваат електронски на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и
  • Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, нема да биде примена.

 

  1. Критериум за доделување на договорот/ите

 

  • Критериум за доделување на договорот за набавка е економската поволност на понудата. За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор чија понуда ќе биде оценета како економски најповолна, односно која ќе освои најголем број на бодови како збир на бодовите за секој елемент на критериумот економски најповолна понуда.
  • Како елементи на критериумот економски најповолна понуда за изработка и дизајн на веб платформа и обезбедување на домен и хостинг за една година ќе се земат:

 

  • цената 40 бодови
  • претходно искуство 20 бодови
  • креативното решение (квалитет) 40 бодови

 

  1. Известување за доделување на договорот/ите за набавка

 

  • По завршувањето на изборот до сите учесници автоматски се испраќа известување за економскиот оператор којшто поднел најповолна понуда во текот на негативното наддавање. Известувањето е од информативен карактер и не предизвикува правни последици.
  • Избраниот економски оператор ќе биде известен во електронска форма дека неговата понуда е прифатена, во рок од најмногу 3 дена од донесувањето на одлуката за избор на најповолната понуда.

 

  1. Технички спецификации

 Предметот на набавката е неделив:

  • Изработка и дизајн на веб платформа со бази на податоци
  • Обезбедување домен и хостинг на веб-платформата во период од една години по започнување со работа на веб-страницата

 

Изработка и дизајн на веб платформата

 

Веб-платформата е предвидена како алатка за пријавување и поднесување претставки од ромската заедница поврзани со прекршувања на нивните права, одбивање пристап до јавни услуги и слично.

 

Веб-платформата треба да употребува технологии кои овозможуваат лесно користење, надградување, ниски трошоци за одржување. Веб-платформата треба да овозможи саморегулираност и самоподновување со податоци. Веб-платформата треба да ги поседува следните фукнционалности:

 

Content Management System (CMS)

 

Управувањето со содржини треба да се одвива преку таканаречен „систем за управување со содржини“ (Content Management System) или CMS со кој ќе се обезбеди самостојно ажурирање на содржините кои се прикажуваат на страниците од платформата. Овие содржини ќе бидат генерирани од поднесените пријави на веб-платформата и истите можат да бидат одобрени и поставени само од корисниците кои ќе имаат административен пристап до платформата, каде што секој тип на различен тип на административен корисник ќе може да ги поставува само оние типови на содржини за кои има соодветни привилегии.

 

Прилагодлив дизајн

 

Со цел веб-платформата да одговори на најновите технички стандарди и трендови, потребно е да биде изградена со лесен, едноставен прилагодлив дизајн (responsive design) со што ќе се овозможи автоматска промена на структурата и големената на елементите од веб- страниците во зависност од уредот на кои се прикажуваат: мобилни телефони, таблети, лаптопи или десктопи.

 

Интерактивна мапа

 

Во платформата потребно е да биде поставена интерактивна мапа со легенда која ќе служи како ресурс за локациите каде што граѓаните ќе можат да побараат поддршка за заштита на нивните права.

 

Google Analytics

 

Во платформата потребно е да биде вградено поврзување со Google Analytics, со што ќе се овозможи преглед на статистики поврзани со посетеноста на веб-страницата.

 

Search Engine Optimization (SEO)

 

Во платформата потребно е да бидат вградени техники и препораки од веб-пребарувачите како што е Google, со цел постигнување на висок ранг во пребарувањата.

 

Извештај на настани

 

Ресурс кој би бил пополнет со податоци од поднесените и одобрени поднесени пријави преку е-Платформата . Потребно е да овозможи преглед на настаните според локација, категорија на настан, датум и сл. Внесените настани треба да се пребарливи преку форма за пребарување.

 

Ресурсен дел

 

Потребно е да се креира пристап до категоризирани ресурси (публикации, мултимедијални записи, графички материјали и сл.) со лесна навигација и пребарување.

 

Пребарување

 

Можности за напредно пребарување низ различните типови на информации поставени на платформата.

 

Обезбедување на домен и хостинг на веб-платформата во период од една година по започнување со работа на веб-страницата. Веб-платформата ќе користи посебен назив на домен, а со цел нејзино непречено функционирање, потребно е обезбедување на хостинг за една година и https безбедносен сертификат. Името на доменот, хостингот за една година и безбедносниот сертификат се интегрален дел од предметот на набавката.

 

  1. Временска рамка

Економскиот оператор треба да се води од следнава временска рамка:

 

ВРЕМЕНСКА РАМКА

АКТИВНОСТ

МЕСЕЦ

Предлог-дизајн и функционалност на веб-страницата

15 октомври – 31 октомври

Изработка и дизајн на веб-страницата

1 ноември – 30 ноември

Целосна функционалност на веб-страницата со обезбеден домен, хостинг и безбедносен сертификат

1 декември – 31 декември

 

  1. Буџет

 

Економскиот оператор треба да достави листа со поединечни цени наведени со и без ДДВ за секое одделно идејно решение понудено во соодветниот дел од предметот на набавка. Буџетот треба да се прикаже со и без ДДВ.

 

Прочитајте и симнете го повикот на следниот линк.

 

 

Партнери и поддржувачи

   
   
     

Пронајдете не’

Контактирајте со нас

ул. Аминта трети (Ленинова) бр.33А/1-25,
1000 Скопје, Северна Македонија

+389 75 314 504

[email protected]