РОМАКТЕД Фасилитаторите на обука за родови перспективи при обезбедувањето на заштита на жртвите од трговија со луѓе

Во организација на заедничките проекти на Европската Унија и Советот на Европа „Спречување и борба против трговија со луѓе во Северна Македонија“ и „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво (РОМАКТЕД)“ во соработка со Министерството за труд и социјална политика на 28 септември се одржа обука за родовите перспективи при обезбедувањето на заштита на жртвите од трговија со луѓе.

РОМАКТЕД тимот (фасилитатори и национален тим) беше дел од 50 учесници/чки: социјални работници/чки, членови на полициската единица за борба против трговија со луѓе, трудови инспектори/ки, претставници/чки од НВО. Тие имаа можност да го зголемат своето знаење за концептот и важноста на родовата перспектива во контекст на трговија со луѓе.

Како клучни елементи на обуката беа потенцирани Родово-сензитивни мерки за заштита, програми за ресоцијализација и соодветна имплементација на Законот за заштита од родово-базирано насилство како неопходни за да се обезбеди заштита на жртвите од трговија со луѓе согласно нивните родови потреби. Исто така беше истакната и посебната заштита на децата жртви на трговија со луѓе и обезбедувањето заштита врз основа на родовите потреби на жртвите.

Партнери и поддржувачи

   
   
     

Пронајдете не’

Контактирајте со нас

ул. Аминта трети (Ленинова) бр.33А/1-25,
1000 Скопје, Северна Македонија

+389 75 314 504

[email protected]