АВАЈА е граѓанска иницијатива, иницирана од претставници на три граѓански организации, вклучително и Ромалитико. Во рамките на оваа граѓанска иницијатива беше организирана и кампањата „Ние гласаме, Ние одлучуваме“, која мобилизираше над 10 000 Роми од 16 општини во пресрет на претседателските избори 2019. Кампањата имаше за цел да ги обедини нивните гласови во однос на заедничките интереси на ромската заедница во Република Северна Македонија.
Линк до кампањата https://www.facebook.com/pg/avaja.org
“На нас е да ја спасиме ЕУ” беше кампања насочена кон активирање на ромскиот електорат во пресрет на Европските избори во 2019 година со цел да се зачуваат европските вредности и да се зголеми бројот на претставници на ромската заедница во Европскиот парламент.
Линк до кампањата https://www.facebook.com/pg/ItsOnUsToSaveEurope
По изјавите на директорот за статистика на Заводот дека етничката колона ќе биде испуштена во пописот во 2020 година, Ромалитико ја започна кампањата „Бојкот на пописот без етничка припадност во Македонија“. За која што беа преземени низа на активности по што Премиерот, Зоран Заев во изјава за медиумите соопшти дека сепак етничката колона ќе остане дел од пописот.
Линк до кампањата https://www.facebook.com/BojkotiramPopis/