Програмата за правно зајакнување се фокусира на остварувацње на правата на ромската заедница загарантирани согласно Уставот на РМ, заштита од дискриминација, влијание врз законската регулатива која што има негативен ефект врз ромската заедница како и влијание врз законската регулатива која што го спречува политичкото претставување на ромите во законодавниот дом и локалните совети.
Стратешка цел 1: Зголемување на политичкото претставување на Ромите и обезбедување на добро владеење на избраните функционери | ||||
Цел на приоритет: Промена на изборен модел закон
Стратешка цел: Остварување на правата на ромската заедница гарантирани СТРАТЕШКА ЦЕЛ: ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВАТА НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА ГАРАНТИРАНИ СОГЛАСНО ОХРИДСКИОТ РАМКОВЕН ДОГОВОР Приоритетна област | Правична застапеност во јавна администрација Цел на приоритет: Промена на методологија за распределба на државни и јавни службеници
|
![]() |
Сегашиот изборен модел ги фаворизира само поголемите политички партии каде што бројките одлучуваат, при што гласот на малите етнички заедници, вклучително и ромската, имаат помало влијание и вредност. Резултатот на ваквиот однос во рамките на политичкиот натпревар за глас повеќе го девалуира гласот на ромскиот народ кој поради етничко географски и политички скроени изборни единици нема еднакви и фер шанси за квантитативно соединување на гласовите на ромскиот електорат, а со тоа да ја зголеми политичката претставеност на национално ниво. Предлогот за една изборна единица ќе овоможи квантитативно соединување на ромските гласови и фер плеј изборна трка. Овој модел би го спречил бипартизмот во македонскиот и албанскиот блок и би им дал шанса на помалите партии во политиката. Податоците покажуваат континуирано, но во последно време многу бавно подобрување на правичната застапеност. Застапеноста на етничките Роми се намалила од 1,4 на 1,3%, додека застапеноста на другите помали заедници се зголемила. Што се однесува до правичната застапеност во јавната сфера, застапеноста на Албанците е повеќе од 20%. 2% Турци, 1,5% Срби, 0,7% Власи, 0,5% Бошњаци и 1,3% Роми, во споредба со 75,6% Македонци укажуваат дека институциите користат селективна примена и почитување на принципот на правична застапеност. Исто така, ја покажува нерамнотежата во односот помеѓу вкупното население во земјата, како појдовна точка и репер за имплементација и признавање на правичната застапеност Ова укажува на тоа дека од страна на органите и институциите има селективна примена и почитување на начелото на соодветна и правична застапеност, но воедно го покажува дисбалансот во соодносот со вкупното население во Република Македонија, како појодвна точка и мерило за примената и почитувањето на принциот на соодветната и правичната засатпеност. Особена незастапеност во државна и јавна администрација ромската заедница има во делот на раководни позиции каде процентот на исполнетост изнесува 0.2%. |
||
Стратешка цел: Канализирање на приоритетите на Ромите во националната и ЕУ агенда | ||||
Приоритетна област | Хармонизација на право Цел на приоритет: Проценка на влијание на регулативата врз ромската заедница
СТРАТЕШКА ЦЕЛ: СЕНЗИТИВИЗИРАЊЕ НА НАЦИОНАЛНИТЕ И ЛОКАЛНИТЕ ИНСТИТУЦИИТЕ ЗА АНТИ-ЦИГАНИЗАМ Приоритетна област | Доследно имплементирање на законот за заштита од дискриминација Цел на приоритет: Реформа на комисијата за заштита од дискриминација
|
![]() |
Често новите законски регулативи, имаат негативно влијание врз ромската заедница односно поставуваат пречка во остварување на некое од нивните права. При носењето на одредени закони досега не се проценувало нивното влијание кон Ромите, и поради овој факт заедницата, постојано се соочува со законски пречки. Целта е да се доставуваат амандмани и навремено да се превенираат негативни последици од законските решенија. Со новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација се воспостави нов орган – Комисијата за заштита од дискриминација, што постапува по претставки за наводно сторена дискриминација од страна на државните органи и други органи со јавни овластувања, но и кога дискриминацијата е извршена од страна на поединци и правни лица во приватниот сектор. Сепак, со примената на Законот и почнувањето со работа на Комисијата беа утврдени низа недоследности, што влијаат и на ефективноста во заштитата од дискриминација и на припадниците на ромската етничка заедница. Иако бројот на претставки од страна на ромската заедница се зголемува, комисијата досега не поведе ниту една судска постапка за утврдување на дискриминација пред надлежен суд. Дополнително законот не ја предвидува сегрегацијата како облик на дискриминација и не дозволува actio populais. Со новиот предлог Закон овие два сегменти се вклучени, меѓутоа нивната примена дополнително треба да се следи. |
||