Тековни проекти

Име на проект:

Генерална поддршка и граѓанско општество за Интеграција на Ромите – Втора фаза

Имплементирано од:

Институт за истражување и анализа на политики Ромалитико

Поддржано од:

Канцеларија за Ромски Иницијативи, Фондација Отворено Општество Берлин

Локација:

Северна Македонија

Период на имплементација:

01.01.2021 – 31.12.2022

Краток опис:

Главната цел на проектот е Инклузија на Ромите во јавните политики во Република Македонија.

- Одржување на Владата на РМ одговорна за спроведување на Националната Стратегија за Роми и обезбедување на повисоко ниво на имплементација на активностите поврзани со Националните Акциони планови за Роми;

- Зголемување на реализацијата на националниот буџет според планираниот буџет и зголемување на буџетот на годишно ниво;

- Зголемување на учеството на ромската заедница во претстојниот попис на населението и нивно активно учество на локалните избори

- Следење на имплементацијата на принципот за соодветна и правична застапеност во јавна администрација.

- Канализирање на интересите на ромската заедница во процесот на ЕУ интеграција

Веб сајт:

www.romalitico.org

Лице за контакт:

Елвис Шаќири



Име на проект:

Проект на УСАИД за инклузија на Ромите

Имплементирано од:

Водечка организација: Институт за истражување и анализа на политики Ромалитико

Партнери: РЕДИ, Ромаверзитас, Romano Avazi

Поддржано од:

УСАИД

Локација:

Северна Македонија со таргет од 20 општини

Период на имплементација:

11.01.2021 - 10.01.2024

Краток опис:

Целта на Проект на УСАИД за инклузија на Ромите е да ја поттикне и мотивира ромската заедница и граѓанските организации да преземат лидерски улоги во развојот и спроведувањето на националните стратегии и политики кои се однесуваат на инклузијата на Ромите и да ги повика на одговорност и отчетност владините институции одговорни за решавање на ромските прашања и потреби. Преку овој проект ќе промовираме активности за адресирање на прашања поврзани со човековите права, кои самата ромска заедница ги идентификуваше како приоритети. Ќе поддржиме активности за образование што ја подигнуваат свеста на Ромите за нивните човекови права и механизмите за решавање на повредите на правата.

Преку овој проект, имаме за цел да ги намалиме стереотипите и предрасудите кон Ромите со намалување на нивната ранливост кон економска сиромаштија и намалување на зависноста од јавна помош. Ќе поддржуваме активности за зголемување на свеста на јавноста за потребите на Ромите и потенцијалот на ромската заедница да придонесе за општеството. Преку оваа активност, ние понатаму ќе соработуваме со ромските заедници од 20 општини, граѓански организации и релевантни владини институции. Водени од принципот на локална сопственост, ние целосно ќе се потпреме на локалните капацитети за извршување на проектни активности. Центрите на заедниците во 20 општини ќе обезбедат учество на Ромите во политичките одлуки на локално ниво и ќе обезбедиме правно, здравствено, психосоцијално, работно и други видови на советување и помош на ромското население.

Веб сајт:

www.romalitico.org

Лице за контакт:

Елвис Шаќири



Име на проект:

Промовирање на меѓукултурно разбирање, помирување и прифаќање

Имплементирано од:

Водечка организација: Институт за ромска култура во Албанија (ИРКА)

Партнер: Институт за истражување и анализа на политики Ромалитико

Поддржано од:

Регионална канцеларија за младинска соработка (РКМС)

Локација:

Албанија и Северна Македонија

Период на имплементација:

23.02.2021 - 23.10.2021

Краток опис:

Промовирање на прекуграничен интеркултурен дијалог помеѓу младите припадници на малцинствата и младите кои не се дел од малцинствата во Северна Македонија и Албанија, преку образование, процеси на градење на капацитети и младинска работа.

ЦЕЛИ:

1. Идентификување и разменување добри практики во борбата против дискриминацијата на ранливите и маргинализираните заедници и промовирање на толеранцијата меѓу малцинствата во Албанија и Северна Македонија

2. Овозможување на млади од млацинствата и на млади кои не се дел од малцинствата од Албанија и Северна Македонија заеднички да развиваат, водат и спроведуваат квалитетни проекти во врска со меѓукултурното прифаќање и прекуграничната мобилност, преку придонес кон меѓукултурното прифаќање и диверзитет во локалните заедници.

Web site:

www.romalitico.org

Лице за контакт:

Надир Усеин



Име на проект:

Образование на деца Роми во време на Ковид

Имплементирано од:

Институт за истражување и анализа на политики Ромалитико

Поддржано од:

Ромски Едукативен Фонд

Локација:

Северна Македонија со таргет на Прилеп и Шуто Оризари

Период на имплементација:

01.04.2021 – 10.06.2021

Краток опис:

Главната развојна цел на проектот е да се постигне вклучување на децата Роми во раното детско образование преку навремена реакција за креирање безбедна средина во градинките, подобрување на пристапот, посетеноста и достигнувањата на учениците Роми во основното образование и подобрување на резултатот во средно образование на матуранти Роми за положена државна матура и процесот за запишување на факултет.

Web site:

www.romalitico.org

Лице за контакт:

Суад Скендери



Име на проект:

Миграциски триалог на Балканот

Имплементирано од:

Водечка организација: СОВЕТ ЗА БЕГАЛЦИ БАДЕН - ВИРТЕМБЕРГ

Партнер: Институт за истражување и анализа на политики Ромалитико

Поддржано од:

Еразмус +

Локација:

Северна Македонија, Србија и Германија

Период на имплементација:

09.2020 – 02.2022

Краток опис:

Со воспоставување мрежа помеѓу вклучените страни во советувањето и помагањето на бегалците и мигрантите во Германија и организациите од ромската заедница во Србија и Северна Македонија, нашиот проект ќе промовира социјална вклученост и разновидност преку подобрување на квалитетот на информациите достапни за оние кои се вклучени во советувањето и едукација на мигранти и потенцијални мигранти од ромската заедница во Србија и Северна Македонија, во врска со миграцијата во Германија. Со давање точни и ажурирани информации во врска со законската рамка за миграција во Германија ќе се помогне во борбата против гласините и лажните вести во врска со ова прашање.

Проектот исто така ќе понуди можност да се обезбедат повратни информации до надлежните актери во Германија во врска со искуствата и прашањата на ромската заедница во справувањето со процесот на миграција во Германија, како и искуствата на дискриминација. Исто така, ќе помогне во едукација на релевантни актери во Германија (како и пошироката јавност) во врска со состојбата на Ромите во овие земји, подигање на свеста за прашања како сегрегација, дискриминација и расизам. Со тоа, проектот ќе придонесе кон помагање на процесот на интеграција на луѓето со мигрантско потекло во Германија. Проектот треба да се осврне и на прашањето за враќање на мигрантите.

Web site:

www.romalitico.org

Лице за контакт:

Алберт Мемети



Име на проект:

ROMACTED II Phase Programm

Имплементирано од:

Институт за истражување и анализа на политики Ромалитико

Поддржано од:

Совет на Европа

Локација:

Северна Македонија

Период на имплементација:

01.05.2021 – 30.11.2024

Краток опис:

Главната цел на проектот, според Повикот за предлози (CfP), е подобрување на локалната демократија, отчетност, инклузивност

и одговорност кон ромските граѓани и подобрена испорака на услуги.

Проектот ќе има за цел да ги постигне следниве резултати (како што е наведено во CfP):

- Зајакнување на капацитетот на локалните власти за извршување на своите улоги и одговорности на ефективен и ефикасен начин кога станува збор за дизајнирање и спроведување на планови, политики и проекти, особено активни мерки за вклучување кои ја подобруваат интеграцијата на Ромите;

- Поддршка на воспоставување и спроведување на механизми и процеси кои промовираат и обезбедуваат стандарди на добро управување и сопственост од страна на локалните власти и администрациите на ефективни напори за интегриран развој што опфаќаат образование, вработување, здравствена заштита, домување, урбан развој и култура;

- Опремување на локалните власти со алатки, знаења и вештини кои ќе им овозможат да ги надминат предизвиците и бариерите со кои често се соочуваат кога станува збор за земање во предвид на потребите на Ромите, така што тие ќе станат повеќе ориентирани кон граѓаните, одговорни и отчетни;

- Подобрување на ефикасноста, ефективноста и одржливоста на локалните политики, мерките и испораката на услуги;

- Поддршка на соработката меѓу општините кои сакаат да дизајнираат и спроведат заеднички конкретни мерки и проекти за интеграција.

- Ублажување на ефектите од Ковид19 со посебен фокус на градење локални стратегии и одговор на заедницата предводена од граѓаните.

Web site:

www.romalitico.org

Лице за контакт:

Мерзиха Усеин

Партнери и поддржувачи

   
   
     

Пронајдете не’

Контактирајте со нас

ул. Аминта трети (Ленинова) бр.33А/1-25,
1000 Скопје, Северна Македонија

+389 75 314 504

[email protected]