Појавата на КОВИД-19 вирусот во Кина во текот на минатата година како и брзото ширење на вирусот во светски рамки придонесе Светската здравствена организација за прв пат да прогласи пандемија во целиот свет. Оваа невидена глобална криза е обележана и со погрешно комуницирање во врска со непосредната закана на КОВИД-19, што доведува до неактивност и забуна во јавноста. Во процесот на информирање на граѓаните во услови на глобална криза особена одговорност имаат медиумите.
Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико ја согледа потребата од утврдување на моменталната свест за КОВИД-19, перцепцијата за сериозноста на нејзината закана, нивото на загриженост на населението и пристапи кон спроведување на Анкетен прашалник за степенот на информираност на населението. Онлајн анкетата се спроведуваше во временски период од 26 март – 5 Април, 2020 година. Истражувањето имаше неколку цели и тоа: - Да се провери информираноста на граѓаните за вести поврзани со коронавирус (КОВИД19), вклучувајќи и проверка на извори и известување од релевантни извори. - Да се истражат ставовите на граѓаните поврзани со одлуките на надлежните власти, оптимизмот и предвидувањето на последиците од коронавирусот. - Да се истражат степенот на согласност за одредени актуелни ставови кои се појавија за време на кризата со коронавирусот.
|
![]() |