Јавно и политичко учество на жените Ромки

Родовата рамноправност и унапредувањето на положбата на жените во општеството претставува едно од фундаменталните начела на демократијата и општествениот поредок, чија основа е автономија на единката и права и слободи. Според тоа, секој човек има право да учествува во одлуки кои го дефинираат нејзиниот или неговиот живот. Ова право е основа на идеалот за еднакво учество во процесот на одлучување кај жените и мажите. Жените треба да учествуваат рамноправно со мажите во сите процеси од секојдневното живеење, затоа што тие најдобро ја познаваат нивната состојба во која се наоѓаат (UNDP, 2014). Тие треба да бидат вклучени во сите нивоа на одлучување бидејќи и тие имаат свои гледишта во јавниот и приватниот живот. Според статистиката на Меѓународната Организација на Трудот (ILO), во последните дваесет годни (1995 – 2015) партиципацијата на жените на пазарот на трудот во светски рамки е намалена од 52.4% на 49.6% (ILO, 2015). Во однос на застапеноста на жената во политиката во рамките на 193 членки на Обединетите нации, жените учествуваат само со 22.8% во националните парламенти (Inter-Parlimentary Union , 2016). Овие бројки потврдуваат дека жените во светот се недоволно застапени во секој домен од социополитичкиот живот, недоволно застапени во парламентите и далеку позиционирани од сите нивоа на одлучување...  

Партнери и поддржувачи

   
   
     

Пронајдете не’

Контактирајте со нас

ул. Аминта трети (Ленинова) бр.33А/1-25,
1000 Скопје, Северна Македонија

+389 75 314 504

[email protected]