ЗАЕДНО ЗА ПРОСПЕРИТЕТНА ЗАЕДНИЦА

Цели

Воспоставување на одржливи механизми за мобилизација на заедницата.

Развој на капацитети на ромската заедница за планирање, финансирање и имплементирање на решенија за сопствените развојни предизвици и приоритети.

Времетраење на проектот

Јуни 2021 – Јуни 2025

Донатор

УСАИД – $1.43 милиони

Спроведувач

Институт за истражување и анализа на политики – Ромалитико

Во соработка со партнер организации:

  • Здружение Иницијатива за Економски Развој на Ромите РЕДИ
  • Романо Авази
  • Ромаверзитас

Клучни национални партнери

  • Седумнаесет општини
  • Граѓански организации
  • Министерство за финансии
  • Министерство за транспорт и врски
  • Министерство за локална самоуправа
  • Национална контакт точка за Роми

Проектен директор

Суад Скендери
[email protected]

ПОЗАДИНА

Мобилизација на луѓе и ресурси за адресирање на приоритетни прашања постојано се јавува како итна потреба во ромската заедница. Ромите и понатаму остануваат најмаргинализираната етничка група во Северна Македонија. Многу владини стратегии и програми насочени кон решавање на различни ромски прашања не ги дадоа очекуваните позитивни ефекти врз животот на Ромите.

Ромите првенствено живеат во сегрегирани заедници на кои често им недостасува основна инфраструктура за квалитетен живот, како што се асфалтирани патишта, електрична енергија, водоснабдување и канализациски системи. УСАИД придонесува во напорите на Северна Македонија да промовира инклузивност, да ја подобри економската безбедност и раст, да ги ангажира младите во социјалните и економските можности и да ја зголеми одговорноста и отчетноста на локалните власти кон граѓаните.

Основен принцип за успех е локалната сопственост и засилување на локалниот капацитет за постигнување резултати

ОПИС НА ПРОГРАМАТА

Оваа програма е дел од иницијативата Local Works на УСАИД Северна Македонија, преку која УСАИД ги овластува локалните актери да преземат водство во идентификувањето и справувањето со развојните предизвици во нивните заедници.

Општата цел на Заедно за просперитетна заедница е да воспостави одржливи системи и да ги развие капацитетите на ромските заедници за да можат да планираат, финансираат и имплементираат решенија за нивните сопствени развојни приоритети и потреби.

Оваа активност ги поддржува ромските заедници низ целата земја да имплементираат акции и иницијативи на заедницата. Различни локални чинители — вклучувајќи граѓани, приватни бизниси, локални власти, граѓански организации, локални лидери, национални владини институции, влијателни членови на заедницата, ромска дијаспора, млади, жени и други формални и неформални граѓански групи — се клучни актери во идентификувањето и и давањето приоритет на овие активности.

Преку обука, менторство и образование, програмата ги опремува засегнатите страни со знаења и вештини за планирање, развој и мобилизирање ресурси за локални иницијативи кои го подобруваат животниот стандард и просперитетот на ромските заедници. Оваа програма е координирана преку осум регионални канцеларии за ресурси кои покриваат 17 општини: Шуто Оризари, Чаир, Ѓорче Петров, Тетово, Гостивар, Куманово, Кочани, Виница, Берово, Радовиш, Струмица, Прилеп, Битола, Велес, Штип, Неготино и Кавадарци.

ПОСТИГНУВАЊА И ВЛИЈАНИЕ

Осум локални ресурсни канцеларии (ЛРО) се отворени за да служат како центри на заедницата каде што граѓаните Роми и другите засегнати страни (актери за развој на заедницата) имаат можност да се соберат и да разговараат за локални прашања. ЛРО се клучни за мобилизирање луѓе и ресурси за дизајнирање и спроведување на локални акции предводени од заедницата.

Сто приоритетни прашања и потреби беа мапирани преку консултации со ромските заедници, општините, претставниците на граѓанските организации, жените, младите и другите засегнати страни во 17 општини. Преку оваа програма, овие приоритети ќе се трансформираат во акции предводени од заедницата.

Во соработка со локалните организации РЕДИ, Ромаверзитас и Романо Авази, Ромалитико воспостави мрежи за бизнис, алумни и дијаспората. Мрежата на дијаспората вклучува учесници од Германија, Франција, Италија, Австрија, Холандија, Данска, Шведска и Белгија. Членовите на мрежата преземаат активна улога во планирањето, финансирањето и спроведувањето на активностите во заедницата.

Дваесет и едно лице беа опремени со знаења и вештини за поддршка на развојот и имплементацијата на локални акции и иницијативи. Тие беа ангажирани да служат како консултанти за бизнис, алумни и дијаспората, помагајќи да се идентификуваат приоритетите на заедницата, да се иницираат состаноци со засегнатите страни, планираат активности во заедницата, генерираат ресурси и спроведуваат решенија на локално ниво.

Во текот на првата година на програмата, членовите на заедницата учествуваа и ги завршија следните акции предводени од заедницата:

  • Во Куманово, расчистување на дива депонија до детско игралиште во ромско маало. Дополнително, беше обоена и поправена опремата за игралиште.
  • Во Берово поставување сообраќајни знаци во ромските населби, во соработка со локалната самоуправа.
  • Во Штип расчистување на дива депонија во ромско маало и поставување на три контејнери во соработка со локалната власт и институциите.
  • Во Шуто Оризари хортикултурно уредување околу локалната џамија.

Оваа страница е подготвенa со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Информациите на оваа страница не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за Меѓународен Развој или на Владата на Соединетите Американски држави.

За повеќе информации за работата на УСАИД во Северна Македонија посетете ја нивната веб страница USAID North Macedonia website или фејсбук страница USAID North Macedonia Facebook.

ОУ „Ванчо Китанов“ во селото Црник, Пехчево доби 3 нови тоалети

ОУ „Ванчо Китанов“ во селото Црник, Пехчево доби 3 нови тоалети

Во целосно нова доградба на крајот од училниците, ОУ „Ванчо Китанов“ во селото Црник, Пехчево доби 3 нови тоалети (со посебна кабина за лица со посебни потреби). Сите 63 ученици...

read more
Суад Скендери на Форумот за филантропија 2024

Суад Скендери на Форумот за филантропија 2024

Нашиот програмски менаџер, Суад Скендери, ги сподели искуствата и предизвиците од нашето делување како Институт Ромалитико на тема “Подигнување на довербата во граѓанскиот...

read more
Замената на 28 врати во ОУ „Братсво Миѓени“ во Тетово

Замената на 28 врати во ОУ „Братсво Миѓени“ во Тетово

Со замената на 28 стари и нефункционални врати повеќе од 1720 ученици добија подобри услови за мирно следење на часовите и наставата. Успешно е завршена уште една локална акција...

read more
Асфалтирање на крак од улица „Панко Брашнаров“ во должина од 240 метри

Асфалтирање на крак од улица „Панко Брашнаров“ во должина од 240 метри

Започна реализирање на уште една успешна приказна и уште едно трајно дело кое е во интерес на Ромите. Во тек е асфалтирање на крак од улица Панко Брашнаров во должина од 240...

read more
Асфалтирани се две улици во Ѓорче Петров по повеќе децении!

Асфалтирани се две улици во Ѓорче Петров по повеќе децении!

Асфалтирани се две улици во Ѓорче Петров по повеќе децении! Ул. „Лука Геров 14“ во должина од над 170 метри и ул. Црногорска во должина од над 300 метри. Вкупната вредност на...

read more
Бетонирани се две улици во Струмица по повеќе децении!

Бетонирани се две улици во Струмица по повеќе децении!

Бетонирани се две улици во Струмица по повеќе децении! Крак на ул. „Братство“ во должина од 145 метри и ул. „Ѓорѓи Василев“ во должина од над 100 метри. Вкупната вредности на...

read more
Локална акција за доградба на тоалети во О.У. Ванчо Китанов, с. Црник, Пехчево

Локална акција за доградба на тоалети во О.У. Ванчо Китанов, с. Црник, Пехчево

Започнаа градежните активности во рамки на локалната акција „Доградба на тоалети во О.У. Ванчо Китанов, с. Црник, Пехчево“. Оваа акција се имплементира во соработка со општина...

read more