Стратешки цели

Остварување на правата на ромската заедница загарантирани со Охридскиот рамковен договор
Приоритетна област| Користење на јазикот и симболите

Цел на приоритет: Унапредување и реализација на употребата на Ромскиот јазик и симболите

1. Специфична цел: Користење на ромскиот јазик и симболите во општините каде што живеат поголем процент на Роми

И покрај што е загарантирано со ОРД користењето на јазикот и симболите на локално ниво освен во Шуто Оризари, останатите општини не се посветуваат на развојот на културата, употреба на јазикот, изучување на јазикот во образованието и употребата на симболите на ромската заедница. Водени од позитивната пракса на општина Куманово која што преку советот донесе одлука за ромскиот јазик да стане официјален јазик на општината и покрај тоа што ромската заедница не го исполнува членот кој што предвидува дека е потребни се 20% од вкупното население да се декларира дека припаѓа на одредена етничка заедница.

Зголемување на политичкото претставување на Ромите и обезбедување добро владеење на избраните функционери
Приоритетна Област | Избори и добро владеење

Цел на приoритет: Ромската заедница го остварува своето право на глас преку информиран избор.

1. Специфична цел: Едукација на гласачите за информиран избор

2. Специфична цел: Отчетност и достапност на избраните функционери пред и по изборите.

Република Македонија во последните неколку години многу често организира избори при што гласовите на ромската заедница се најчесто злоупотребувани во полза на одредени политички субјекти. Голем дел од ромската заедница гласаат не гласаат по свое убедување и не се информирани за што точно гласаат. Исто така, голем дел од ромската заедница не излегуваат да гласаат на избори поради неинформираност, пасивност, притисок да гласаат за одредена политичка партија или пак ја изгубиле довербата дека нешто може да промени нивниот глас.

Канализирање на приоритетите на Ромите во националната и ЕУ агенда преку таргетирани и меинстрим јавни политики
Приоритетна Област | Преговори на Рeпублика Северна Македонија со ЕУ

Цел на приoритет: Интеграцијата на Ромите да биде дел од преговорите за пристапување во Република Македонија

1. Специфична цел: Вклучување на потребите на Ромите во јавните политики во Македонија

2. Специфична цел: Учество на Ромите во процесот на интеграција на земјата во ЕУ

Република Македонија со договорот од Преспа чекори кон решавање на спорот со Република Грција, а со тоа и кон започнување на преговори за влез во ЕУ и НАТО. Меѓутоа, ромската интеграција во Република Македонија продолжува да биде само декларативно изнесена од страна на државата и политичарите без да бидат преземени посериозни чекори. И покрај тоа што е започнат скрининг процесот, а многу веројатно наскоро ќе започнат да се отвораат и поглавјата, многу веројатно е Роми да не учествуваат во работните групи. Неучествувањето во овие процеси ќе значи и изоставување на ромската интеграција и губење на фокус на државната агенда.

Сензитивизирање на националните и локалните институции за постоењето на Антициганизмот
Приоритетна Област: Антициганизам

Цел на приоритет: Подигање на свеста на институционално ниво за постоењето на антициганизмот

1. Специфична цел: Подигнување на свеста на институционално ниво за антициганизмот

Во Република Македонија концептот на антициганизам сеуште се гледа низ призмата на дискриминација без да се има во предвид дека антициганимот претставува широк концепт на расизам изразен кон ромската заедница. Исто така, ромската заедница не е информирана што точно претставува антициганизмот, иако секојдневно се соочуваат со различни форми на антициганизам. Недоволната информираност на државните институциите за постоењето на институционален антициганизам придонесува расизмот кон ромската заедница да се проширува без никој да сноси одговорност.

Анализа на политики

ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ТЕРЕНСКИ СОРАБОТНИЦИ

ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ТЕРЕНСКИ СОРАБОТНИЦИ

Датум на објава: 18.09.2023 Краен рок на аплицирање: 25.09.2023 Работно време: Пола работно време Институтот за истражување и анализи на политики – Ромалитико во периодот од јануари 2021 до јануари 2026 година го спроведува проектот насловен Проект на УСАИД за...

ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕДЕН (1) ПРОЕКТЕН МЕНАЏЕР

ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЕДЕН (1) ПРОЕКТЕН МЕНАЏЕР

Позиција: Еден (1) проектен менаџер Место: Скопје, Република Северна Македонија Работен јазик: Македонски јазик Работно време: 8 работни часа дневно Рок за аплицирање: 12 септември 2023 Институтот за истражување и анализи на политики – Ромалитико во периодот Јануари...

ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА АДМИНИСТРАТИВЕН СОРАБОТНИК (ПРОДОЛЖЕН РОК)

ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА АДМИНИСТРАТИВЕН СОРАБОТНИК (ПРОДОЛЖЕН РОК)

Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико Скопје распишува оглас за едно (1) слободно работно место на позиција административен соработник.   Административниот соработник/чка ќе биде одговорен/а за водење на административните аспекти на...

Програма за економски развој

Програмата за економски развој се фокусира на креирање на јавни политики за политики за вработување и формализација на неформалната економија, вклучување на интересите на Ромите во фондовите на ЕУ, мониторинг на државниот буџет и локалниот буџет, како и промоција на политики за економски развој на Ромската заедница. Нашата цел да креираме висококвалитетни истражувања, политики базирани на докази и да ги застапуваме интересите на Ромската заедница.

Стратешки цели

Канализирање на приоритетите на Ромите во националната и ЕУ агенда преку таргетирани и мејнстрим политики.
Приоритетна Област | Вработување

Цел на приоритет: Зголемување на вработеноста на Ромите во Република Македонија

1. Специфична цел: Зголемување на опфатот на Роми како корисници на постоечките мерки за вработување

2. Специфична цел: Воведување на нови програми во рамките на постоечките мерки за вработување кои ги отсликува потребите на Ромската заедница. 

3. Специфична цел: Вклученост на Ромските млади во програмата за Гаранција за млади

 

Приоритетна област | Економски развој на заедницата

Цел на приоритет: Локален економски развој на Ромската заедница

 

1. Специфична цел: Зголемување на опфатот на Роми како корисници на постоечките мерки за вработување

2. Специфична цел: Носење на политики за рамномерен регионален развој и вклучување на Ромите во постоечките стратегии за Локален економски развој

Буџетското издвојување на државата за Ромската заедница во однос на интеграција е на многу ниско ниво и се движи од 290,000 до 750,000 евра реализиран буџет на годишно ниво. Покрај тоа што буџетот е премногу мал за постигнување на видливи промени кај Ромската заедница, истиот не се реализира според планот на почетокот на годината и дополнително се крати при ребаланс на буџетот. Капиталните расходи за поддршка на инфраструктурата на Ромската заедница се многу ниски и државата покрај “стандардното“ издвојување во рамките на 4-те приоритети од Националната стратегија не издвојува дополнителни средства.

Од досегашните анализи, идентификувани се неколку причини и тоа:

  • Мала политичка моќ за влијание врз државниот буџет
  • Недоволно познавање и разбирање на буџетските процеси

ИПА фондовите претставуваат можност за директна поддршка на Ромската заедница во унапредување на нивната положба. Досегашната распределба на ИПА фондовите се одвива преку “надворешно“ дефинирање на потребите, без притоа да се земат реалните потреби на Ромската заедница. Како резултат на тоа ефектот од програмите и финансирањето од ИПА фондовите е мал врз Ромската заедница. Дополнително, административните бариери и слабиот капацитет на Ромските НВО и институциите да ги апсорбираат фондовите придонесува за пропуштање на можноста за решавање на одредено прашање од заедницата.

Искористување на фондовите (државниот буџет и финансирањето на ЕУ) за директна поддршка на Ромите
Приоритетна област | Државниот буџет

Цел на приоритет: Државниот буџет ги поддржува приоритетите на Ромите

1. Специфична цел: Зголемување на државниот буџет за интеграција на Ромите

2. Специфична цел: Вклучување на приоритетните потреби на Ромската заедница во државниот буџет

3. Специфична цел: Искористување на локалниот буџет на општините за решавање на локалните проблеми на Ромската заедница 

Приоритетна област | ЕУ фондови

Цел на приоритет: Цел на приоритетот: Доследно искористување на ИПА фондовите

1. Специфична цел: Зголемена финансиска рамка за поддршка на Ромската заедница

2. Специфична цел: Вклучување на приоритетните потреби на Ромската заедница во државниот буџет

3. Специфична цел: Финансирање на приоритетите на Ромската заедница

Невработеноста на Ромите во последните три години како удел во вкупната евидентираната невработеност се зголемила од 4 % во 2015 на 6.3% во 2017, и 9 .0% во 2019 година. Ваквата состојба укажува дека постоечките активности во рамките на активните мерки за вработување не придонесуваат во намалување на невработеноста на Ромите. Од досегашните анализи произлегуваат неколку причини:

  • Мал опфат на Ромите како корисници во постоечките активни мерки за вработување (само 3% удел на Ромите во вкупните корисници
  • Недоволно квалификуван кадар и искуство за прво вработување
  • Лимитиран сет на активни мерки за вработување кои не се во склад со потребите на заедницата
  • Недоволна поддршка во формализирање на бизнисот како и бариери за формализација од аспект на трошоци

Постоечките политики и инвестиции во делот на економија и претприемништво генерално се во поддршка на големите бизниси и стимулираат одредени сегменти како што се млади и ИТ сектор. Во оваа насока постоечките политики не ги вклучува интересите на Ромскиот неформален и формален бизнис сектор. Бизнис окружувањето на ромските претприемачи и понатаму е недоволно развиено во поглед на инфраструктура, пристап до финансии, стимулирачки мерки и политики за бизниси. Иако постојат одредени политики кои се актуелни преку Фондот за иновации и активните мерки за вработување, истите во мала мера се искористени од страна на Ромските претприемачи.

Главни причини за ваквата состојба се:

  • Слабо лоби и моќ на Ромската бизнис заедница
  • Неинформираност и непознавање на можностите