РЕГИОНАЛЕН ПРОЕКТ „Надвор од бариерите: Резилиентност на Ромите во Западен Балкан“

Цели

Целта на проектот е зајакнување на регионалната инклузија на Ромите во Западен Балкан преку политики и иницијативи за справување со економските разлики, борба против антициганизмот и промовирање на социјална интеграција.

Времетраење на проектот

02 Декември 2024 – 01 Октомври 2027

Поддржано од

Европска Унија

Имплементирано од

Институт за истражување и анализа на политики Ромалитико

КРАТОК ОПИС НА ПРОЕКТОТ

Овој проект има за цел да го унапреди економскиот статус, социјалната инклузија и борбата против антициганизам во земјите на Западен Балкан (Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Албанија и Косово) преку три клучни компоненти:

  1. Регионален ХАБ: Проектот ќе воспостави координирана Регионална мрежа на Ромски организации, која ќе работи на унапредување на политиките за инклузија на Ромите. Ќе се промовираат и следат политики и реформи за Ромите во најмалку пет земји, со фокус на потребите на Ромската заедница и активните граѓански мрежи. Регионалната мрежа ќе се фокусира на следење на секторските реформи на Европската Унија за Роми , ќе ги мапира потребите на ромската заедница и ќе го застапува нивното вклучување во политиките, како и создавање на донаторска платформа за координација на поддршката за инклузијата на Ромите на Балканот.
  2. Економски Напредок: Проектот ќе понуди специфични економски иницијативи за Ромите, вклучувајќи обуки за вработување, развој на социјални претпријатија и стартапи, како и формирање на заеднички напори за зголемување на економската инклузија на Ромската заедница во Западен Балкан.Оваа компонента ќе се фокусира на професионално обучување и вработување на Ромите, вклучува спроведување на проценка на потребите, развој на специјализирани професионални програми, ангажирање на квалификувани тренери и персонализирано менторство за подобрување на можностите за вработување. Во рамки на оваа компонента ќе се спроведат истражувања и анализи на пазарот на труд со цел да се идентификуваат  индустрии со потенцијал за раст во Западен Балкан, односно сектори во економијата кои имаат перспектива за проширување и развој, со зголемена побарувачка, иновации и создавање нови работни места, во насока да се следат тековните трендови и отварање на нови можностите за вработување. Воспоставување на партнерства со бизнис секторот со цел да се идентификуваат нивните потреби и да се одговори на истите преку воспоставување на дата база на потенцијални работници. Поддршка на невработените Роми за аплицирање при работа и нивно поврзување со потенцијални работодавци. Соработка со националните институции за вработување во насока на постигнување на инклузивен пазар на труд со еднакви можности за Ромите.
  3. Антициганизам: Проектот ќе работи на подигање на свеста за антициганизмот преку застапување на јавните политики и создавање на платформи за регионален и национален дијалог. Активностите вклучуваат преглед на постојната легислатива со цел да се идентификуваат празнини и области во однос на антициганизмот и негово адресирање преку предлог на стратешки и реформи во легислативата, осигурувајќи правни одредби кои ги превенираат и заштитуваат правата на Ромите.

Проектот има три главни резултати:

  • Формирање на координирана и единствена Регионална мрежа на Ромски организации
  • Таргетирани економски иницијативи за зајакнување на економската позиција на Ромската заедница во Западен Балкан со реални подобрувања на економските услови за Ромите во регионот
  • Формирање на кооперативна регионална мрежа за зголемување на свеста и акцијата против антициганизмот на регионално и национално ниво преку ефективна застапеност.

Проектен Менаџер

Марија Сулејманова
[email protected]