ПРОЕКТ НА УСАИД ЗА ИНКЛУЗИЈА НА РОМИТЕ

Цели

Намалување на дискриминацијата врз Ромите. Подобрување на вклученоста на Ромите во општеството.

Времетраење на проектот

Јануари 2021 година – Јануари 2026 година

Финансиска поддршка од УСАИД

1 милион долари

Партнер за имплементација

Институт за истражување и анализа на политики Ромалитико

Проектен директор

Елвис Шаќири
[email protected]

Времетраење на проектот

Јануари 2021 година – Јануари 2026 година

ПОЗАДИНА

Ромите се најранлива и загрозена етничка заедница во Северна Македонија. Анкетите покажуваат дека останатите заедници ги перцепираат како заедница во која имаат најмалку доверба. Ромите доживуваат бројни предизвици во нивните секојдневни животи поради предрасуди, дискриминација и расизам, што создава бариери за нивно социјално вклучување, зајакнување, вработување, учество во креирање на политики процеси и структури на национално и локално ниво.

ОПИС НА ПРОГРАМАТА

Целта на Проект на УСАИД за инклузија на Ромите е да ја мотивира ромската заедница и граѓанските организации (ГО) да преземат лидерски улоги во развојот и спроведувањето на националните стратегии и политики кои се однесуваат на вклученоста на Ромите и да ги следат и притискаат владините институции за одговорност кон решавање на ромските прашања и потреби. Преку ова партнерство со Институтот за истражување и анализа на политиката „Ромалитико“ ќе промовираме активности за решавање на прашањата за човековите права што ги има ромската заедница и проблемите кои тие самите ќе ги идентификуваат како приоритетни. Ние ќе го поддржиме образованието и активности кои ќе ја зголемат свеста на Ромите за нивните човекови права и механизми за решавање на повредите на правата.

Преку ова партнерство имаме за цел да ги намалиме стереотипите и предрасудите против Ромите со намалување на нивната ранливост кон економска сиромаштија и намалување на нивната зависност од јавна помош. Ние ќе поддржиме активности за зголемување на свеста на јавноста за потребите на Ромите и потенцијалот на ромската заедница да придонесе за општеството.

Преку оваа активност, ние понатаму ќе соработуваме со ромските заедници од 20 општини, ГО, релевантни владини институции и други локални соработници. Водени од принципот на локална сопственост, целосно ќе се потпреме локални капацитети за извршување на проектните активности.

ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ И ВЛИЈАНИЕ

  • Лидерите на ромската заедница и граѓанските организации ќе имаат зголемен капацитет активно да се вклучат во спроведувањето на Националната стратегија „Едно општество за сите“ и стратегијата за Ромите.
  • Ромските лидери, ГО и нивните коалиции ефикасно ќе се залагаат за политичка поддршка и финансиски ресурси за решавање на проблемите на Ромите.
  • Лидерите на ромската заедница и граѓанските организации ќе соработуваат со владата и институциите за да развиваат и спроведуваат политики, акциони планови и иницијативи кои ќе ја подобруваат вклученоста на Ромите во јавниот и приватниот сектор.
  • Ромските заедници ќе имаат зголемено знаење за нивните уставни и човекови права, како и достапните механизми за решавање на прекршувањето на правата.
  • Пошироката јавност ќе има поголема позитивна перцепција за Ромите и зголемена свесност за потребите и прашањата на Ромите.
  • Ромската заедница ќе ги идентификуваа нејзините приоритетни проблеми во однос на човековите права преку инклузивен и партиципативен процес и истите ќе бидат решени преку прилагодени интервенции.
  • Хабовите во 20 општини ќе обезбедат учество на Ромите во одлуките за политики на локално ниво и ќе обезбедат правно, здравствено, психосоцијално, советување за вработување и други видови советувања и помош на ромската заедница.

Оваа страница е подготвенa со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Информациите на оваа страница не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за Меѓународен Развој или на Владата на Соединетите Американски држави.

За повеќе информации за работата на УСАИД во Северна Македонија посетете ја нивната веб страница USAID North Macedonia website или фејсбук страница USAID North Macedonia Facebook.