Програма за политичко зајакнување

Предизвикани од динамичниот политички контекст на државата, програмата за политичко зајакнување на ромската заедница својата работа ќе ја фокусира во следниве програмски приоритети:

Стратешки цели

Остварување на правата на ромската заедница загарантирани со Охридскиот рамковен договор

Приоритетна област| Користење на јазикот и симболите

Цел на приоритет: Унапредување и реализација на употребата на Ромскиот јазик и симболите

1. Специфична цел: Користење на ромскиот јазик и симболите во општините каде што живеат поголем процент на Роми

И покрај што е загарантирано со ОРД користењето на јазикот и симболите на локално ниво освен во Шуто Оризари, останатите општини не се посветуваат на развојот на културата, употреба на јазикот, изучување на јазикот во образованието и употребата на симболите на ромската заедница. Водени од позитивната пракса на општина Куманово која што преку советот донесе одлука за ромскиот јазик да стане официјален јазик на општината и покрај тоа што ромската заедница не го исполнува членот кој што предвидува дека е потребни се 20% од вкупното население да се декларира дека припаѓа на одредена етничка заедница.

Зголемување на политичкото претставување на Ромите и обезбедување добро владеење на избраните функционери

Приоритетна Област | Избори и добро владеење

Цел на приoритет: Ромската заедница го остварува своето право на глас преку информиран избор.

1. Специфична цел: Едукација на гласачите за информиран избор

2. Специфична цел: Отчетност и достапност на избраните функционери пред и по изборите.

Република Македонија во последните неколку години многу често организира избори при што гласовите на ромската заедница се најчесто злоупотребувани во полза на одредени политички субјекти. Голем дел од ромската заедница гласаат не гласаат по свое убедување и не се информирани за што точно гласаат. Исто така, голем дел од ромската заедница не излегуваат да гласаат на избори поради неинформираност, пасивност, притисок да гласаат за одредена политичка партија или пак ја изгубиле довербата дека нешто може да промени нивниот глас.

Канализирање на приоритетите на Ромите во националната и ЕУ агенда преку таргетирани и меинстрим јавни политики

Приоритетна Област | Преговори на Рeпублика Северна Македонија со ЕУ

Цел на приoритет: Интеграцијата на Ромите да биде дел од преговорите за пристапување во Република Македонија

1. Специфична цел: Вклучување на потребите на Ромите во јавните политики во Македонија

2. Специфична цел: Учество на Ромите во процесот на интеграција на земјата во ЕУ

Република Македонија со договорот од Преспа чекори кон решавање на спорот со Република Грција, а со тоа и кон започнување на преговори за влез во ЕУ и НАТО. Меѓутоа, ромската интеграција во Република Македонија продолжува да биде само декларативно изнесена од страна на државата и политичарите без да бидат преземени посериозни чекори. И покрај тоа што е започнат скрининг процесот, а многу веројатно наскоро ќе започнат да се отвораат и поглавјата, многу веројатно е Роми да не учествуваат во работните групи. Неучествувањето во овие процеси ќе значи и изоставување на ромската интеграција и губење на фокус на државната агенда.

Сензитивизирање на националните и локалните институции за постоењето на Антициганизмот

Приоритетна Област: Антициганизам

Цел на приоритет: Подигање на свеста на институционално ниво за постоењето на антициганизмот

1. Специфична цел: Подигнување на свеста на институционално ниво за антициганизмот

Во Република Македонија концептот на антициганизам сеуште се гледа низ призмата на дискриминација без да се има во предвид дека антициганимот претставува широк концепт на расизам изразен кон ромската заедница. Исто така, ромската заедница не е информирана што точно претставува антициганизмот, иако секојдневно се соочуваат со различни форми на антициганизам. Недоволната информираност на државните институциите за постоењето на институционален антициганизам придонесува расизмот кон ромската заедница да се проширува без никој да сноси одговорност.

Анализа на политики

Не се пронајдени резултати

Во моментов нема објави во оваа категорија или за ова пребарување.

Истражувачки трудови

Не се пронајдени резултати

Во моментов нема објави во оваа категорија или за ова пребарување.

Брифови за политика

Не се пронајдени резултати

Во моментов нема објави во оваа категорија или за ова пребарување.

Програма за економски развој

Програмата за економски развој се фокусира на креирање на јавни политики за политики за вработување и формализација на неформалната економија, вклучување на интересите на Ромите во фондовите на ЕУ, мониторинг на државниот буџет и локалниот буџет, како и промоција на политики за економски развој на Ромската заедница. Нашата цел да креираме висококвалитетни истражувања, политики базирани на докази и да ги застапуваме интересите на Ромската заедница.

Стратешки цели

Канализирање на приоритетите на Ромите во националната и ЕУ агенда преку таргетирани и мејнстрим политики.

Приоритетна Област | Вработување

Цел на приоритет: Зголемување на вработеноста на Ромите во Република Македонија

1. Специфична цел: Зголемување на опфатот на Роми како корисници на постоечките мерки за вработување

2. Специфична цел: Воведување на нови програми во рамките на постоечките мерки за вработување кои ги отсликува потребите на Ромската заедница. 

3. Специфична цел: Вклученост на Ромските млади во програмата за Гаранција за млади

Приоритетна област | Економски развој на заедницата

Цел на приоритет: Локален економски развој на Ромската заедница

1. Специфична цел: Зголемување на опфатот на Роми како корисници на постоечките мерки за вработување

2. Специфична цел: Носење на политики за рамномерен регионален развој и вклучување на Ромите во постоечките стратегии за Локален економски развој

Буџетското издвојување на државата за Ромската заедница во однос на интеграција е на многу ниско ниво и се движи од 290,000 до 750,000 евра реализиран буџет на годишно ниво. Покрај тоа што буџетот е премногу мал за постигнување на видливи промени кај Ромската заедница, истиот не се реализира според планот на почетокот на годината и дополнително се крати при ребаланс на буџетот. Капиталните расходи за поддршка на инфраструктурата на Ромската заедница се многу ниски и државата покрај “стандардното“ издвојување во рамките на 4-те приоритети од Националната стратегија не издвојува дополнителни средства.

Од досегашните анализи, идентификувани се неколку причини и тоа:

  • Мала политичка моќ за влијание врз државниот буџет
  • Недоволно познавање и разбирање на буџетските процеси

ИПА фондовите претставуваат можност за директна поддршка на Ромската заедница во унапредување на нивната положба. Досегашната распределба на ИПА фондовите се одвива преку “надворешно“ дефинирање на потребите, без притоа да се земат реалните потреби на Ромската заедница. Како резултат на тоа ефектот од програмите и финансирањето од ИПА фондовите е мал врз Ромската заедница. Дополнително, административните бариери и слабиот капацитет на Ромските НВО и институциите да ги апсорбираат фондовите придонесува за пропуштање на можноста за решавање на одредено прашање од заедницата.

Искористување на фондовите (државниот буџет и финансирањето на ЕУ) за директна поддршка на Ромите

Приоритетна област | Државниот буџет

Цел на приоритет: Државниот буџет ги поддржува приоритетите на Ромите

1. Специфична цел: Зголемување на државниот буџет за интеграција на Ромите

2. Специфична цел: Вклучување на приоритетните потреби на Ромската заедница во државниот буџет

3. Специфична цел: Искористување на локалниот буџет на општините за решавање на локалните проблеми на Ромската заедница 

Приоритетна област | ЕУ фондови

Цел на приоритет: Цел на приоритетот: Доследно искористување на ИПА фондовите

1. Специфична цел: Зголемена финансиска рамка за поддршка на Ромската заедница

2. Специфична цел: Вклучување на приоритетните потреби на Ромската заедница во државниот буџет

3. Специфична цел: Финансирање на приоритетите на Ромската заедница

Невработеноста на Ромите во последните три години како удел во вкупната евидентираната невработеност се зголемила од 4 % во 2015 на 6.3% во 2017, и 9 .0% во 2019 година. Ваквата состојба укажува дека постоечките активности во рамките на активните мерки за вработување не придонесуваат во намалување на невработеноста на Ромите. Од досегашните анализи произлегуваат неколку причини:

  • Мал опфат на Ромите како корисници во постоечките активни мерки за вработување (само 3% удел на Ромите во вкупните корисници
  • Недоволно квалификуван кадар и искуство за прво вработување
  • Лимитиран сет на активни мерки за вработување кои не се во склад со потребите на заедницата
  • Недоволна поддршка во формализирање на бизнисот како и бариери за формализација од аспект на трошоци

Постоечките политики и инвестиции во делот на економија и претприемништво генерално се во поддршка на големите бизниси и стимулираат одредени сегменти како што се млади и ИТ сектор. Во оваа насока постоечките политики не ги вклучува интересите на Ромскиот неформален и формален бизнис сектор. Бизнис окружувањето на ромските претприемачи и понатаму е недоволно развиено во поглед на инфраструктура, пристап до финансии, стимулирачки мерки и политики за бизниси. Иако постојат одредени политики кои се актуелни преку Фондот за иновации и активните мерки за вработување, истите во мала мера се искористени од страна на Ромските претприемачи.

Главни причини за ваквата состојба се:

  • Слабо лоби и моќ на Ромската бизнис заедница
  • Неинформираност и непознавање на можностите

Анализа на политики

Не се пронајдени резултати

Во моментов нема објави во оваа категорија или за ова пребарување.

Истражувачки трудови

Не се пронајдени резултати

Во моментов нема објави во оваа категорија или за ова пребарување.

Брифови за политика

Не се пронајдени резултати

Во моментов нема објави во оваа категорија или за ова пребарување.

Програма за правно зајакнување

Програмата за правно зајакнување се фокусира на остварувацње на правата на ромската заедница загарантирани согласно Уставот на РМ, заштита од дискриминација, влијание врз законската регулатива која што има негативен ефект врз ромската заедница како и влијание врз законската регулатива која што го спречува политичкото претставување на ромите во законодавниот дом и локалните совети.

Стратешки цели

Зголемување на политичкото претставување на Ромите и обезбедување на добро владеење на избраните функционери

Цел на приоритет: Промена на изборен модел закон

1. Специфична цел: Една изборна единица без изборен праг

2. Специфична цел: Воведување на нови програми во рамките на постоечките мерки за вработување кои ги отсликува потребите на Ромската заедница. 

3. Специфична цел: Вклученост на Ромските млади во програмата за Гаранција за млади

Стратешка цел: Остварување на правата на ромската заедница гарантирани СТРАТЕШКА ЦЕЛ: ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВАТА НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА ГАРАНТИРАНИ СОГЛАСНО ОХРИДСКИОТ РАМКОВЕН ДОГОВОР

Приоритетна област | Правична застапеност во јавна администрација

Цел на приоритет: Промена на методологија за распределба на државни и јавни службеници

1. Специфична цел: Зголемување на бројот на вработени Роми во јавна администрација

Сегашиот изборен модел ги фаворизира само поголемите политички партии каде што бројките одлучуваат, при што гласот на малите етнички заедници, вклучително и ромската, имаат помало влијание и вредност. Резултатот на ваквиот однос во рамките на политичкиот натпревар за глас повеќе го девалуира гласот на ромскиот народ кој поради етничко географски и политички скроени изборни единици нема еднакви и фер шанси за квантитативно соединување на гласовите на ромскиот електорат, а со тоа да ја зголеми политичката претставеност на национално ниво. Предлогот за една изборна единица ќе овоможи квантитативно соединување на ромските гласови и фер плеј изборна трка. Овој модел би го спречил бипартизмот во македонскиот и албанскиот блок и би им дал шанса на помалите партии во политиката.

Податоците покажуваат континуирано, но во последно време многу бавно подобрување на правичната застапеност. Застапеноста на етничките Роми се намалила од 1,4 на 1,3%, додека застапеноста на другите помали заедници се зголемила. Што се однесува до правичната застапеност во јавната сфера, застапеноста на Албанците е повеќе од 20%. 2% Турци, 1,5% Срби, 0,7% Власи, 0,5% Бошњаци и 1,3% Роми, во споредба со 75,6% Македонци укажуваат дека институциите користат селективна примена и почитување на принципот на правична застапеност. Исто така, ја покажува нерамнотежата во односот помеѓу вкупното население во земјата, како појдовна точка и репер за имплементација и признавање на правичната застапеност Ова укажува на тоа дека од страна на органите и институциите има селективна примена и почитување на начелото на соодветна и правична застапеност, но воедно го покажува дисбалансот во соодносот со вкупното население во Република Македонија, како појодвна точка и мерило за примената и почитувањето на принциот на соодветната и правичната засатпеност. Особена незастапеност во државна и јавна администрација ромската заедница има во делот на раководни позиции каде процентот на исполнетост изнесува 0.2%.

 

Канализирање на приоритетите на Ромите во националната и ЕУ агенда

Приоритетна област | Хармонизација на право

Цел на приоритет: Проценка на влијание на регулативата врз ромската заедница

1. Специфична цел: Зголемување на државниот буџет за интеграција на Ромите

2. Специфична цел: Вклучување на приоритетните потреби на Ромската заедница во државниот буџет

3. Специфична цел: Искористување на локалниот буџет на општините за решавање на локалните проблеми на Ромската заедница 

Приоритетна област | ЕУ фондови

Цел на приоритет: Цел на приоритетот: Доследно искористување на ИПА фондовите

1. Специфична цел: Подготовка на препораки и предлог-законски измени

СТРАТЕШКА ЦЕЛ: СЕНЗИТИВИЗИРАЊЕ НА НАЦИОНАЛНИТЕ И ЛОКАЛНИТЕ ИНСТИТУЦИИТЕ ЗА АНТИ-ЦИГАНИЗАМ

Приоритетна област | Доследно имплементирање на законот за заштита од дискриминација

Цел на приоритет: Реформа на комисијата за заштита од дискриминација

1. Специфична цел: Правна заштита од дискриминација

Често новите законски регулативи, имаат негативно влијание врз ромската заедница односно поставуваат пречка во остварување на некое од нивните права. При носењето на одредени закони досега не се проценувало нивното влијание кон Ромите, и поради овој факт заедницата, постојано се соочува со законски пречки. Целта е да се доставуваат амандмани и навремено да се превенираат негативни последици од законските решенија.

Со новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација се воспостави нов орган – Комисијата за заштита од дискриминација, што постапува по претставки за наводно сторена дискриминација од страна на државните органи и други органи со јавни овластувања, но и кога дискриминацијата е извршена од страна на поединци и правни лица во приватниот сектор. Сепак, со примената на Законот и почнувањето со работа на Комисијата беа утврдени низа недоследности, што влијаат и на ефективноста во заштитата од дискриминација и на припадниците на ромската етничка заедница. Иако бројот на претставки од страна на ромската заедница се зголемува, комисијата досега не поведе ниту една судска постапка за утврдување на дискриминација пред надлежен суд. Дополнително законот не ја предвидува сегрегацијата како облик на дискриминација и не дозволува actio populais. Со новиот предлог Закон овие два сегменти се вклучени, меѓутоа нивната примена дополнително треба да се следи.

 

Анализа на политики

Не се пронајдени резултати

Во моментов нема објави во оваа категорија или за ова пребарување.

Истражувачки трудови

Не се пронајдени резултати

Во моментов нема објави во оваа категорија или за ова пребарување.

Брифови за политика

Не се пронајдени резултати

Во моментов нема објави во оваа категорија или за ова пребарување.

Друго

Не се пронајдени резултати

Во моментов нема објави во оваа категорија или за ова пребарување.