РОМАКТЕД II Phase Programm

Имплементирано од

Институт за истражување и анализа на политики Ромалитико

Поддржано од

Совет на Европа

Локација

Северна Македонија

Период на имплементација

01.05.2021 – 30.11.2024

КРАТОК ОПИС

Главната цел на проектот, според Повикот за предлози (CfP), е подобрување на локалната демократија, отчетност, инклузивност и одговорност кон ромските граѓани и подобрена испорака на услуги. Проектот ќе има за цел да ги постигне следниве резултати (како што е наведено во CfP): – Зајакнување на капацитетот на локалните власти за извршување на своите улоги и одговорности на ефективен и ефикасен начин кога станува збор за дизајнирање и спроведување на планови, политики и проекти, особено активни мерки за вклучување кои ја подобруваат интеграцијата на Ромите; – Поддршка на воспоставување и спроведување на механизми и процеси кои промовираат и обезбедуваат стандарди на добро управување и сопственост од страна на локалните власти и администрациите на ефективни напори за интегриран развој што опфаќаат образование, вработување, здравствена заштита, домување, урбан развој и култура; – Опремување на локалните власти со алатки, знаења и вештини кои ќе им овозможат да ги надминат предизвиците и бариерите со кои често се соочуваат кога станува збор за земање во предвид на потребите на Ромите, така што тие ќе станат повеќе ориентирани кон граѓаните, одговорни и отчетни; – Подобрување на ефикасноста, ефективноста и одржливоста на локалните политики, мерките и испораката на услуги; – Поддршка на соработката меѓу општините кои сакаат да дизајнираат и спроведат заеднички конкретни мерки и проекти за интеграција. – Ублажување на ефектите од Ковид19 со посебен фокус на градење локални стратегии и одговор на заедницата предводена од граѓаните.

Web site

Лице за контакт

Дениз Селмани
[email protected]