Во рамки на истражувањето беа опфатени 950 испитаници од ромската заедница во 16 општини низ земјата.
Во продолжение следуваат дел од заклучоците:
– 92% од Ромите не поднесуваат жалба кога добиваат негативно решение за користење на социјално право, воглавно поради недовербата во институциите, некомплетна документација и други причини.
– 36% од испитаниците не ги разбираат условите и критериумите за остварување на одредено право.
– 68% од Ромите сметаат дека достапноста на информациите би се зголемила доколку во центрите се вработат Роми.
– Најголемо зголемување на бројот на корисници Роми има во однос на гарантирана минимална помош, од 4161 во 2019 година на 5279 во 2020 година.
Целото истражување можете да го прочитате тука.
Интерактивниот прелистувач со истражувањето е достапно на следниот линк.