Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико Скопје распишува повик за волонтери. Избраните волонтери ќе бидат активно вклучени во различни проектни активности на Ромалитико. Работните обврски на волонтерите ќе вклучуваат:
- Прибирање, обработка, сортирање на податоци од активни дата бази и податоци од терен;
- Поддршка при подготвување на анализи и истражувања;
- Подготвувањето на кратки вести за веб страницатаи социјалните мрежи на Ромалитико;
- Поддршка при организирање на настани;
- Други работи поврзани со активностите на Ромалитико.
Кандидатите за волонтери треба да ги исполнуваат следните услови/квалификации:
- да се студенти или дипломирани;
- да располагаат со способност за успешно комуницирање;
- способност за добро писмено изразување и истражување;
- да располагаат со иницијативност, аналитичност и интерактивност.
Предност ќе имаат кандидатите/кандидатките кои познавање на англискиот јазик и работа со компјутери (MS Office 365 packet, MS Outlook, Internet) и имаат познавање на општествените (политички, правни, економски и социјални) процеси во Република Северна Македонија.
Ангажманот на волонтерите е предвидено да трае од 3 до 6 месеци во зависност од мотивацијата и покажаните резултати на резултатите. Волонтерите покрај паричен надомест ќе имаат можност да ги развијат своите вештини во зависност од нивната желба и мотивација.
Заинтересираните кандидати својата кратка биографија (CV) и мотивационо писмо, треба да ја испратат најдоцна до 15 март 2022 година, до 17:00 часот, на следнава електронска адреса: [email protected] со назнака: Повик за волонтери.
Само пред селектираните кандидати/ки ќе бидат контактирани и повикани на разговор.