“Сегментацијата на политичките партии на Ромите доаѓа од поривот да се придонесе кон заедницата, но од друга страна гледајќи ги демократските вредности ќе забележиме дека тоа се индивидуалци кои ги водат партиите, а всушност нема членови”, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Дениз Селмани, Ромалитико/Аваја.
“Интересот на заедницата треба да биде движечки мотив за политичките партии”.
“Ако направиме споредба кај претходните избори ќе видиме колкава е разликата. Разликата во гласови е рефлект колку Роми има во Македонија. Затоа и им се битни ромските гласови, бидејќи таа разлика се надокнадува токму со гласовите на Ромите”.
“Не би се сложил дека секогаш е битно да се биде на власт. Она што е битно и треба да ги води сите политички партии е интересот на заедницата. Ние како „Аваја“ успеавме со помош на Ромската заедница да направивиме еден вид на документ каде што ги има приоритетите кои целиме да се остварат”.
Прочитајте ја веста на порталот Слободен Печат и погледнете го гостување на Дениз Селмани на истиот линк.