1. Позадина

1.1 Вовед

Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико започна со имплементација на регионалниот проект „Надвор од бариерите: Резилиентност на Ромите во Западен Балкан“, финансиран од Европската Унија. Проектот има за цел да ја зајакне регионалната инклузија на Ромите преку справување со социо-економските нееднаквости, борба против антициганизмот и подобрување на пристапот до вработување, образование, здравство и граѓански права.

Проектот има за цел да понуди интегрирани економски иницијативи за Ромите во рамките на Западен Балкан, со цел да се зајакне нивната резилиентност и економска инклузија преку директно подобрување на пристапот до пазарот на труд. Оваа компонента ќе опфати професионални обуки и поддршка за вработување на Ромите, започнувајќи со сеопфатна проценка на потребите на заедницата и развој на специјализирани програми за обука, спроведени од квалификувани тренери и дополнети со персонализирано менторство. Со цел подобро да се насочат активностите, ќе се реализираат истражувања и анализи на пазарот на труд за идентификација на индустрии со најголем потенцијал за раст, иновации и отворање на нови работни места. Посебен акцент ќе биде ставен на воспоставување партнерства со приватниот сектор за да се разберат и задоволат нивните потреби преку креирање база на податоци со профили на потенцијални работници. Невработените Роми ќе добијат поддршка за подготовка на апликации и директно поврзување со работодавачи преку новата дигитална платформа за вработување. Дополнително, проектот ќе соработува со националните институции за вработување со цел да се промовира инклузивен пазар на труд, кој обезбедува еднакви можности за Ромите и ја намалува дискриминацијата во процесите на вработување.

1.2 Договорен орган

Договорниот орган за оваа набавка е Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико, со адреса: Никола Тесла бр. 9, Скопје, е-пошта: [email protected]. Оваа набавка се спроведува за потребите на проектот „Надвор од бариерите: Резилиентност на Ромите во Западен Балкан“, финансиран од Европската Унија. Распределбата на средствата во рамките на овој проект зависи од одобрувањето и алокацијата на средства од донаторите во позадина. Финансирањето е строго условено од достапноста и обезбедувањето на надворешно донаторско финансирање.

1.3 Предмет на договорот

Предмет на договорот е ангажирање на правно или физички лице за изработка на веб платформа за поврзување на невработени Роми со приватни компании кои имаат потреба од работна сила во рамки на 5те држави каде што се спроведува проектот– Република Северна Македонија, Србија, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина. Активностите предвидуваат изработка на функционална платформа за поврзување на работодавачи и Роми кои бараат работа, која ќе овозможи систематско и транспарентно посредување на пазарот на труд. Преку вклучување на партнери од приватниот сектор ќе се овозможи регистрирање на целниот број работодавачи и невработени Роми, што ќе придонесе за создавање реални можности за вработување. Дополнително, ќе се олесни процесот на посредување и ќе се воспостави систем за следење на резултатите, што ќе обезбеди податоци за застапување на политики и зајакнување на доказите за потребата од инклузивни мерки.

  1. Цел на набавката

Правното или физичкото лице треба да изработи веб платформа за поврзување на невработени Роми со приватни компании кои имаат потреба од работна сила. Целта е посредување за вработување, која од една страна ќе овозможи вмрежување на компании кои имаат потреба од работна сила додека од друга страна ќе овозможи невработените да регистрираат свој профил со вештини, знаења и компетенции и на тој начин да се поврзат со приватните компании.

Изведувачот на платформата треба да изготви:

  1. Веб апликација
  • Целосно функционална веб-платформа.
  • Достапност на македонски, албански и српски јазик (со можност за проширување и на други јазици од регионот).
  • Динамични модули со посебен приказ на компании и невработени Роми
  1. Модул за огласи за работа (работодавачи)
  • Структурирани полиња за:
    1. Назив на позиција.
    2. Датум на објава (автоматски).
    3. Категорија (сектор, индустрија).
    4. Тип на вработување (полно работно време, скратено, сезонско, практика, хонорарно).
    5. Потребно искуство (години или ниво).
    6. Плата/опсег на плата (опционално).
    7. Опис на работата и одговорности.
    8. Рок за апликација.
  • Можност за додавање повеќе огласи од една компанија.
  • Можност за означување приоритетни/итни позиции.
  1. Модул за профили на кандидати (невработени лица)

Креирање личен профил со:

    1. Име и контакт информации.
    2. Прикачување на CV (PDF/Word).
    3. Работно искуство (хронолошки внес).
    4. Вештини и компетенции.
    5. Работни преференции (тип на работа, индустрија, локација).
    6. Очекувана плата (опционално).
  • Можност за ажурирање и едноставно уредување на профилот.
  • Видливост на профилот само за регистрирани работодавачи.
  1. Систем за пребарување и филтрирање
  • Работодавачите пребаруваат кандидати според: категорија, вештини, искуство, локација.
  • Кандидатите пребаруваат огласи според: индустрија, тип на работа, локација, плата, искуство.
  • Интуитивна навигација и брзи филтри.
  1. Автоматско совпаѓање (Matching Engine)
  • Алгоритам кој ги споредува:
    • Вештините и искуството на кандидатите со барањата од огласите.
    • Преференциите на кандидатите со понудените позиции.
  • Известување преку е-пошта/апликација за нови совпаѓања.
  • Систем за мониторинг и известување
  1. Администраторски панел со статистики:
    1. Број на регистрирани компании и кандидати.
    2. Број на активни огласи.
    3. Број на поднесени апликации.
    4. Број на успешни вработувања.
  1. Дополнителни функционалности
  • Безбедносни мерки за заштита на податоци (GDPR усогласеност).
  • Календар и известувања за интервјуа.
  • Можност за креирање база на профили на потенцијални работници.
  • Поддршка за повеќе кориснички улоги (администратори, работодавачи, кандидати).

3.Координација и известување

Планирањето, временската рамка, имплементацијата и известувањето за активностите ќе се врши во координација со Ромалитико.

4.Барања за квалификации

Клучни квалификации и компетенции на апликантот вклучуваат:

  • Физичко или правно лице со минимум 2 годишно искуство
  • Портфолио кое го докажува професионалното искуство на изведувачот со работата на претходни проекти

4.1 Основи за исклучување од учество во набавка

4.1 Список на основи за дисквалификација на понудувач

Правните лица ќе поднесат изјава за непостоење на основи на исклучување од учество во набавката во која ќе наведе дека апликантот не е во следната позиција:

  1. стечај или е во фаза на раскинување, а неговите работи ги води судот; има склучено договор со доверители, ги прекина деловните активности или е предмет на судска забрана за водење бизнис;
  2. предмет на постапка за прогласување стечај, за налог за присилна ликвидација или управа по судски пат, или за договор со доверители или за која било друга слична постапка;
  • бил вклучен во професионално недолично однесување што има влијание врз неговиот професионален кредибилитет, вклучувајќи, особено, некое од следново:

а. со измама или небрежност погрешно прикажување на информациите потребни за верификација на непостоење на основи за исклучување од набавка или на исполнување на условите за подобност или при извршување на договор;

б. склучување договор со други економски оператори со цел нарушување на конкуренцијата;

в. кршење на правата на интелектуална сопственост;

г. обидувајќи се да влијае на процесот на донесување одлуки во текот на постапка за набавка; или

д. обидувајќи се да добие доверливи информации што може да ги даде непотребни предности во постапката за набавка;

г) не ги исполнил обврските во врска со плаќањата на даноците или придонесите за социјално осигурување во согласност со важечкиот закон;

д) лицата кои имаат овластувања за застапување, одлучување или контрола над тоа се осудени со правосилна пресуда за прекршок во врска со нивното професионално однесување и/или заобиколување на фискални, социјални или какви било други применливи законски обврски, вклучително и преку создавање на субјект за оваа намена;

ѓ) утврдено со правосилна пресуда или со правосилна управна одлука или со доказ што го поседуваме ние влијаеме на тоа лице кое има овластувања за застапување, одлучување или контрола над тоа, било виновно за измама, корупција, вмешаност во кривично дело организација, перење пари или финансирање тероризам, дела поврзани со тероризам, детска работа или која било друга форма на трговија со луѓе или која било друга незаконска активност.

Ромалитико – Скопје ќе ги заштити информациите означени како доверливи од апликантите; во спротивно, ќе се смета дека понудата не содржи доверливи информации

  1. Постапка за аплицирање

Апликантот треба да ги достави следниве документи најдоцна до 16 октомври 2025 година, до крајот на работниот ден (16:00 часот) на следните е-адреси: [email protected] и [email protected].

Техничка понуда составена од:

  • Опис на профилот на компанијата – релевантни години искуство во изработка на веб платформи
  • Релевантно портфолио – реализирани проекти слични на предметот на набавката (платформи за вработување, бази на податоци, онлајн посредување).
  • Методологија и идејно решение за развој на платформата (структура, функционалности, јазици, безбедност, дизајн, усогласеност со GDPR)

Финансиската понуда треба да ја вклучи:

  • Вкупна цена за изработка и лансирање на веб платформата (дизајн, развој, тестирање, интеграција и пуштање во употреба).
  • Вкупна цена за одржување и техничка поддршка за период од 12 месеци (ажурирања, надградби, корекции на грешки и корисничка поддршка).
  • Дополнително потребни документи:
  1. Изјава за непостоење основи за исклучување од учество во набавката (потпишана и заверена) – види точка 4.1.
  2. Декларација за односи (потпишана) – види точка 8.
  3. Тековна состојба за правни лица од Централен регистар не постара од 6 месеци од датумот на аплицирање.

Документацијата доставена во копија мора да биде заверена од апликантот со печат и потпис на одговорното лице, со назнака „Вистинито на оригиналот“.

Секое барање за информации и/или појаснување во врска со оваа набавка треба да се испрати најдоцна 7 дена пред рокот за затворање на повикот, на: [email protected] и [email protected].

Важноста на понудата е 60 дена.

Апликантот треба да ја испрати комплетната документација со следниот предмет на е-пошта: „Пријава за изработка на веб платформа“.

Понудата не е делива. Договорниот орган ќе избере еден понудувач кој ги исполнува сите технички карактеристики и административни проверки.

  1. Евалуација на понудите

Непотполни апликации и апликации доставени по истекот на рокот нема да бидат земени предвид за понатамошна евалуација. Ве молиме да се уверите дека сте ги доставиле сите побарани документи.

Сите пристигнати понуди најпрво ќе бидат предмет на административна проверка. Понудите што ќе ја поминат административната проверка ќе бидат предмет на техничка и финансиска евалуација врз основа на следната табела за бодување. Минималниот број поени за да се помине техничката евалуација е 25 поени.

Критериуми за техничка евалуација (70 поени)

Критериум

Максимум поени

Ниво на бодување

1.Опис на профилот на компанијата – релевантни години искуство во изработка на веб платформи

Минимум две години искуство во изработка на веб  платформи

20

2 -3 години = 5 поени,
3-5 години = 10 поени,
6- – 7 години = 15 поени,
≥8 години = 20 поени

2. Релевантно портфолио – реализирани проекти слични на предметот на набавката (платформи за вработување, бази на податоци, онлајн посредување)

20

1–2 проекти = 10 поени;

3–4 проекти = 15 поени;

≥5 проекти = 20 поени

3. Методологија и идејно решение за развој на платформата (структура, функционалности, јазици, безбедност, дизајн, усогласеност со GDPR)

30

Опишана делумна методологија и идејно решение = 10 поени; Добро структуриран и детално опишан план = 20 поени; Иновативен пристап со јасни индикатори и план за одржливост = 30 поени

Вкупно

70

Критериуми за финансиска евалуација (30 поени)

Изборот се базира на принципот на најдобра вредност на понудата, при што финансиската понуда придонесува со максимум 30 поени за целокупната евалуација. Понудата со најниска цена ќе добие вкупно 30 поени. Другите понуди со повисоки цени ќе добијат пропорционален резултат според следната формула: 30 x (Најниска понуда / Предложена понуда).

Апликантот(ите) со највисок вкупен број поени од техничката и финансиската евалуација ќе биде(ат) избран(и) за склучување на договорот за набавка.

  1. Услови за плаќање

Предвиден е следниот начин на плаќање:

  • 40% по потпишување на договорот
  • 60% по завршување на услугата, потврдено со формално писмено одобрување на веб платформата

Платформата треба да се заврши и да се даде во употреба на договорниот орган до 5 Декември 2025 година.

  1. Декларација за односи

Апликантите силно се охрабруваат да опишат, во слободна форма, какви било сегашни или минати деловни или лични односи со:

  • блиско поврзана страна од Ромалитико;
  • вработени во Ромалитико
  • управните тела на Ромалитико

Блиско поврзана страна (лица, физички или правни) според дефиницијата се смета лице кое има можност да врши контрола или значително влијание врз друго лице кога станува збор за финансиско и оперативно одлучување во врска со активност.

Деловните односи не се однесуваат само на договорни аранжмани, туку и на еднократни ангажмани. Личните односи не се однесуваат само на најблиското семејство, туку и на пошироките роднини, пријатели и познаници.

Декларирањето на каква било врска НЕМА да го дисквалификува апликантот од постапката за набавка, но ќе придонесе за непристрасен избор од страна на комисијата за евалуација и за потранспарентен процес на оценување. Целта на Декларацијата е да се обелодени информации за односи кои ја прават апликацијата и процесот на евалуација потранспарентни и ја поддржуваат релевантноста на понудите во согласност со условите на отворениот пазар.

Преземи го урнекот подолу.

  1. Сопственост

Ромалитико, освен ако не е поинаку договорено, ќе биде единствен сопственик и ќе ги поседува сите права на интелектуална сопственост врз сите производи и резултати акумулирани преку спроведувањето на овие Услови на референца. За потребите на овие Услови на референца, терминот „резултати“ се однесува на сите дела и материјали (вклучително и документација), како и на сите други исходи произведени од избраниот апликант. Сите авторски права и сите патентни или други права на интелектуална сопственост поврзани со резултатите ќе бидат сопственост на Ромалитико. Преносот на правата го вклучува правото на Ромалитико да ги изменува и прилагодува резултатите и да ги пренесе правата на трета страна. Избраниот апликант нема право, без писмена согласност од Ромалитико, да ги користи резултатите во својата работа.

  1. Откажување на набавката

Договорниот орган може да ја откаже постапката за набавка доколку:

  • Не се доставени понуди или не се доставени прифатливи или соодветни понуди.
  • Се појават непредвидени промени во буџетот на договорниот орган.
  • Непредвидени и објективни околности ги изменат потребите на договорниот орган.
  • Избраниот апликант се повлече од потпишување на договорот.
  • Други услови за кои договорниот орган ќе информира навремено

 

  1. Изјава за непостоење основи за исклучување од учество во набавката (потпишана и заверена) урнек
  2. Декларација за односи (потпишана) урнек