Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико, Скопје распишува оглас за едно (1) слободно работно место на позиција асистент за финансии и логистика во рамки на проектот Активности за инклузија на Ромите финансиски поддржан од УСАИД.
Финансискиот асистент/ка ќе биде одговорен/а за водење на финансиските и административните аспекти на организацијата, вклучително:
- Прием на документи и соодветно архивирање
- Набавка на материјали и услуги, според воспоставените правила за финансиско и административно работење во организацијата
- Логистичка поддршка при организација на настани
- Подготовка на налози за исплата, плаќања, банкови усогласувања, водење даноци
- Комуникација и дневно работење со банка, сметководство, авторска агенција и комуникација со партнери и соработници за финансиско-административни прашања
- Подготовка на тендерска документација за потребите на проектот
- Проектирање на парични текови на месечно ниво
- Подготовка на организациски и проектни финансиски планови
- Подготовка, ажурирање и анализа на организациски и проектни финансиски извештаи во интервали според потребите на организацијата и барањата на донаторите.
- Подготовка на финансиски извештаи според потребите на проектот
- Други финансиски работи поврзани со имплементација на проектот
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:
- Завршено високо образование во соодветната област – економија, финансии, сметководство и ревизија
- Најмалку 4 години работно искуство на наведената позиција во областа на финансискиот менаџмент
- Работно искуство во граѓанскиот сектор и имплементација на проекти финансирани од меѓународни донатори
- Напредно познавање на сметководството
- Напредно познавање и активно работење со Microsoft Office пакетот
- Одлично познавање и активно користење на деловен англиски јазик (говорен и пишан)
- Познавање и следење на актуелните промени, случувања и законски регулативи во областа на финансиите и сметководството
- Високо развиени аналитички и комуникациски способности, посветеност, лојалност, доверливост, комуникативни и презентациски вештини, вештини за организирање, капацитет за тимска и независна работа
- Мотивација за професионален раст
За предност ќе се смета:
- Познавање на процедури за работење на проекти финансирани од меѓународни донатори (УСАИД и ЕУ)
Работното време за оваа позиција e 28 часа неделно, од понеделник до петок.
Работниот ангажман за оваа позиција е предвидено да започне на почетокот на месец Март 2021, а ќе трае 34 месеци (заклучно со Јануари 2023) со можност за продолжување во зависност од потребите на организацијата.
Заинтересираните кандидати својата кратка биографија и мотивационо писмо, треба да ја испратат најдоцна до 17 Февруари 2021 година, до 17 часот, на следнава електронска адреса: [email protected] со назнака: УСАИД – Aпликација за финансиски асистент и логистика.
Апликациите на кандидатите кои не ги исполнуваат наведените услови и кои нема да бидат испратени до предвидениот рок нема да бидат разгледувани. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани за интервју.