Оваа анализа е подготвена во рамките на истражувачкиот проект против изобличување на геноцидот на Ромите во Југоисточна Европа – како клучен елемент за развој на антирасистичките стратегии и антидискриминаторските политики и практики ја испитува историјата, меморијализацијата и свеста за геноцидот на Ромите за време на Втората Светска Војна. Анализата ги идентификува и оценува елементите на изобличување на елементот на геноцидот на Ромите и формулира препораки за образовниот систем, институциите, политичките и носителите на одлуки во Северна Македонија да го зголемат знаењето за историјата на геноцидот и да обезбедат нови алатки во борбата против расизмот врз Ромите. Извештајот исто така, преку примери, документи и интервјуа нагласуваа како геноцидот врз Ромите меѓу јавноста и научната заедница познат и како Порајмос или Самударипен ја прикажува сликата за изобличувањето на сето она што се случувало на ромската заедница во Втората светска војна. Во исто време, опишува бројни изрази на расизам против Ромите – како дискриминација, социјална исклученост, нетолеранција и акти на насилство кои претставуваат загрижувачки индикатори на ризик за колективно насилство врз Ромите.

Првично анализата е напишана на англиски јазик, преводот на македонски јазик кој може да го прочитате тука е дело на Орнела Салимовска и Габриела Гани.