Услови за учество за набавка на обучувачи за Програмата за забрзан раст – Буџетска линија 4.4.1.4.5.01
под интервенцијата „Пристап до пазарот на труд преку зајакнување на вештините и поврзување со работа“ во рамките на проектот за Зголемување на приходите и Социо-економско зајакнување (IISEE)
- Позадина
1.1 Вовед
Овој документ содржи упатства за апликантите заинтересирани за одговор на Отворениот повик за набавка на хотелски услуги за Програмата за забрзан раст.
1.2 Договорно тело
Договорното тело за оваа набавка е Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико, лоциран на: Мајаковски бр. 12/1-18, Скопје, електронска пошта: [email protected]. Оваа набавка се спроведува за потребите на проектот „Пристап до пазарот на труд преку зајакнување на вештините и поврзување со работа“.
Дистрибуцијата на средствата во рамките на овој проект е условена од одобрувањето и распределбата на средствата од донации. Финансирањето е строго условено од достапноста и обезбедувањето на надворешно финансирање од донатори
1.3 Предмет на договорот
Предмет на договорот е ангажирање на двајца обучувачи за подготовка и спроведување на обука за 15 ромски претприемачи кои добиле грантови од Агенцијата за вработување. Обуката треба да се одржи во периодот од септември до октомври 2024 година, како дел од интервенцијата „Пристап до пазарот на труд преку зајакнување на вештините и поврзување со работа“ во рамките на проектот „Зголемување на приходите и социо-економско зајакнување на ранливи и маргинализирани групи од рурални и приградски средини,“ поддржан од Ве Ефект, Скопје.
- Цел на договорот
Главната задача на обучувачите ќе биде да ги зајакнат вештините на 15 ромски претприемачи преку обезбедување обука фокусирана на поддршка за раст на нивните бизниси, пристап до ресурси и можности за проширување. Обуката треба да опфати различни аспекти на претприемништво, вклучувајќи бизнис планирање, маркетинг, финансиско управување и правна усогласеност. Обуката треба да придонесе за зголемување на профитот на ромските претприемачи, овозможувајќи им да искористат повеќе можности од Агенцијата за вработување, вклучувајќи го и бизнис екосистемот.
Обуката треба да се одржи во периодот од септември до октомври 2024 година. Целта на оваа активност е да се поддржи процесот на создавање услови за раст и зајакнување на локалните бизниси водени од ромски претприемачи. Програмата за забрзан раст за ромски претприемачи има за цел да овозможи на 15 ромски претприемачи (ромски лица кои добиле грант од Агенцијата за вработување) во претприемништво преку обезбедување насочена поддршка, ресурси и можности за раст.
2.1 Обврски и одговорности на обучувачите:
- Подготовка на агенда и материјали за обука за развој на вештините на 15 ромски претприемачи за раст на нивните бизниси
- Подготовка на индивидуални планови за развој на бизнисите
- Спроведување на обуката
- Подготовка на извештај за спроведената обука и постигнатите резултати
2.3 Период на ангажирање:
- Ангажманот на 2 обучувачи е планиран за по 3 работни дена за секој.
- Службено патување и сместување
Патувањето на обучувачите не треба да биде вклучено во финансиската понуда на апликантот. Ромалитико ќе ги покрие трошоците за патувањето на обучувачите до местото на обуката.
- Координација и известување
Планирањето, времето, имплементацијата и известувањето за активностите ќе бидат во координација со Ромалитико.
- Квалификациски барања
Клучни квалификации и компетенции на апликантите вклучуваат:
Образование:
- Диплома за завршен прв циклус студии во бизнис администрација, економија, менаџмент, претприемништво или сродна област.
- Напредни степени (MBA, Магистер по претприемништво и сл.) може да се преферираат, особено за програми на високо ниво
Професионално искуство:
- Обемно искуство (обично 5+ години) во различни аспекти на претприемништво, вклучувајќи бизнис планирање, маркетинг, финансиско управување и правна усогласеност.
- Доказа на успешност во работа со стартапи или растечки бизниси.
- Претходно искуство во спроведување на обуки, работилници или програми за менторство фокусирани на раст на бизнисот, скалирање или слични теми
Техничка експертиза:
- Силно разбирање на бизнис стратегија, финансиско планирање, маркетинг, продажба и операции.
- Експертиза во стратегии за раст, скалирање и иновации во бизнис модел.
- Знаење за стартап екосистемот, вклучувајќи пристап до финансирање, ризичен капитал и инвестициски стратегии.
Вештини за обука и фацилитирање:
- Искуство во дизајнирање и спроведување на програми за обука, особено за претприемачи или мали бизниси.
- Способност за водење интерактивни сесии, работилници и индивидуално менторство.
- Одлични комуникациски и презентациски вештини.
- ПРОЦЕДУРА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
Апликантот треба да ги поднесе следниве документи најдоцна до 10 септември 2024 година до крајот на работниот ден, 16:00 часот, на следните електронски адреси: [email protected] и [email protected]
Техничка понуда составена од:
- Лична биографија – CV со наведено искуство во спроведување обуки
- Предложен дизајн на обуката со вклучена методологија
- Референтна листа на обуки спроведени во последните 3 години
Финансиската понуда треба да вклучува цена за 3 дена.
- Понудите треба да вклучуваат ДДВ (Данок на додадена вредност) и сите применливи трошоци.
- Цените во понудата треба да бидат изразени во денари (МКД).
- Декларација за односи (потпишана) – видете дел 9
- Документацијата поднесена во копија мора да биде заверена од апликантот со печат и потпис на одговорното лице, означена „Верно на оригиналот.“
Секое барање за информации и/или појаснување за оваа набавка треба да се испрати најдоцна 7 дена пред крајниот рок на затворање на повикот за набавка на следните електронски адреси: [email protected] и [email protected].
Периодот на важност на понудата е 30 дена.
Апликантот треба да ја испрати целосната документација со следниот предмет „Набавка на обучувачи за Програмата за забрзан раст“.
Понудата е делива.
- EVALUATION OF THE OFFERS
Непотполните апликации и апликациите примени по истекот на рокот нема да бидат разгледувани за понатамошна евалуација. Ве молиме, осигурете се дека сте ги обезбедиле сите побарани документи.
Сите примени понуди прво ќе бидат предмет на административна проверка. Понудите што ќе ја поминат административната проверка ќе бидат предмет на техничка и финансиска евалуација врз основа на следната табела за бодирање. Минималниот број на поени за да се помине техничката евалуација е 51 поен.
Критериуми за техничка евалуација (70 поени)
Критериум за техничка евалуација | Бодување |
Експертиза и квалификации
• Релевантни образовни квалификации: средно образование 5 поени, високо образование 10 поени, магистерски степен или повисоко 15 поени (максимум 15 поени) • Претходно искуство во иста или слична обука: 1-3 години 5 поени, повеќе од 3 години 10 поени (максимум 10 поени) |
максимум 25 поени |
Дизајн на обуката
• Јасност и релевантност на целите на обуката (максимум 10 поени) • Сеопфатност на обуката и содржината (максимум 10 поени) • Практични можности за учење (максимум 5 поени)
|
максимум 25 поени |
|
максимум 20 поени |
ВКУПНО | 70 |
Критериуми за Финансиска Понуда (30 поени)
Изборот се базира на принципот на најдобра вредност за парите, каде што финансиската понуда придонесува максимално 30 поени за вкупната евалуација. Понудата со најниска цена ќе добие вкупно 30 поени. Другите понуди со повисоки цени ќе добијат пропорционален резултат според следната формула: 30 x (Најниска Понуда / Предложена Понуда).
Апликантот/ите со највисок вкупен број поени од техничката и финансиската евалуација ќе бидат наградени со договорот за набавка.
- Начин на плаќање
Следниот метод на плаќање е предвиден:
- 100% по испорака на услугата
- Декларација за односи
Апликантите се силно охрабрени да опишат, во слободна форма, какви било сегашни или минати деловни или лични односи со:
- тесно поврзана страна од We Effect;
- Регионалната канцеларија на We Effect во Скопје;
- Вработените на We Effect;
- Управните тела на We Effect; или
- Партнерите во проектот (Национална федерација на фармери – НФФ; Центар за образование и развој – ЦОР и Ромалитико).
Тесно поврзана страна (лица, физички или правни) според дефиницијата се смета за лице кое има можност да извршува контрола врз, или значително да влијае на, друго лице кога станува збор за финансиско и оперативно донесување одлуки во врска со некоја активност.
Деловните односи не се однесуваат само на договорни аранжмани, туку и на еднократни ангажмани. Личните односи не се однесуваат само на непосредно семејство, туку и на пошироки роднини, пријатели и познаници.
Декларирањето на каков било однос НЕМА да го дисквалификува апликантот од набавката, туку ќе придонесе за по транспарентен процес на евалуација. Целта на Декларацијата е да се открие информацијата за односите, што го прави процесот на аплицирање и евалуација потранспарентен и ги поддржува понудите во нивната релевантност според условите на отворениот пазар.
Пример
Изјава за постоење на деловни односи
Со ова изјавувам дека јас/име на компанијата и било кој од нашите вработени, немаме/имаме деловен или личен однос со Ромалитико, Институт за истражување и анализа на политики – Ромалитико Скопје; Регионалната канцеларија на We Effect во Скопје; Националната федерација на фармери – НФФ, Скопје, Северна Македонија; Центарот за образование и развој – ЦЕД, Теарце, Северна Македонија.
Природата на деловниот/личниот однос е следнава: xxxxxx
Датум:_______________
Потпис (име и позиција): ______________
- Сопственост
We Effect ќе биде, освен ако не е поинаку договорено, единствен сопственик и ќе има сите права на интелектуална сопственост врз сите испораки и резултати произлезени од извршувањето на овие Услови за учество. За целите на овие Услови за учество, терминот „резултати“ ќе значи сите дела и материјали (вклучувајќи документација) како и сите други резултати произведени од избраниот апликант. Сите авторски права и сите патентни права или други права на интелектуална сопственост поврзани со резултатот ќе претставуваат сопственост на We Effect. Преносот на правата вклучува право на We Effect да ги менува и модифицира резултатите и да ги пренесе правата на трето лице. Избраниот апликант нема да има право, без писмена согласност од We Effect, да ги користи резултатите во својата дејност.
- ОТКАЖУВАЊЕ НА НАБАВКАТА
Договорното тело може да ја откаже постапката за набавка ако:
- Не се поднесат понуди или не се поднесат прифатливи или соодветни понуди.
- Се случат непредвидени промени во буџетот на договорното тело.
- Непредвидени и објективни околности ги променат потребите на договорното тело.
- Избраниот апликант се повлече од потпишување на договорот.
- Други услови за кои договорното тело ќе информира соодветно.