Услови за учество за ангажирање на ментори за Програма за забрзан раст – Буџетска линија 4.4.1.4.5.03 во рамките на интервенцијата „Пристап до пазарот на труд преку зајакнување на вештините и поврзување со работа“ во рамките на проектот за Зголемување на приходите и Социо-економско зајакнување (IISEE)
- Позадина
1.1 Вовед
Овој документ содржи упатства за апликантите заинтересирани за одговор на Отворениот повик за набавка на хотелски услуги за Програмата за забрзан раст.
1.2 Договорно тело
Договорното тело за оваа набавка е Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико, лоциран на: Мајаковски бр. 12/1-18, Скопје, електронска пошта: [email protected]. Оваа набавка се спроведува за потребите на проектот „Пристап до пазарот на труд преку зајакнување на вештините и поврзување со работа“.
Дистрибуцијата на средствата во рамките на овој проект е условена од одобрувањето и распределбата на средствата од донации. Финансирањето е строго условено од достапноста и обезбедувањето на надворешно финансирање од донатори.
1.3 Предмет на договорот
Предмет на договорот е ангажирање на правно лице за обезбедување на хотелски услуги за спроведување на обуката во рамките на Програмата за забрзан раст. Обуката треба да се одржи од 13 до 15 септември, како дел од интервенцијата „Пристап до пазарот на труд преку зајакнување на вештините и поврзување со работа“ во рамките на проектот „Зголемување на приходите и социо-економско зајакнување на ранливи и маргинализирани групи од рурални и приградски средини,“ поддржан од Ве Ефект, Скопје.
- Цел на договорот
Менторите во рамките на Програмата за забрзан раст треба да поседуваат релевантно искуство во бизнис секторот или одредена индустрија. Тие треба да имаат способност да пренесуваат знаење и искуство, да менторираат и да го следат напредокот на бизнисот според персонализиран водич (акциски план). Менторите треба да бидат особено отворени во својата комуникација, да имаат знаење за развој на мали бизниси, инвестирање, институционални шеми за грантови и да бидат запознаени со постојните мрежи за развој на бизнисот.
Главната задача на Менторите ќе биде да спроведат индивидуални сесии со 15 ромски претприемачи кои добиле поддршка од Агенцијата за вработување и поминале обука за градење капацитети и развиле акциски план. Менторите треба да обезбедат совети и поддршка за развој на бизнисот и да одржуваат редовна комуникација со ромските претприемачи.
Програмата за забрзан раст за ромски претприемачи има за цел да овозможи на 15 ромски претприемачи (ромски лица кои добиле грант од Агенцијата за вработување) во претприемништво преку обезбедување насочена поддршка, ресурси и можности за раст.
Ангажираните ментори треба да ги користат просториите на Ромалитико (локални центри) за реализација на сесиите.
2.1 Обврски и одговорности на менторите:
- Спроведување на индивидуални сесии базирани на персонализиран водич (акциски план) за развој на бизнисот.
- Подготовка на персонализиран водич (акциски план);
- Обезбедување совети за одржување и развој на бизнисот.
- Нудење совети за користење на постојните шеми за грантови и други достапни програми за развој на бизнисот, како и совети за поврзување на бизнисот со постојните мрежи и други бизниси.
- Одржување отворена и континуирана комуникација, обезбедување насоки за надминување на пречките и прославување на успесите.
2.3 Период на ангажман:
- Ангажманот на менторот ќе биде 15 дена во периодот од септември до ноември 2024 година. Секој ментор ќе биде ангажиран вкупно 123 часа или 41 час по менториран.
- Службено патување и сместување
- За оваа набавка не е предвидено сместување, додека патувањето на менторите не треба да биде вклучено во финансиската понуда на апликантот. Во случај менторите да треба да патуваат, Ромалитико ќе ги покрие трошоците.
- Координација и известување
Планирањето, времето, имплементацијата и известувањето за активностите треба да бидат во координација со Ромалитико.
- Квалификациски барања
Понудувачот може да биде физичко или правно лице кое може да номинира експерти за менторство.
Клучни квалификации и компетенции на апликантите вклучуваат:
- Доказано искуство (од најмалку 1 година) во водење бизниси или давање совети за успешни бизниси;
- Искуство (од најмалку 2 години) во бизнис менторство и давање совети за развој на бизнис;
- Знаење за можностите за развој на бизнис во земјата преку лични примери;
- Доказано искуство во комуникација со бизнис мрежи.
5.1 Основи за исклучување од учество во набавка
Список на основи за дисквалификација на понудувач. Апликантот ќе биде исклучен од учеството во набавката и треба да поднесе Декларација за непостоење на основи за исклучување од учество во набавка, изјавувајќи дека апликантот не се наоѓа во следниве ситуации:
a) е во банкрот, или е во процес на ликвидација, управуван од суд; има склучено договор со доверители, има суспендирано деловни активности или е предмет на забрана за работење од суд;
b) е предмет на постапка за прогласување на банкрот, за присилна ликвидација или управување од суд, или за договор со доверители или било која друга слична постапка;
c) има учествувано во професионално неправилно однесување кое има влијание врз неговата професионална репутација, вклучувајќи, особено, кое било од следниве:
- лажно или небрежно давање на погрешни информации потребни за верификација на непостоење на основи за исклучување од набавка или исполнување на условите за подобност или во извршување на договор;
- склучување договор со други економски оператори со цел нарушување на конкуренцијата;
- прекршување на права од интелектуална сопственост;
- обид за влијание врз процесот на донесување одлуки за време на постапката за набавка; или e. обид за добивање на доверливи информации кои можат да му обезбедат неправедна предност во постапката за набавка;
d) не ги исполнил обврските поврзани со плаќање на даноци или социјални придонеси во согласност со применливите закони;
e) лицата кои имаат овластувања за претставување, одлучување или контрола врз него се осудени со правосилна пресуда за прекршок поврзан со нивното професионално однесување и/или заобиколување на даночни, социјални или други применливи законски обврски, вклучувајќи создавање на ентитет за таа цел;
f) утврдено е со правосилна пресуда или правосилна административна одлука или со доказ во сопственост на We Effect дека лицата со овластувања за претставување, одлучување или контрола врз него, се виновни за измама, корупција, учество во криминална организација, перење пари или финансирање тероризам, кривични дела поврзани со тероризам, детска работа или било кој друг облик на трговија со луѓе или било која друга нелегална активност.
Ромалитико – Скопје ќе ја заштити информацијата означена како доверлива од страна на апликантите; во спротивно, ќе се смета дека понудата не содржи доверливи информации.
- Процедура за аплицирање
Апликантот треба да ги поднесе следниве документи најдоцна до 20 септември 2024 година до крајот на работниот ден, 16:00 часот, на следните електронски адреси: [email protected] и [email protected]
Техничка понуда составена од:
- Лична биографија – CV со наведено искуство во спроведување обуки
- Портфолио – детален опис и наведено искуство во водење бизниси или давање совети за бизниси, менторирање бизниси, како и други информации кои покажуваат како вашиот профил ги исполнува критериумите за апликација, специфицираните задачи и целта на програмата за економски развој на ромските бизниси.
Финансиската понуда треба да вклучува цена по ден.
-
- Понудите треба да вклучуваат ДДВ (Данок на додадена вредност) и сите применливи трошоци.
- Цените во понудата треба да бидат изразени во денари (МКД)
- Декларација за непостоење на основи за исклучување од учество во набавка (потпишана и заверена), само за апликант кој е правно лице – видете дел 5.1 (за апликанти кои се правни лица)
- Декларација за односи (потпишана) – видете дел 9 (за апликанти кои се правни лица)
- Документацијата поднесена во копија мора да биде заверена од апликантот со печат и потпис на одговорното лице, означена „Верно на оригиналот.“
Секое барање за информации и/или појаснување за оваа набавка треба да се испрати најдоцна 7 дена пред крајниот рок на затворање на повикот за набавка на следните електронски адреси: [email protected] и [email protected].
Периодот на важност на понудата е 30 дена.
Апликантот треба да ја испрати целосната документација со следниот предмет „Набавка на ментори за Програмата за забрзан раст“.
Понудата е делива. Договорното тело го задржува правото да избере повеќе понудувачи за да обезбеди исполнување на критериумите за квалификација.
- Евалуација на понуди
Непотполните апликации и апликациите примени по истекот на рокот нема да бидат разгледувани за понатамошна евалуација. Ве молиме, осигурете се дека сте ги обезбедиле сите побарани документи.
Сите примени понуди прво ќе бидат предмет на административна проверка. Понудите што ќе ја поминат административната проверка ќе бидат предмет на техничка и финансиска евалуација врз основа на следната табела за бодирање. Минималниот број на поени за да се помине техничката евалуација е 51 поен.
Критериуми за техничка евалуација (70 поени)
Критериум за техничка евалуација | Максимум поени | Бодување |
Докажано искуство во водење бизниси или давање совети за успешни бизниси | 20 поени | 1-3 години искуство = 10 поени 3-5 години искуство = 15 поени 6+ години искуство = 20 поени |
Искуство во бизнис менторство и давање совети за развој на бизнис
|
30 поени | До 2 години искуство = 20 поени 2-4 години искуство = 25 поени 4+ години искуство = 30 поени |
Знаење за можности за развој на бизнис во земјата и претходно искуство во запознавање на претприемачи со шеми за грантови |
15 поени |
Примери за примена на шеми за грантови и други алатки за развој на бизнисот 2 до 5 примери = 10 поени 6+ примери = 15 поени |
Докажано искуство во комуникација со бизнис мрежи
|
5 поени | Членството во бизнис мрежи носи поени во согласност со наведеното искуство. |
Вкупно | 70 |
Критериуми за финансиска понуда (30 поени)
Изборот се заснова на принципот на најдобра вредност за парите, каде што финансиската понуда придонесува со максимум 30 поени во севкупната евалуација. Понудата со најниска цена ќе добие вкупно 30 поени. Другите понуди со повисоки цени ќе добијат пропорционален број на поени според следната формула: 30 x (Најниска понуда / Предложена понуда).
Апликантот(ите) со највисок вкупен број на поени од техничката и финансиската евалуација ќе го добие договорот за набавка.
- Начин на плаќање
Предвиден е следниов начин на плаќање:
- 100% по испораката на услугата.
- Декларација за односи
Апликантите се силно охрабрени да опишат, во слободна форма, какви било сегашни или минати деловни или лични односи со:
- тесно поврзана страна од We Effect;
- Регионалната канцеларија на We Effect во Скопје;
- Вработените на We Effect;
- Управните тела на We Effect; или
- Партнерите во проектот (Национална федерација на фармери – НФФ; Центар за образование и развој – ЦОР и Ромалитико).
Тесно поврзана страна (лица, физички или правни) според дефиницијата се смета за лице кое има можност да извршува контрола врз, или значително да влијае на, друго лице кога станува збор за финансиско и оперативно донесување одлуки во врска со некоја активност.
Деловните односи не се однесуваат само на договорни аранжмани, туку и на еднократни ангажмани. Личните односи не се однесуваат само на непосредно семејство, туку и на пошироки роднини, пријатели и познаници.
Декларирањето на каков било однос НЕМА да го дисквалификува апликантот од набавката, туку ќе придонесе за по транспарентен процес на евалуација. Целта на Декларацијата е да се открие информацијата за односите, што го прави процесот на аплицирање и евалуација потранспарентен и ги поддржува понудите во нивната релевантност според условите на отворениот пазар.
Пример
Изјава за постоење на деловни односи
Со ова изјавувам дека јас/име на компанијата и било кој од нашите вработени, немаме/имаме деловен или личен однос со Ромалитико, Институт за истражување и анализа на политики – Ромалитико Скопје; Регионалната канцеларија на We Effect во Скопје; Националната федерација на фармери – НФФ, Скопје, Северна Македонија; Центарот за образование и развој – ЦЕД, Теарце, Северна Македонија.
Природата на деловниот/личниот однос е следнава: xxxxxx
Датум:_______________
Потпис (име и позиција): ______________
- Сопственост
We Effect ќе биде, освен ако не е поинаку договорено, единствен сопственик и ќе има сите права на интелектуална сопственост врз сите испораки и резултати произлезени од извршувањето на овие Услови за учество. За целите на овие Услови за учество, терминот „резултати“ ќе значи сите дела и материјали (вклучувајќи документација) како и сите други резултати произведени од избраниот апликант. Сите авторски права и сите патентни права или други права на интелектуална сопственост поврзани со резултатот ќе претставуваат сопственост на We Effect. Преносот на правата вклучува право на We Effect да ги менува и модифицира резултатите и да ги пренесе правата на трето лице. Избраниот апликант нема да има право, без писмена согласност од We Effect, да ги користи резултатите во својата дејност.
- Откажување од набавката
Договорното тело може да ја откаже постапката за набавка ако:
- Не се поднесат понуди или не се поднесат прифатливи или соодветни понуди.
- Се случат непредвидени промени во буџетот на договорното тело.
- Непредвидени и објективни околности ги променат потребите на договорното тело.
- Избраниот апликант се повлече од потпишување на договорот.
- Други услови за кои договорното тело ќе информира соодветно.