Услови за учество за набавка на хотелски услуги за Програмата за забрзан раст Буџетска линија 4.4.1.4.5 под интервенцијата

„Пристап до пазарот на труд преку зајакнување на вештините и поврзување со работа“ во рамките на проектот за Зголемување на приходите и Социо-економско зајакнување (IISEE)

  1. Позадина

1.1 Вовед

Овој документ содржи упатства за апликантите заинтересирани за одговор на Отворениот повик за набавка на хотелски услуги за Програмата за забрзан раст.

1.2 Договорно тело

Договорното тело за оваа набавка е Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико, лоциран на: Мајаковски бр. 12/1-18, Скопје, електронска пошта: [email protected]. Оваа набавка се спроведува за потребите на проектот „Пристап до пазарот на труд преку зајакнување на вештините и поврзување со работа“.

Дистрибуцијата на средствата во рамките на овој проект е условена од одобрувањето и распределбата на средствата од донации. Финансирањето е строго условено од достапноста и обезбедувањето на надворешно финансирање од донатори.

1.3 Предмет на договорот

Предмет на договорот е ангажирање на правно лице за обезбедување на хотелски услуги за спроведување на обуката во рамките на Програмата за забрзан раст. Обуката треба да се одржи од 13 до 15 септември, како дел од интервенцијата „Пристап до пазарот на труд преку зајакнување на вештините и поврзување со работа“ во рамките на проектот „Зголемување на приходите и социо-економско зајакнување на ранливи и маргинализирани групи од рурални и приградски средини,“ поддржан од Ве Ефект, Скопје.

  1. Цел на договорот

Обезбедувачот на услуги треба да обезбеди хотелски услуги за сместување, храна и работен простор (сала), за организирање на дводневна обука според следните спецификации. Во овој контекст, обезбедувачот ќе биде одговорен за следното:

Бр. Потребни спецификации Количество
1. Комплетен пансион по лице во единечна соба (вклучувајќи појадок, ручек, вечера и еден  безалкохолен пијалак за ручек и вечера) 19 лица (приближно)
2. Дополнителен ручек за 19 лица  (приближно) 19 лица (приближно)
3. Сала за состаноци, акустично одделена од остатокот од хотелот, соодветна за максимум 20 лица 1
4. Користење на техничка опрема (LCD проектор, флипчарт табла)Top of FormBottom of Form 1
5. Освежување за време на работилницата и паузите (кафе, вода, безалкохолен пијалак) 19 лица (приближно)

Обуката треба да се одржи од 13 до 15 септември 2024 година. Целта е да се поддржи процесот на создавање услови за раст и зајакнување на локалните бизниси водени од ромски претприемачи. Програмата за забрзан раст за ромски претприемачи има за цел да зајакне 15 ромски претприемачи (Роми кои добиле грант од Агенцијата за вработување) во претприемништво, преку обезбедување насочена поддршка, ресурси и можности за раст.

Дополнителни информации за обезбедувачите на услуги:

  • Понудата треба да биде за цена по лице за максимум 19 лица, за три дена, две ноќи на основа на комплетен пансион со вклучени кафе паузи.
  • Понудите треба да вклучуваат ДДВ.
  • Цените во понудата треба да бидат изразени во денари.
  • Документацијата поднесена во копија треба да биде заверена од понудувачот со печат и потпис на одговорното лице, означена како „Верно на оригиналот.“
  • Оброкот за ручек треба да вклучува салата, порција главно јадење и десерт.
  • Оброкот за вечера треба да вклучува салата, порција главно јадење и десерт.
  • Храната не треба да содржи свинско месо и сланина.
  • Пристигнувањето на учесниците е закажано за 13 септември со ручек во 12:00 часот.
  • Заминувањето на учесниците е закажано за 15 септември по паузата за ручек.
  1. Службено патување и сместување

Патувањето на учесниците не треба да биде вклучено во финансиската понуда на апликантот. Ромалитико ќе ги покрие трошоците за патување на учесниците до местото на обуката.

  1. Координација и известување

Планирањето, времето, имплементацијата и известувањето за активностите ќе бидат во координација со Ромалитико.

  1. Барања за квалификации

Клучни квалификации и компетенции на апликатот вклучуваат:

  • Регистриран сертифициран обезбедувач на хотелски услуги
  • Доказ за успешна историја во сместување на групи за обуки

5.1 Основи за исклучување од учество во набавка

Список на основи за дисквалификација на понудувач. Апликантот ќе биде исклучен од учеството во набавката и треба да поднесе Декларација за непостоење на основи за исклучување од учество во набавка, изјавувајќи дека апликантот не се наоѓа во следниве ситуации:

  1. a) е во банкрот, или е во процес на ликвидација, управуван од суд; има склучено договор со доверители, има суспендирано деловни активности или е предмет на забрана за работење од суд;
  2. b) е предмет на постапка за прогласување на банкрот, за присилна ликвидација или управување од суд, или за договор со доверители или било која друга слична постапка;
  3. c) има учествувано во професионално неправилно однесување кое има влијание врз неговата професионална репутација, вклучувајќи, особено, кое било од следниве:
  4. лажно или небрежно давање на погрешни информации потребни за верификација на непостоење на основи за исклучување од набавка или исполнување на условите за подобност или во извршување на договор;
  5. склучување договор со други економски оператори со цел нарушување на конкуренцијата;
  • прекршување на права од интелектуална сопственост;
  1. обид за влијание врз процесот на донесување одлуки за време на постапката за набавка; или e. обид за добивање на доверливи информации кои можат да му обезбедат неправедна предност во постапката за набавка;
  2. d) не ги исполнил обврските поврзани со плаќање на даноци или социјални придонеси во согласност со применливите закони;
  3. e) лицата кои имаат овластувања за претставување, одлучување или контрола врз него се осудени со правосилна пресуда за прекршок поврзан со нивното професионално однесување и/или заобиколување на даночни, социјални или други применливи законски обврски, вклучувајќи создавање на ентитет за таа цел;
  4. f) утврдено е со правосилна пресуда или правосилна административна одлука или со доказ во сопственост на We Effect дека лицата со овластувања за претставување, одлучување или контрола врз него, се виновни за измама, корупција, учество во криминална организација, перење пари или финансирање тероризам, кривични дела поврзани со тероризам, детска работа или било кој друг облик на трговија со луѓе или било која друга нелегална активност.

Ромалитико – Скопје ќе ја заштити информацијата означена како доверлива од страна на апликантите; во спротивно, ќе се смета дека понудата не содржи доверливи информации.

  1. Процедура за аплицирање

Апликантот треба да ги поднесе следниве документи најдоцна до 10 септември 2024 година до крајот на работниот ден, 16:00 часот, на следните електронски адреси: [email protected] и [email protected].

  • Опис на профилот на компанијата со релевантни години на искуство во организирање и сместување на групи за обуки;
  • Тековна состојба од Централниот регистар, не постара од 6 месеци од датумот на апликација

Финансиската понуда треба да вклучува цена по лице за 19 лица за три дена/две ноќи.

  • Понудите треба да вклучуваат ДДВ (Данок на додадена вредност) и сите применливи трошоци.
  • Цените во понудата треба да бидат изразени во денари (МКД).
  • Декларација за непостоење на основи за исклучување од учество во набавка (потпишана и заверена) – видете дел 5.1.
  • Декларација за односи (потпишана) – видете дел 9.
  • Документацијата поднесена во копија мора да биде заверена од апликантот со печат и потпис на одговорното лице, означена „Верно на оригиналот.“

Секое барање за информации и/или појаснување за оваа набавка треба да се испрати најдоцна 7 дена пред крајниот рок на затворање на повикот за набавка на следните електронски адреси: [email protected] и [email protected].

Периодот на важност на понудата е 15 дена. Апликантот треба да ја испрати целосната документација со следниот предмет „Набавка на хотелски услуги за Програмата за забрзан раст“. Понудата не е делива.

  1. Евалуација на понудите

Непотполните апликации и апликациите примени по истекот на рокот нема да бидат разгледувани за понатамошна евалуација. Ве молиме, осигурете се дека сте ги обезбедиле сите побарани документи.

Сите примени понуди прво ќе бидат предмет на административна проверка.

Понудите што ќе ја поминат административната проверка ќе бидат предмет на техничка и финансиска евалуација врз основа на следната табела за бодирање. Минималниот број на поени за да се помине техничката евалуација е 21 поен.

Техничка евалуација (30 поени)

Критериум Мак.поени Нивоа на бодирање
Опис на хотелот и релевантни години на искуство во организирање и сместување на групи за обуки
Минимум две години искуство во хотелски услуги (20 поени)
        30 2-3 години = 20 поени, 4-5 години = 25 поени, >8 години = 30 поени
ВКУПНО 30

 

Критериуми за финансиска понуда (70 поени)

Изборот се заснова на принципот на најдобра вредност за парите, каде што финансиската понуда придонесува со максимум 30 поени во севкупната евалуација. Понудата со најниска цена ќе добие вкупно 30 поени. Другите понуди со повисоки цени ќе добијат пропорционален број на поени според следната формула: 30 x (Најниска понуда / Предложена понуда).
Апликантот(ите) со највисок вкупен број на поени од техничката и финансиската евалуација ќе го добие договорот за набавка..

  1. НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ

Предвиден е следниов начин на плаќање:

  • 30% при потпишување на договорот и 70% по испораката на услугата.

 

  1. Декларација за односи

Апликантите се силно охрабрени да опишат, во слободна форма, какви било сегашни или минати деловни или лични односи со:

  • тесно поврзана страна од We Effect;
  • Регионалната канцеларија на We Effect во Скопје;
  • Вработените на We Effect;
  • Управните тела на We Effect; или
  • Партнерите во проектот (Национална федерација на фармери – НФФ; Центар за образование и развој – ЦОР и Ромалитико).

Тесно поврзана страна (лица, физички или правни) според дефиницијата се смета за лице кое има можност да извршува контрола врз, или значително да влијае на, друго лице кога станува збор за финансиско и оперативно донесување одлуки во врска со некоја активност.
Деловните односи не се однесуваат само на договорни аранжмани, туку и на еднократни ангажмани. Личните односи не се однесуваат само на непосредно семејство, туку и на пошироки роднини, пријатели и познаници.

Декларирањето на каков било однос НЕМА да го дисквалификува апликантот од набавката, туку ќе придонесе за по транспарентен процес на евалуација. Целта на Декларацијата е да се открие информацијата за односите, што го прави процесот на аплицирање и евалуација потранспарентен и ги поддржува понудите во нивната релевантност според условите на отворениот пазар.

Пример

Изјава за постоење на деловни односи

Со ова изјавувам дека јас/име на компанијата и било кој од нашите вработени, немаме/имаме деловен или личен однос со Ромалитико, Институт за истражување и анализа на политики – Ромалитико Скопје; Регионалната канцеларија на We Effect во Скопје; Националната федерација на фармери – НФФ, Скопје, Северна Македонија; Центарот за образование и развој – ЦЕД, Теарце, Северна Македонија.

Природата на деловниот/личниот однос е следнава: xxxxxx

Датум:_______________
Потпис (име и позиција): ______________

  1. Сопственост

We Effect ќе биде, освен ако не е поинаку договорено, единствен сопственик и ќе има сите права на интелектуална сопственост врз сите испораки и резултати произлезени од извршувањето на овие Услови за учество. За целите на овие Услови за учество, терминот „резултати“ ќе значи сите дела и материјали (вклучувајќи документација) како и сите други резултати произведени од избраниот апликант. Сите авторски права и сите патентни права или други права на интелектуална сопственост поврзани со резултатот ќе претставуваат сопственост на We Effect. Преносот на правата вклучува право на We Effect да ги менува и модифицира резултатите и да ги пренесе правата на трето лице. Избраниот апликант нема да има право, без писмена согласност од We Effect, да ги користи резултатите во својата дејност.

  1. ОТКАЖУВАЊЕ НА НАБАВКАТА

Договорното тело може да ја откаже постапката за набавка ако:

  • Не се поднесат понуди или не се поднесат прифатливи или соодветни понуди.
  • Се случат непредвидени промени во буџетот на договорното тело.
  • Непредвидени и објективни околности ги променат потребите на договорното тело.
  • Избраниот апликант се повлече од потпишување на договорот.
  • Други услови за кои договорното тело ќе информира соодветно.