Датум на објава: 03.06.2021

Краен рок за аплицирање: 15.06.2021 (16:00 часот)

Институтот за истражување и анализи на политики – Ромалитико во рамките на проектот насловен: Образованието на Ромите за време на КОВИД“ финансиран од Ромскиот Образовен Фонд (РЕФ) со бр. на договор MAC004 објавува Јавен повик за ангажирање на компанија за видео снимање и пост-продукција

Главната цел на проектот е да се постигне вклучување на децата Роми во раното детско образование преку обезбедување безбедна средина во градинките, подобрување на пристапот, посетеноста и достигнувањата на учениците Роми во основното образование и подобрување на резултатот на учениците Роми во средното училиште во рамки на на државна матура и запишување на високо образование.

  1. Опис

Во рамките на проектот, предвидено е да се ангажира правно лице кое ќе направи видео снимање на активностите на проектот и пост-продукција на материјалите со цел да се креира видео запис со кој ќе се промовира прокетот и резултатите на проектот. Снимањето на материјалите и пост-продукција е предвидено да се спроведе од 16.06.2021 до 16.07.2021. Целосниот преглед на спецификациите може да ги прегледате тука

  1. Работни задачи

Специфични задачи кои треба да се извршат во периодот од 16.06.2021 до 16.07.2021 се следниве:

  • Снимање на терен при реализирање на активностите
  • Снимање на интервјуа со засегнати страни во процесот (претставници на локална самоуправа, градоначалник, министерства, министри, институции, граѓански организации, меѓународни организации, донатори кои се заинтересирани за иста или слична интервенција и други)
  • Пост-продукција на видео записите со цел да се креира краен продукт за промовирање на прокетот
  • Креирање на видео запис којшто ќе биде промовиран на национално ниво
  • Креирање на видео материјали кои ќе бидат испратени за изработка на видео запис којшто ќе ги вклучи записите од сите држави каде што се спроведува проектот
  • Архивирање на видео материјалите за испорака до компанијата која ќе го креира видеото за сите држави
  • Почитување на техничките спецификации
  • Комуникација со проектниот менаџер за спроведување на акивнистите
  1. Потребни квалификации и критериуми за избор

Правните лица треба да ги поседуваат следните квалификации

  • Видео записите да бидат снимени со Sony alpha a7 R III која има Sony E 18-200mm f/3.5-6.3 или подобра камера
  • Звкукот на видео записите да бидат снимени со Zoom H1 микрофон или подобар
  • Видео форматот да биде Full HD – Video format H.264 со FPS 25
  • Да имаат искуство од минимум 3 години во изработка на исти/слични видео записи според потребата на проектот

Правното лице ќе биде одговорно за

  • Видео: Снимање, постпродукциска обработка, монтажа и графичка и звучна обработка на еден видео запис кој ќе биде промовиран на национално ниво
  • Видео записите да бидат архивирани и испратени до одговорната продукциска компанија за видео запис кој ќе биде промовиран на меѓународно ниво
  1. Документи за пријавување

Заинтересираните апликанти треба да ги достават следните документи:

  • Референци (портфолио) за Понудувачот за изработени видео записи
  • Финансиска понуда

Предвид ќе бидат земени само оние понуди кои ги исполнуваат условите и кои ќе испратат комплетна документација.

Потребните документи се доставуваат на [email protected], со назнака „Апликација за видео продукција“, најдоцна до 13.06.2021 година, до 16.00 часот. Пријавите пристигнати по рокот нема да бидат земени во предвид. Дополнително доколку имате одредени прашања поврзани со повикот може да ги доставите до Проектниот менаџер – Суад Скендери на следниот емаил [email protected] или на 078/223-720.

Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико ќе ги евалуира доставените понуди врз основа на квалитет на различни елементи на пристигнатите апликации, релевантното искуство вклучувајќи го и предложениот буџет и ќе одлучи за најсоодветниот кандидат.

Со почит,

Елвис Шаќири
Извршен директор

Институт за истражување и анализа на политики