За потребите на ЈЗУ Здравствен дом Чаир, во рамки на проектот „Генерална поддршка и граѓанско општество за Интеграција на Ромите“ Институт за истражување и анализа на политики испраќа:

 

ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ 01/2022

за набавка на СТОКИ /Амбулантно возило за итна медицинска помош/

 

Институт за Истражување и Анализа на Политики – РОМАЛИТИКО, во рамките на проектот „Генерална поддршка и граѓанско општество за Интеграција на Ромите“ финансиски поддржан од Канцеларијата за Ромски иницијативи Фондација Отворено Општество – Берлин, со Договор за грант потпишан помеѓу Ромалитико и Канцеларијата за Ромски иницијативи – Фондација Отворено Општество – Берлин со бр. OR2021-82066, Ве поканува да доставите понуда за набавка на следните стоки:

 

  • Амбулантно возило за итна медицинска помош

Ве охрабруваме да ни доставите Ваша понуда за горенаведената покана.

Понудата треба да биде изготвена во согласност со Инструкциите за понудувачите и треба да ги содржи следните елементи:

  1. Копија од Тековна состојба не постара од 6 месеци;
  2. Прилог 1. Техничка понуда со вклучена финансиска понуда;
  3. Прилог 2. Изјава за непостоење на услови за исклучување на добавувач.

 Симнете ги сите документи од следниот линк.

Изборот на добавувачите ќе се изврши по пат на евалуација на техничката и финансиската понуда

 

Начин на доставување на понудите

Понудите се поднесуваат преку пошта, лично на рака во Ромалитико Скопје со адреса на ул. Аминта Трети бр.33 А, влез 1, кат 5, бр. 25, 1000 Скопје со наслов „За повик бр.01/2022 или на е-маил: [email protected]; 

 

Краен рок за доставување на понудите е 25 јуни 2022 година до 16:30 часот.

 

Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се изработени според Инструкциите за понудувачите, нема да бидат земени предвид. Секој понудувач може да учествува само со една понуда.

 

Сите дополнителни појаснувања може да се добијат преку адресата на е-пошта на Институт за Истражување и Анализа на Политики – Ромалитико, на e-mail: [email protected], најдоцна до крајниот рок за доставување на понудите, односно 25 јуни 2022 година до 16:30 часот.

 

Со почит,

Институт за истражување и анализа на политики- Ромалитико