Вчера тимот на Ромалитико беше на теренска посета во Кочани заедно со Микаел Атерхог, раководител за развојна соработка во Шведската агенција за меѓународна развојна соработка при амбасадата на Кралството Шведска и Фидан Елези, национален програмски менаџер во Шведската агенција за меѓународна развојна соработка и претставници од канцеларијата на WeEffect, Скопје.
При посетата беше остварена средба со компанијата Amphenol Technology Macedonia на која се разговараа предизвиците во делот на вработување и можностите за соработка. Исто така, беше остварена средба со претставници на ромската заедница на која се дискутираа бариерите со кои се соочуваат невработените Роми и како истите може да се надминат.
Во рамки на проектот “Пристап до пазарот на труд преку зајакнување на вештини и поврзување на невработени Роми со компании” кој што е поддржан од We Effect, Скопје преку фацилитаторите за економски развој веќе се мапираат невработени Роми и ќе се работи на нивно активирање на пазарот на трудот преку различни активности.