Во рамки на РОМАКТЕД програмата денес беше организирана обука за права и процедури на лицата без документи во Северна Македонија за фасилитаторите на оваа програма.
Обуката ја спроведоа Советникот за интеграција на Роми при Кабинетот на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Елвис Мемети и претставник од Управата за водење на матични книги, Јасна Пецевска.
Мемети и Пецевска дадоа фокус на Законот за неевидентирани лица во матична книга на родени, стратешката рамка за лицата без документи и нивен пристап до образование, здравсство, вработување и социјална заштита согласно постоечките законски прописи како и на постоечката законска рамка за регуларно евидентирање во матичната книга на родени, рокови и процедури.
Во рамки на Управата за водење на матични книги на родените понудена е поддршка на РОМАКТЕД фасилитаторите заедно со локалните управи за водење на матични книги да бидат спроведени инфо сесии наменети за Акциската група на заедницата во сите 15 општини.
Обуката е реализирана со поддршка на Институт за истражување и анализи на политики Ромалитико и Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје.