Програмскиот менаџер, Дениз Селмани на 4 Март 2020 година учествуваше на Форумот за инклузивност на изборниот процес за претставници на институции и здруженија на граѓани организиран од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје во соработка со Државната изборна комисија. Форумот имаше за цел да ја подигне свеста за недостатоците што ги спречуваат лицата со посебни потреби, жените и помалите заедници од целосно учество во изборниот процес како и да придонесе за демократски, фер и инклузивни избори.
Ромалитико учествуваше на Форумот за инклузивност на изборниот процес
март 5 2020 | Вести