Датум на објава: 05.08.2022
Краен рок на аплицирање: 16.08.2022
Времетраење на ангажман: 3 месеци ангажман со скратено работно време (4 часа на ден), со можност за продолжување до крај на времетраење на проектот
Почеток на ангажман: 01 септември, 2022
Институтот за истражување и анализа на политики – РОМАЛИТИКО го спроведува проектот Заедно за просперитетна заедница во партнерство со Здружението на граѓани – РОМАВЕРЗИТАС, Здружение на граѓани – Иницијатива за економски развој на Ромите – РЕДИ и Организација за јакнење и организирање на ромската заедница – РОМАНО АВАЗИ. Овој проект е финансиски поддржан од страна на Агенцијата на САД за меѓународен развој, УСАИД – Македонија и ќе се имплементира до јуни 2025 година.
Примарниот фокус на проектот е поддршка во креирањето на мрежи и соработка помеѓу релевантни чинители вклучувајќи ја локалната самоуправа, приватниот сектор, донаторски организации, Ромската дијаспора, граѓански организации и останати засегнати страни во процесот на воспоставување на одржливи механизми за мобилизација на ресурси, потребни за акции и иницијативи кои ќе придонесат за развој на заедницата на локално ниво. Во локалните активности предвидено е Ромската заедница да планира, финансира и имплементира решенија за сопствените развојни предизвици и приоритети.
Целта на проектот е воспоставување и промовирање на одржливи системи за локален развој кои ќе бидат иницирани од страна на Ромската заедница, обезбедена преку локални акции креирани согласно приоритетните потреби на заедницата. Овие локални акции ќе бидат координирани со сите локални чинители кои ќе придонесат за себеодржливоста на заедницата и генерално за локалниот развој во општината.
Активностите на проектот ќе се спроведуваат во 17 општини (Виница, Кочани, Куманово, Гостивар, Прилеп, Штип, Тетово, Берово, Струмица, Радовиш, Кавадарци, Битола, Велес, Неготино, Чаир, Шуто Оризари, Ѓорче Петров), кои ќе бидат поделени во 8 региони.
Поделбата на општините по региони е следна:
Регион 1 | Регион 2 | Регион 3 | Регион 4 | Регион 5 | Регион 6 | Регион 7 | Регион 8 |
Шуто Оризари | Тетово | Куманово | Кочани | Радовиш | Прилеп | Велес | Неготино |
Топаана (Чаир) | Гостивар | Виница | Струмица | Битола | Штип | Кавадарци | |
Ѓорче Петров | Берово |
За таа цел Институтот за истражување и анализа на политики – РОМАЛИТИКО објавува повик за ангажман 12 локални консултанти во следните региони:
РЕГИОН 2 (Тетово и Гостивар) – тројца локални консултанти:
- Консултант за бизнис и претприемништво,
- Консултант за мобилизирање на заедница и дијаспора, и
- Консултант за алумни (поранешни стипендисти)
РЕГИОН 5 (Струмица и Радовиш) – 1 локален консултант за:
- Консултант за мобилизирање на заедница и дијаспора
РЕГИОН 6 (Прилеп и Битола) – тројца локални консултанти:
- Консултант за бизнис и претприемништво,
- Консултант за мобилизирање на заедница и дијаспора, и
- Консултант за алумни (поранешни стипендисти)
РЕГИОН 7 (Штип и Велес) – двајца локални консултанти:
- Консултант за мобилизирање на заедница и дијаспора, и
- Консултант за алумни (поранешни стипендисти)
РЕГИОН 8 (Неготино, Кавадарци) – тројца локални консултанти:
- Консултант за бизнис и претприемништво,
- Консултант за мобилизирање на заедница и дијаспора, и
- Консултант за алумни (поранешни стипендисти)
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- АНГАЖИРАЊЕ НА ЛОКАЛЕН КОНСУЛТАНТ ЗА БИЗНИС И ПРЕТПРИЕМНИШТВО (ТоР)
Консултантите треба да имаат познавање од областа на бизнис и претприемништво, локалниот контекст поврзан со постоечките бизнисмени во регионот во којшто ќе делуваaт. Бизнис консултантите треба да поседуваат одлични комуникациски вештини за понатамошна соработка со засегнатите страни со цел да се овозможи синергија на ресурси поврзани со локалните акции идентификувани од страна на заедницата.
Задачи и одговорности:
- Идентификување (мапирање) на Роми бизнисмени;
- Идентификување (мапирање) на општествено одговорни компании;
- Соработка со засегнатите страни (Роми бизнисмени и општествено одговорни компании) за генерирање на поддршка и потребни ресурси за локалните акции;
- Воспоставување на иновативни модели за генерирање на ресурси;
- Вклучување на бизнис заедницата во процесот на дизајнирање и имплементација на локалните акции;
- Активно промовирање на целта на проектот во заедницата преку спроведување и учествување на различни локални активности предвидени во рамки на проектот;
Потребни квалификации:
- Завршено средно или високо образование;
- Искуство во работа со ромската заедница;
- Желба и подготвеност за работа на терен;
- Основно познавање на Microsoft Office;
- Познавање и разбирање на локалниот контекст на ромската заедница во нивните локации;
- Препознатливост во ромската заедница;
- Чувство за колективен интерес на ромската заедница и мотивираност за позитивни промени за заедница на локално и национално ниво;
- АНГАЖИРАЊЕ НА ЛОКАЛЕН КОНСУЛТАНТ ЗА ЗАЕДНИЦА И ДИЈАСПОРА (ТоР)
Kонсултантите потребно е да имаат познавања од областа на мобилизирање на локалната заедница и способности за идентификување на дијаспората во регионот во којшто ќе делуваат. Консултантите исто така треба да имаат познавање од локалниот контекст поврзан со локалната заедница и дијаспората, а воедно да поседуваат одлични комуникациски вештини, со цел да се овозможи синергија на ресурси поврзани со локалните акции идентификувани од страна на заедницата.
Задачи и одговорности:
- Идентификување на членови од ромската заедница за поддршка на локалните акции;
- Идентификување (мапирање) на ромската дијаспора од локалната заедница во регионот каде што ќе делува консултантот;
- Соработка со засегнатите страни (локална ромска заедница и дијаспора) за генерирање поддршка и ресурси потребни за локалните акции;
- Воспоставување на иновативни модели за мобилизирање и самоорганизирање на заедницата и дијаспората;
- Вклучување на заедницата во процесот на дизајнирање и имплементација на локалните акции;
- Активно промовирање на целта на проектот во заедницата преку спроведување и учествување на различни локални активности предвидени во рамки на проектот;
Потребни квалификации:
- Завршено средно или високо образование;
- Искуство во работа со ромската заедница;
- Желба и подготвеност за работа на терен;
- Основно познавање на Microsoft Office;
- Познавање и разбирање на локалниот контекст на ромската заедница во нивните локации;
- Препознатлив/а во ромската заедница;
- Чувство за колективен интерес на ромската заедница и мотивираност за позитивни промени за заедница на локално и национално ниво;
- АНГАЖИРАЊЕ НА ЛОКАЛЕН КОНСУЛТАНТ ЗА АЛУМНИ (ТоР)
Консултантите треба да имаат познавање од студенти и алумни односно поранешни стипендисти на Ромскиот Образовен Фонд (РЕФ) и Министерството за Образование и Наука (МОН). Исто така, консултантите треба да го познаваат локалниот контекст поврзан со студентите и поранешните стипендисти во регионот во којшто ќе делува. Консултантите треба да поседуваат одлични комуникациски вештини за понатамошна соработка со засегнатите страни со цел да се овозможи синергија на ресурси поврзани со локалните акции идентификувани од страна на заедницата.
Задачи и одговорности:
- Идентификување на поранешни стипендисти и студенти од ромската заедница во регионот каде што ќе делува консултантот за поддршка на локалните акции;
- Соработка со засегнатите страни (студенти Роми и поранешни стипендисти) за генерирање поддршка и ресурси потребни за локалните акции;
- Воспоставување на иновативни модели за мобилизирање и самоорганизирање на студентите и алумните;
- Вклучување на алумните во процесот на дизајнирање и имплементација на локалните акции;
- Активно промовирање на целта на проектот во заедницата преку спроведување и учествување на различни локални активности предвидени во рамки на проектот;
Потребни квалификации:
- Завршено средно или високо образование;
- Искуство во работа со ромската заедница;
- Желба и подготвеност за работа на терен;
- Основно познавање на Microsoft Office;
- Познавање и разбирање на локалниот контекст на ромската заедница во нивните локации;
- Препознатлив/а во ромската заедница;
- Чувство за колективен интерес на ромската заедница и мотивираност за позитивни промени за заедница на локално и национално ниво;
НАЧИН И ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
- CV/Кратка биографија
- Мотивациско писмо кое треба да одговара на следните прашања:
- Зошто аплицирате на оваа позиција? Зошто аплицирате за тој вид на консултант, а не за друг? Кое е Вашето искуство во областа за која аплицирате?
Документите за аплицирање треба да се достават по електронски пат на е-маил адреса: [email protected], најдоцна до 16.08.2022 година со назнака (предмет) „Апликација за локален консултант – Профилот на консултант за кој се аплицира“.
Дополнителни информации за повикот можете да добиете во просториите на Институтот Ромалитико во Скопје на адреса (Аминта Трети 33а 1/25) , или на тел: 075/314-504, секој работен ден од 08.00 до 16.00 часот или електронски на е-маил адресата: [email protected]
Прочитајте го целосниот повик тука.