Денес го потпишавме договорот за реализација на локалната акција – Изградба на улица во населено место Криволак долга 365 метри.
Со оваа инвестиција од 4 милиони денари ќе се реши овој децениски инфраструктурен проблем на локалното население кое брои повеќе од 1000 жители од кои над 400 се Роми и со тоа ќе се овозможат соодветени услови за пристап до Криволак.
Средствата за реализација на оваа иницијатива се обезбедени од страна на општина Неготино, Институтот Ромалитико и ромската заедница.
Оваа иницијатива на заедницата е поддржана од проектот Заедно за просперитетна заедница во рамки на Програмата на УСАИД за развој на заедниците и Генералната поддршка на канцеларијата за ромски иницијативи во Берлин.