Дали знаеше дека во Република Северна Македонија од почетокот на пандемијата досега 195.002 лица биле заразени со корона вирус од кои 92% се излечени додека 3.5% починале. 6.35% од зарзените биле на возраст од 0-19 години, додека пак 49.9% се на возраст од 20-49 години.

Овој документ е изработен со финансиска поддршка на Европската Унија и Советот на Европа. Тука споделените гледишта не треба да се смета дека се официјално мислење на ниту една од двете страни.

  ШТО Е КОРОНА ВИРУС И КАКО СЕ ПРЕНЕСУВА?  

Корона вирусот е вирусно заболување предизвикано од САРС-КоВ2 вирусот.

Најчести симптоми се: покачена температура, малаксаност, кашлица, ослабен осет за мирис и/или вкус, главоболка, мускулна болка, болка во грло, треска и отежнато дишење.

Други симптоми кои можат да се јават се: болки во телото, течење на носот, главоболка, дијареа, гадење, повраќање, губење на апетит, отечени очи, згрутчување на крвта, напади на грчење и тресење, оштетување на црниот дроб и бубрезите.

Во случај на појава на вакви симптоми ИТНО побарај медицинска помош.

Како се пренесува вирусот? – Ако дојдете до контакт со вирусот преку допир со рацете, тој нема да ве зарази. Но, ако со рацете ги допрете очите, носот или устата тогаш вирусот може да влезе во вашето тело и да ве зарази.

Најдобар начин да се спречи ширењето на вирусот е лична хигиена, често миење на раце со дезинфекционо средство или со шампон или сапун за раце.

Долготраен начин за спречување на вирусот е вакцинацијата.

   ИМАШ ПРАВО ДА БИДЕШ ИНФОРМИРАН   

 

   ЗОШТО Е ВАКЦИНАЦИЈАТА ВАЖНА?   

Согласно последната анализа на Министерството за здравство, во изминатите два месеца август-септември 2021 година, 28.856, граѓани, односно 76% од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица, кои се невакцинирани изнесува 81%, додека само 19% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Вакцините се безбедни и ефикасни и единствен начин за заштита. Вакцината има за цел да ја спречи смртноста од оваа заразна болест што во пракса се покажа успешно. До сега кај нас се дадени околу 1,2 милиони дози на вакцини без посериозни компликации и несакани ефекти.

   ВАКЦИНАЦИЈАТА Е БЕСПЛАТНА

   


д-р Ариф Пини, специјалист по интерна медицина        
                

   ОВА Е ОДГОВОР НА ТВОИТЕ ПРАШАЊА?   

✓ Дали се безбедни одобрените вакцини за КОВИД-19?
Да. За да бидат одобрени за употреба, вакцините против КОВИД-19 мора да ги исполнуваат највисоките стандарди за безбедност и делотворност. Иако беа развиени во рекордно време, во овој процес, системите за тестирање, проценка на резултатите и одобрување на вакцината не станаа помалку ригорозни. Светската здравствена организација (СЗО) внимателно го следи воведувањето на сите вакцини за КОВИД-19.

✓ Кои реакции може да се добијат после вакцинирање?
Нормално е да се појават реакции како: црвенило, оток или болка наместото, замор, блага температура, главоболка или болка во рацете и нозете. Но, овие реакции се нормални и поминуваат по еден или два дена, тие се доказ дека вакцината делува и дека вашето тело создава имунитет и одбрана. Ова се нормални реакции од вакцината. Многу ретко може да се јави некоја посериозна нус појава.

✓ Може ли да се разболам со КОВИД-19 од вакцината?
Не. Ниедна од сегашните вакцини не содржи жив вирус што предизвикува КОВИД-19. Ова значи дека вакцината не може да нè разболи со КОВИД-19. Лесните симптоми пријавени од вакцинирани лица (болка, црвенило на кожата на местото на инјектирање, главоболка и покачена температура) се само доказ дека се активирал вашиот имунолошки систем.

✓ Дали ако се вакцинирам можам повторно да се разболам?
Да, постои таква можност но симптомите ќе бидат лесни и нема да се јави тешка форма на болеста. Во светот се докажа дека тие кои не се вакцинирани имаат тешка болест некои и завршуваат со смрт. А тие кои се вакцинирани поретко се заболуваат, доколку се заболат имаат имунитет и лесно поминуваат без потешки последици.

✓ Дали од вакцината може да дојде до неплодност?
Тоа се неточни инфомации и медицински не се докажани.

✓ Дали можам да примам само една доза вакцина?
За создавање на подобар имунитет потребно е да се примат двете дози бидејќи така се добива целосниот ефект на вакцината.

✓ Дали може бремена жена да прими вакцина?
Светската здравствена организација препорачува да не се користи вакцина за КОВИД-19 во бременоста, освен ако придобивките од вакцинирањето на бремената жена се поголеми од ризикот, како на пример кај бремени жени кои имаат други хронични болести и влегуваат во група со висок ризик од тешка форма на КОВИД 19. (Во вакви случаеви потребен е совет од гинеколог).

✓ Дали ако прележам корона треба да се вакцинирам?
Да, сите треба да се вакцинираат без разлика дали прележале или не. Но, оние кои прележале треба да ја одложат вакцинацијата неколку месеци, бидејќи по прележана болест имаат имунитет и се заштитени на одреден период.

✓ Колку време ме штити вакцината?
Сè уште нема доволнонаучни докази за траењето на имунитетот по вакцинацијата, иако неколку земји веќе го проучуваат тоа и има некои студии. Ова е уште една причина зошто треба и натаму да носиме маски физички да се дистанцираме и да водиме сметка за личната хигиена дури и откако ќе се вакцинираме според препорачаниот распоред.

✓ Која е најдобра вакцина?
Сите вакцини се добри и ефикасни.

✓ Како се добива Сертификат за вакцина?
Откако ќе се вакцинирате сте евидентирани во системот на Министерството за здравство и потоа можете да го испечатите сертификатот кај вашиот матичен лекар.

   САМ ОДЛУЧУВАШ ЗА СВОЕТО ЗДРАВЈЕ