Правните монитори во рамките на Проект на УСАИД за инклузија на Ромите, во месец јули, август и септември спроведоа по две  инфо сесии со ромската заедница. Првата тема на која правните монитори спроведоа инфо сесии беше темата Социјална пензија. Како втората инфо сесија правните монитори можеа да изберат тема од права на социјална заштита која сметаат дека ромската заедница е најмногу заинтересирана и е релевантна. Тие како втора инфо сесија често ги избираа темите :

  • Детски додаток;
  • Гарантирана минимална помош (ГМП);
  • Надомест за помош и нега од друго лице;
  • Еднократна парична помош;
  • Ослободување од партиципација и
  • Додаток за образование

Како резултат од оваа активност правните монитори  во месеците јули, август и септември вкупно изработија 22 инфо сесии во 11 општини и тоа Шуто Оризари, Чаир/Топаана и Ѓорче Петров во Скопје, Куманово, Дебар, Гостивар, Велес, Неготино, Прилеп, Крива Паланка и Штип.  На овие инфо сесии вкупно учествуваа 140 лица од заедницата.

  1. Во општина Дебар, на 21.07.2022 и на 22.07.2022 година правната мониторка Алмира Кагури одржа две инфо сесии на кои присуствуваа вкупно 12 лица. Покрај задолжителната инфо сесија на тема Социјална пензија, Алмира Кагури изработи и втора инфо сесија на тема Детски додаток.
  2. Во општина Куманово двете инфо сесии беа спроведени на 27.07.2022 и 28.07.2022 од страна на Муарем Шакировски на тема ГМП за лица без документи и инфо сесија за Социјална пензија. На двете инфо сесии вкупно беа присутни 9 лица.
  3. Во општина Чаир/Топаана двете инфо сесии се спроведоа на 29.07.2022 и на 02.09.2022. Покрај регуларната тема за Социјална пензија, правниот монитор Ервин Мамути одржа инфо сесија и на темата Образовен додаток. На двете инфо сесии беа присутни вкупно 12 лица.
  4. Во општина Шуто Оризари од страна на правниот монитор Сејнур Сефер беа одржани две инфо сесии на датумите 31.07.2022 и 28.08.2022. Двете инфо сесии се одржаа на темите Остварување на правото на додаток за образование и Социјална пензија.
  5. Во општина Ѓорче Петров се одржааа две инфо сесии на 23.07.2022 и 25.07.2022 од страна на правната мониторка, Орнела Гани. Во нив учествувале вкупно 15 лица.
  6. Во општина Велес се одржаа две инфо сесии на 27.07.2022, (Ослободување од партиципација) и 20.07.2022, (Социјална пензија) од страна на правниот монитор Томе Трајков. На двете инфо сесии присуствуваа вкупно 10 лица.
  7. Во општина Гостивар се одржаа две инфо сесии на 25.07.2022 и на 28.07.2022 кои ги спроведе правната мониторка Ќефајет Ш. Алиу. Според пратената листа на присутни на двете средби присуствувале вкупно 15 лица.
  8. Во општина Неготино, правниот монитор Сафет Темуровски одржа две инфо сесии. Првата инфо сесија на тема Социјална пензија тој ја одржа на 26.07.2022 година во с.Криволак. Втората инфо сесија правниот монитор ја одржа во хаб Неготино на 30.07.2022 година на тема ГМП. На двете инфо сесии присуствувале вкупно 15 лица.
  9. Во општина Прилеп, правниот монитор Џенгис Бериша одржа две инфо сесии на 30.08.2022 на темите Додаток за образование и Право на стипендија за Роми и Социјална пензија. На двете инфо сесии присутни беа вкупно 15 лица.
  10. Во општина Крива Паланка, Идрис Мустафовски одржа две инфо сесии на темите Еднократна Парична помош оржана на 20.07.2022 и Социјална пензија на 24.07.2022. На двете инфо сесии вкупно биле присутни 11 лица.
  11. Правниот монитор Ерол Адемов во хаб Штип одржа две инфо сесии на темите Социјална пензија на 28.09.2022 и на 29.09.2022 за Додаток за образование. На двете инфо сесии вкупно биле присутни 13 лица.

 

На инфо сесиите со задолжителната тема Социјална пензија, правните монитори најчесто започнувале со презентирање на условите и критериумите за остварување на ова право.

  1. Така Алмира Кагури, правната мониторка од Дебар на инфо сесијата за Социјалана пензија го преставила ова право со презентирање за тоа кои критериуми кои треба да се исполнат, на кои лица не им следува социјална пензија, каде да се обратат доколку сакаат да аплицираат за уживање на ова право, како тече постапката за аплицирање, како се пополнува барањето и кои пропратни документи треба да се подготват заедно со барањето. Од страна на присутните пак биле поставени неколку прашања поврзани со темата. Прашањата најчесто биле во поглед на тоа дали доколку двајца сопружници достигнале возраст за остварување на право, дали може и двајцата да аплицираат за социјална пензија. Понатаму дали странци може да аплицираат за социјална пензија како и примателите на ГМП. Исто така беше прашано што понатаму доколку некој добие негативно решение по поднесено барање за ова право.
  2. Муарем Шакировски инфо сесијата започнала со вовед за Социјална пензија. Понатаму правниот монитор објаснил кои се критериумите и условите за остварување на ова право, потребната документација и процесот на поднесување на барање во центрите.
  3. Ервин Мамути на инфо сесијата за Социјална пензија, ги објаснил условите и постапката за добивање на ова право. Правен монитор во неговиот записник нотираше дека дел од заедницата не знаеле дека може да аплицираат за социјална пензија без работен стаж. Дел од нив пак не знаеле и немало кој да ги информира кај треба да аплицираат. Ервин ги информираше дека доколку сакаат да аплицираат може слободно да му се јават нему за да им помогне не само околу социјална пензија туку и за други дилеми и проблеми
  4. Одржаната инфо сесија од страна на Сејнур Сефер на тема Социјална пензија биле поканети лица од ромската заедница кои имаат право да аплицираат за истото право односно лица кои имаат околку 60тина години. Заклучокот од оваа инфо сесија е дека заедницата која присутвуваше е заинтересирана за аплицирање на ова право.
  5. Орнела Гани, правната мониторка од хаб Ѓорче Петров на инфо сесијата за Социјална пензија на заедницата и презентирала за тоа кои лица ги исполнуваат условите за остварување на правото на социјална пензија и кои се барањата и документацијата која треба да се поднесе за истото да се оствари. Според неа лицата кои присуствувале на оваа инфо сесија повеќе биле заинтересирани да слушнат за правото на гарантирана мининална помош
  6. На инфо сесијата на тема Социјална пензија, во хаб Велес, присуствувале лица од заедницата кои се здобиле со информации за начинот  и условите за остварување на ова право. По излагањето на Томе се отворила плодна дискусија.
  7. Правната мониторка од Гостивар Ќефајет најшрвин објаснила што е Социјална пензија, понатаму ги презентирала условите, критериумите и потребната документација за остварување на ова право. Присутните биле информирани кои лица можат да го остварат ова право, кои се потребните документи, колкава е висината на социјалната пензија, во која институција треба да се обратат. Ромската заедница присутна на овие средби смета дека треба повеќе да се работи на информирање за ова право како и други права од социјална заштита.
  8. На инфо сесијата за Социјална пензија, Сафет од хаб Неготино објаснил кој се може да аплицира за ова право, кои се условите и која е процедурата. Дел од присутните побарале подетално објаснување за процедурите кои им биле образложени.
  9. Правниот монитор Џенгис Бериша на инфо сесијата за Социјална пензија пренесе дека биле присутни лица на возраст над 60 години кои согласно Законот за социјална сигурност за старите лица (Социјална пензија) се подобни и ги исполнуваат условите за остварување на правото. Било констатирано дека од присутните само еден е корисник на правото, а останатите не се корисници поради тоа што се на границата за исполнување на основниот услови односно возраста. Исто така било потенцирано дека Центрите за социјална работа потребно е по службена должност да ги прибавуваат потребните документи без странката да се изложува на финансиски трошоци.
  10. На инфо сесија за Социјална пензија Идрис Мустафовски исто ги презентирал начинот, условите и потребната документација за остварување на ова право.
  11. Правниот монитор од хаб Штип, Ерол Адемов ја започнал инфо сесијата со тоа што присутните ги запознал и им го презентирал Законот за социјална сигурност за старите лица. Од  дискусијата  со присутните можело да се заклучи дека има заинтересираност за аплицирање, но сепак не сите присутни ги исполнувале условите (помлади од 65 год). Тие што ги исполнувале биле упатени за понатамошна постапка во однос на документацијата и институциите каде што  треба да се обратат.

Покрај инфо сесијата со задолжителна тема Социјална пензија правните монитори имаа за задача да изработат уште една инфо сесија по избор на права од социјална и детска заштита. Правните монитори во 11 општини ги изработија следниве инфо сесии:

  1. Алмира Кагури одржа инфо сесија на тема Детски додаток. Од нејзина страна било објаснето категорија граѓани ги опфаќа ова право, условите што треба да бидат исполнети за да се аплицира, како се аплицира, како се пополнува барањето и кои пропратни документи треба да се испратат за уживање на ова право итн.
  2. Правниот монитор од хаб Куманово, Муарем Шакировски на инфо сесијата на тема ГМП за лица без документи како вовед објаснил за тоа кои се лицата без документи, кои во Куманово воглавном се лица кои се преселиле во Република Северна Македонија од Косово за време на војната. Овие лица се пожалиле дека иако се запишани во посебната матична книга сепак не успеваат да ги остварат правата. На оваа средба од страна на правниот монитор се објаснило правото од социјална заштита ГМП и неговата правна рамка. Било елаборирано дека и лицата без документи кои се запишани во посебната матична книга можат да го користат ова право. После оваа елаборација било појаснето дека канцеларијата (хаб Куманово) е отворена за помош на лицата за аплицирање за ГМП и други права од социјална заштита.
  3. Ервин Мамути од Топаана/ Чаир на заедницата им објаснил за правото од детска заштита Образовен додаток. На заедницата односно на родителите им беше објаснета постапката и законот за Образовен додаток како и начинот на остварување на ова право. Во текот на средбата се дискутираше околу начинот на поднесување и времето колку се чека за одбрување на образовен додаток исто така им беше кажано дека децата треба да се редовни во училиште за да го остварат ова право. На дел од родителите им е јасно за постапката и веќе неколку се корисници на тоа право, дел од нив не можат да ги пополнуваат документите.
  4. Сејнур Сефер од хабот во Шуто Оризари исто така одржил инфо сесија во која на заедницата и објаснувал за тоа како се остварува правото на Додаток за образование. На оваа инфо сесија биле поканети родители коишто имаат деца и одат во училиште како браќа и сестри на истата таргет група од деца коишто посетуваат училишна настава. Прашањата на заедницата која биле за тоа дали вработени или невработени родители можат да аплицираат, дали за време на распустот исто така им се исплаќа и до колку години може да го уживаат истото право, дали може истовремено да земаат две бенефиции од страна на државата ( правото на користење на детски додаток и додаток за образование или лицата коишто веќе се приматели на ГМП). Како заклучок од оваа инфо сесија е тоа дека заедницата која присуствувала на оваа инфо сесија сака да аплицира за да го уживаат правото на додаток за образование/образовен додаток и сакаат да го остварат со техничка поддршка на канцеларијата (хаб Шуто Оризари).
  5. Орнела Гани, правна мониторка од хабот во Ѓорче Петров одржала инфо сесијата со тема Право на траен надоместок во која било објаснето за тоа која е процедурата и условите за остварување на ова право. На средбата од страна на заедницата било прашувано дали може да аплицираат за повеќето права од социјална заштита.
  6. На инфо сесијата поврзана со темата Ослободување од партиципација правниот монитор од хаб Велес Томе Трајков ги информирал присутните дека во зависност од материјалната состојба на семејството се обезбедува партиципација во трошоците за згрижување и воспитание и одмор и рекреација на деца во јавна установа за деца. Тој понатаму елаборирал за условите и постапката за остварување на ова право.
  7. Ќефајет, правната мониторка од хаб Гостивар одржала инфо сесија на темата Надоместок за помош и нега од друго лице. Правната мониторка на оваа инфо сесија најпрвин ги презентирала условите, критериумите, потребната документација како и месечниот износ кој се добива со ова социјално право. Исто така присутните биле информирани за тоа кои лица можат да го остварат ова право, кои се потребните документи, колкав е месечниот износ доколку се оствари ова право, во која институција треба да се обратат итн.
  8. Правниот монитор од хаб Неготино на инфо сесијата на тема ГМП го образложил правилникот за начинот на остварување на ова право од социјална заштита. Понатаму од страна на Сафет било објаснето како се утврдува состојбата на приходите, имотот и имотните права на домаќинството, определувањето кој ќе биде носителот на правото и образецот на барањето и потребната документација.
  9. Правниот монитор од хаб Прилеп Џенгис Бериша одржа инфо сесии на темите Додаток за образование и Право на стипендија за Роми биле ученици и студенти кои директно се засегнати со темата. За темата Додаток на образование им било пренесено дека барањето за остварување на правото за додаток за образование со потребната документација се поднесува до надлежниот Центар за социјална работа и тоа од 1 септември  во тековната година заклучно со 31 март во наредната година. Додека пак за темата Право на стипендија за Роми им биле објаснети општите услови, критериумите за доделување, како постигнат успех на студентот/ученикот, редовноста и друго, висината како и начинот и постапката, како и роковите за аплицирање.
  10. Идрис Мустафовски од Крива Паланка одржа инфо сесија на која на заедницата им го презентираше правото на  Еднократна парична помош. Тој објаснил за начинот, условите и потребната документација за остварување на ова право.
  11. На инфо сесијата за Додаток за образование, правниот монитор од хаб Штип Ерол Адемов ги запознал присутните со вовед и презентација на Законот за заштита на деца за додаток за образование, Од  дискусијата  со присутните на крајот можело да се заклучи дека има заинтересираност за аплицирање, и ги исполнуваат условите. Тие што ги исполнувале условите биле упатени за понатамошна постапка во однос на документацијата и институциите каде што  треба да се обратат. Договорено било  присутните да пренесат на свои познаници коишто можат да користат додаток за образование. Им биле поделени визит картички на потенцијалните кандидати за да обратат до хабот во Штип или да контактираат со правниот монитор.

Од сите спроведените инфо сесии може да се извлече заклучокот дека ромската заедница е заинтересирана да учествува во активности во кои може да добие информации за тоа како да си ги остварат правата од социјална и детска заштита. Често пати тие немаат информации за тоа кои се начинот, условите и потребната документација за остварување на одредено право. На овие инфо сесии ромската заедница беше уверена од страна на правните монитори дека можат да ги контактираат за да им помогнат во процесот на аплицирање доколку ги исполнуваат условите за тоа.